Каха Рурал-Сегурос РГА
шпанска велосипедска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Каха Рурал-Сегурос РГА (шпански: Caja Rural-Seguros RGA; кратенка според UCI: CJR) — професионална континентална велосипедска екипа, спонзорирано главно од Групо Каха Рурал, шпанска банкарска групација. Екипата учествува на трки од Европската турнеја и Светската турнеја, кога добива специјални покани. Седиштето на екипата се наоѓа во Памплона, Навара, Шпанија, но нејзините работилници, гаражата и магацините се наоѓаат во Алзасуа, Навара.[1] Иако Каха Рурал била активна во професионалниот велосипедизам во 1980-тите години, се ограничиле на аматерско ниво по 1989 година. Каха Рурал повторно настапила на професионалните трки во 2010 година.
![]() | ||
UCI код | CJR | |
---|---|---|
Лоциран | Шпанија | |
Основан | 2010 (2010) | |
Статус | професионална континентална | |
Велосипеди | ВиВЕЛО (2012–2014) Фуџи (2015– ) | |
Извршен директор | Хосе Мануел Ернандес | |
Спортски директор | Еугенио Гоикечеа | |
1988 2005–06 2010–Feb 2013 фев 2013– | Каха Рурал-Орбеа Каику Каха Рурал Каха Рурал-Сегурос РГА | |
| ||
Во февруари 2013 година било објавено дека екипата добива коспонзор и станал позната како Каха Рурал-Сегурос РГА од 21 февруари 2013 година.[2]