Вуелта а Еспања 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вуелта а Еспања 2014 — 69. издание на велосипедската трка Вуелта а Еспања, последната од трите големи трки, која се одржала помеѓу 23 август и 14 септември 2014 година.[1] Содржела осум планински етапи, по пет ридести и рамни етапи и три хронометри (еден екипен и два поединечни), два од нив на почетокот и на крајот на трката. Херез де ла Фронтера, на јужниот шпански брег, бил домаќин на воведната етапа. Потоа, Вуелта продолжила да се движи спротивно од часовникот, преку југоисточниот и источниот дел на земјата пред да премине на север и завршила во Сантјаго де Компостела, првпат во 21 година трката да заврши надвор од Мадрид. Трката претставувала 22. настан во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2014, трка 22 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 23 август — 14 септември | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.181,5 км | ||
Време | 81ч 25' 05" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Алберто Контадор (ШПА) | (Тинкоф-Саксо) | |
Втор | Крис Фрум (ВБР) | (Тим Скај) | |
Трет | Алехандро Валверде (ШПА) | (Мовистар Тим) | |
Бодовен | Џон Дегенколб (ГЕР) | (Џајант-Шимано) | |
Планински | Луис Леон Санчес (ШПА) | (Каха Рурал-Сегурос РГА) | |
Комбиниран | Алберто Контадор (ШПА) | (Тинкоф-Саксо) | |
Екипен | Катјуша | ||
← 2013 2015 → |
Трката била освоена од шпанскиот велосипедист, Алберто Контадор, од Тинкоф-Саксо. Контадор настапил на трката несигурен за неговата форма откако паднал на десеттата етапа на Тур де Франс 2014, кршејќи ја неговата тибија. Меѓутоа, Контадор се снашол подобро отколку што очекувал, преземајќи ја црвената маичка на поединечниот хронометар (10. етапа) и освојувајќи две клучни планински етапи, загарантирајќи ја неговата победа. Ја освоил трката со една минута и 10 секунди пред второпласираниот, Крис Фрум од Тим Скај. Како Контадор, и Фрум бил несигурен за својата форма откако паднал трипати во два дена на Тур, што довело до негово откажување од трката. Меѓутоа, Фрум се опоравил дури во третата недела, завршувајќи втор на три клучни планински етапи, со што успеал да се помести на второто место во генералниот пласман. Шпанскиот возач Алехандро Валверде од Мовистар Тим го заокружил подиумот, завршувајќи 40 секунди зад Фрум и една минута и 50 секунд зад Контаро. Валверде ја освоил шестата етапа на трката, првата планинска завршница.
Во другите пласмани на трката, Џон Дегенколб од Џајант-Шимано ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман. Дегенколб освоил четири етапи, најмногу од сите возачи на трката. Сината точкаста маичка за планинскиот пласман му припаднала на Шпанецот Луис Леон Санчес од Каха Рурал-Сегурос РГА. Покрај црвената маичка, Контадор исто така ја освоил белата маичка за комбинираниот пласман. Катјуша го освоиле екипниот пласман на трката.