Трка околу Баскија 2013
велосипедска трка во Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трката околу Баскија 2013 било 53. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Започнала на 1 април и завршила на 6 април, составена од шест етапи, вклучувајќи го и поединечниот хронометар. Била деветта трка во сезоната на Светска турнеја на UCI 2013.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 9 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 1–6 април 2013 | ||
Етапи | 6 | ||
Растојание | 833,1 км | ||
Време | 21ч 39' 35" (23,9 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Мовистар Тим) |
Втор | ![]() |
(Тим Скај) | |
Трет | ![]() |
(Тим Скај) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Тим Скај) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Каха Рурал-Сегурос РГА) |
![]() |
Спринтерски | ![]() |
(Каха Рурал-Сегурос РГА) |
Екипен | Мовистар Тим | ||
← 2012 2014 → |
Трката била освоена од Колумбиецот Наиро Кинтана од екипата Мовистар Тим, откако стекнал доволно време на последната хронометарска етапа да се помести пред предводникот на трката Серхио Енао од Тим Скај. Кинтана, победник на кралската етапа на трката, четвртата етапа до Еибар-Арате, доцнел шест секунди по етапата, но ја свртел оваа разлика во своја корист и победил на трката со 23 секунди предност пред колегата на Енао Ричи Порт. Исто така, Кинтана го освоил бодовниот пласман на последната етапа, надминувајќи го Енао и во тој пласман. Порт, победник на петтата етапа, ја започнал етапата на третото место, но и тој го поминал Енао, кој на крајот завршил како трет. Победникот на третата етапа ја завршил трката 11 секунди зад Порт и 34 секунди зад неговиот сонародник Кинтана.
Другите маички на трката завршиле кај возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Аметс Чурука; со нив се здобил на бегството на воведната етапа и оттогаш Чурука водел во планинскиот и спринтерскиот пласман, со што и на крајот ги освоил точкастата и портокаловата маичка соодветно. Екипниот пласман го освоила екипата Мовистар Тим, откако Бењат Инчаусти влегол во првите десет во генералниот пласман, како и Кинтана.