издание 2017 на велосипедската трка Џиро д’Италија 2017 From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2017 (позната и како Трка околу Италија 2017) — 100. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 5 и 28 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 100. Џиро д’Италија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 5 – 28 мај | ||
Растојание | 3.609,1 км | ||
Држави | Италија Швајцарија | ||
Поаѓалиште | Алгеро | ||
Одредиште | Милано | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 195 | ||
Возачи на крај | 161 | ||
Просечна брзина | 39,84 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Том Димулен (Тим ДСМ) | ||
Второпласиран | Наиро Кинтана (Мовистар) | ||
Третопласиран | Винченцо Нибали (Бахреин Викториус) | ||
Бодовен | Фернандо Гавирија (Судал Квик-Степ) | ||
Планински | Микел Ланда (Инеос Гренадиерс) | ||
Спринтерски | Даниел Теклехајманот (Дименжн Дата) | ||
Младински | Боб Јунгелс (Судал Квик-Степ) | ||
Екипен | Мовистар | ||
Team points | Судал Квик-Степ | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Трката била прва од големите трки во сезоната. Започнувала на 5 мај во Алгеро на островот Сардинија,[3] а завршувала на 28 мај во Милано.
Трката била освоена од Том Димулен, кој станал првиот Холанѓанец кој победил на Џиро.[4]
Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Секоја екипа се очекувало да започне со девет возачи, освен Астана, со осум возачи, поради смртта на Микеле Скарпони.[6]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити за победа пред трката биле: Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), Герајнт Томас и Микел Ланда (Тим Скај), Стевен Краусвајк (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (ФДЖ), Том Димулен (Тим Санвеб), Адам Јејтс (Орика-Скот), Бауке Молема (Трек-Сегафредо), Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин), Тиџеј ван Гардерен (Ванти-Груп Гобер).[7][8][9]
Пред самиот почеток на Џиро д’Италија, UCI објавил дека двајца возачи на Бардијани-ЦСФ, Стефано Пираци и Никола Руфони,[10] кои биле позитивни на хормони за раст пронајдени во примероци собрани на 25 и 26 април 2017 година.[11]
Бидејќи екипата ги прекршила правилата во текот на дванаесет месечен период, UCI размислувала да го употреби членот 7.12.1 од своите правила за антидопинг, со што екипата би добила суспензија од 15 до 45 дена — доведувајќи го во прашање нивното учество на Џиро.[12][13]
Детали за првите три етапи на трката биле откриени на конференција за печат на 14 септември 2016 година. Остатокот од рутата бил претставен од директорот на трката Мауро Вењи на 25 октомври 2016 година.[3] Меѓутоа, организаторите RCS Sport ја објавиле рутата на нивната официјална страница еден ден пред официјалната презентација.[14]
Планирани биле 21 етапа со вкупно растојание од 3.609,1 километар,[15] 142 километри подолго отколку Џиро 2016. Најдолга етапа ќе била дванаесеттата етапа со 229 километри,[15] додека четиринаесеттата етапа со 131 километар ќе била најкратка.[15] Трката имала вкупно 69,1 километар во поединечни хронометри[15] и пет завршници на нагорнина: етапата 4 до Етна; етапата 9 до Мајела; етапата 14 до Оропа; етапата 18 до Ортизеи и етапата 19 до Пјанкавало. Чима Копи (највисока точка на трката) ќе биде Стелвио, на кој ќе се помине на шеснаесеттата етапа.[16]
Етапите биле категоризирани на четири начини од страна на организаторите на трката; хронометри, лесни, средни и тешки етапи.[15]
На Џиро д’Италија 2017 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2017 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[17][18]
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бодови за Чима Копи | 45 | 30 | 20 | 14 | 10 | 6 | 4 | 2 | 1 |
Бодови за категорија 1 | 35 | 18 | 12 | 9 | 6 | 4 | 2 | 1 | 0 |
Бодови за категорија 2 | 15 | 8 | 6 | 4 | 2 | 1 | 0 | ||
Бодови за категорија 3 | 7 | 4 | 2 | 1 | 0 | ||||
Бодови за категорија 4 | 3 | 2 | 1 | 0 | |||||
Дополнителни бодови за МТФ | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 | 0 |
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[17] Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2017 година ќе биде превојот Стелвио.
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
етапи 1–3, 5–7, 12–13 | 50 | 35 | 25 | 18 | 14 | 12 | 10 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
етапи 8, 14–15, 17 | 25 | 18 | 12 | 8 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 | 0 | ||||
други етапи (освен ITT) | 15 | 12 | 9 | 7 |
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[17][18]
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1992 година.[17]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[17]
Го означува предводникот на генералниот пласман | Го означува предводникот на планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот на бодовниот пласман | Го означува предводникот на пласманот за млад возач |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Фернандо Гавирија (КОЛ) | Квик-Степ Флорс | 325 |
2 | Јаспер Стејвен (БЕЛ) | Трек-Сегафредо | 192 |
3 | Сем Бенет (ИРС) | Бора-Хансгрое | 117 |
4 | Даниел Теклехајманот (ЕРИ) | Тим Дименжн Дата | 100 |
5 | Лукас Пестлбергер (АВТ) | Бора-Хансгрое | 98 |
6 | Том Димулен (ХОЛ) | Тим Санвеб | 80 |
7 | Павел Брут (РУС) | Гаспром-РусВело | 76 |
8 | Кристијан Збараљи (ИТА) | Тим Дименжн Дата | 76 |
9 | Еугерт Жупа (АЛБ) | Вилиер Триестина-Селе Италија | 70 |
10 | Роберто Ферари (ИТА) | ОАЕ Абу Даби | 70 |
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Микел Ланда (ШПА) | Тим Скај | 224 |
2 | Луис Леон Санчес (ШПА) | Астана | 118 |
3 | Омар Фраиле (ШПА) | Тим Дименжн Дата | 104 |
4 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 70 |
5 | Пјер Ролан (ФРА) | Канондејл-Драпак | 70 |
6 | Илнур Закарин (РУС) | Катјуша-Алпесин | 66 |
7 | Игор Антон (ШПА) | Тим Дименжн Дата | 56 |
8 | Том Димулен (ХОЛ) | Тим Санвеб | 55 |
9 | Доменико Поцовиво (ИТА) | Аг2р-Ла Мондијал | 54 |
10 | Тибо Пино (ФРА) | ФДЖ | 53 |
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Боб Јунгелс (ЛУК) | Квик-Степ Флорс | 90ч 41' 58" |
2 | Адам Јејтс (ВБР) | Орика-Скот | + 1' 06" |
3 | Давиде Формоло (ИТА) | Канондејл-Драпак | + 8' 13" |
4 | Јан Поланц (СЛО) | ОАЕ Тим Емирати | + 11' 02" |
5 | Лауренс де Плус (БЕЛ) | Квик-Степ Флорс | + 1ч 12' 56" |
6 | Симоне Петили (ИТА) | ОАЕ Тим Емирати | + 1ч 22' 30" |
7 | Себастијан Енао (КОЛ) | Тим Скај | + 1ч 37' 00" |
8 | Франсоа Бидар (ФРА) | Аг2р-Ла Мондијал | + 2ч 01' 59" |
9 | Александар Фолифоров (РУС) | Гаспром-РусВело | + 2ч 02' 26" |
10 | Грегор Милбергер (АВТ) | Бора-Хансгрое | + 2ч 05' 30" |
Екипа | Време | |
---|---|---|
1 | Мовистар Тим | 270ч 36' 48" |
2 | Аг2р-Ла Мондијал | + 59' 46" |
3 | ФДЖ | + 1ч 19' 56" |
4 | Бахреин-Мерида | + 1ч 24' 52" |
5 | Канондејл-Драпак | + 1ч 27' 19" |
6 | ОАЕ Тим Емирати | + 1ч 59' 31" |
7 | Тим Скај | + 1ч 59' 41" |
8 | Астана | + 2ч 09' 05" |
9 | Трек-Сегафредо | + 2ч 23' 12" |
10 | Тим Санвеб | + 2ч 41' 45" |
Екипа | Бодови | |
---|---|---|
1 | Квик-Степ Флорс | 516 |
2 | ОАЕ Тим Емирати | 355 |
3 | Тим Скај | 323 |
4 | Бора-Хансгрое | 308 |
5 | Мовистар Тим | 297 |
6 | Тим Дименжн Дата | 289 |
7 | Тим Санвеб | 286 |
8 | Трек-Сегафредо | 277 |
9 | ФДЖ | 240 |
10 | Бахреин-Мерида | 239 |
Биле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Пласманот бил освоен од Даниел Теклехајманот (Тим Дименжн Дата). Друг пласман — наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Пласманот бил освоен од Микел Ланда (Тим Скај). Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Пласманот бил освоен од Павел Брут (Гаспром-РусВело). Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот. Пласманот бил освоен од Бора-Хансгрое, кои имале само 20 казнени бодови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.