From Wikipedia, the free encyclopedia
Доневата афера е првата крупна провала со која се соочила Македонската револуционерна организација и прва афера која произлегла од нејзината дејност. Името го добила по Дончо Штипјанчето[1].
Уште пред Солунскиот конгрес од 1896 година година, Македонската револуционерна организација започнала засилено да се воружува, а Битолскиот окружен комитет започнал со набавка на оружје и муниција, а првенствено бомби. Ѓорче Петров истакнува:
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
На 7 април 1896 година дошло до првата афера која била предизвикана дирекно од самата Организација. Тој ден на влезот на Битола, кај црквата св. Недела, колџиите од Режијата за тутун во товарот со ориз на Дончо Штипјанчето пронашле 10 празни бомби, 150 набои за револвер и малку барут [3]. На 9 април, Даме испратил писмо до Андреј Љапчев во кое напишал:
Поради мерките на Организацијата и цврстината на Доне не дошло до поголемо проследување и провала од пошироки размери [3]. Мерки за санација од аферата презеле Битолскиот револуционерен комитет и Централниот комитет во Солун, а особено Даме Груев.
Битолскиот комитет презел голем број на превентивни мерки. Била донесена одука доколку Доне понал да издава тајни, да се ликвидира во затворот преку луѓе на Организацијата, Пере Тошев и Ѓорче Петров се засолниле, Атанас Лозанчев и Григор Попев кој во моментот на избувнвањето на аферата се наоѓале во Прилеп, го продолжиле својот престој во градот. Била воспоставена комуникација и кординација со Петар Поп Арсов, претседател на Прилепскиот комитет. Навремено бил предупреден Гоце Делчев, а дирекниот испраќач, Коце Ефремов се засолнил во Бугарија. На крај била предупредена и даскалосана жената на Доне [3].
Даме Груев на 10 април испратил ново писмо до Андреј Љапчев, во кое побарал доколку се утврди дека Гоце Делчев, кој се подготвувал да замине за Ќустендил, се наоѓа во Бугарија да се задржи зад границата. Даме информирал и за мерките на османлиската власт како и за вознемиреноста во турската средина поради откриените бомби. Во понатамошниот дел од писмото, Даме информирал дека за разлика од вознемиреноста во турската средина, откривањето на бомбите кај македонското население имало плодотворен ефект бидејќи аферата послужила како: поткрепа на самата пропагнада на делото. На 17 април 1896 година, Даме испратил ново писмо до Љапчев во кое било истакнато дека, Доне ништо не кажал кое би можело да биде компримитирачко за Организацијата, а претресите на турската власт биле неуспешни. Поради неуспехот, во турската средина се појавиле гласини дека поради интерес на истрагата, од Цариград ќе биде донесен хипнотизер за да извлече признанија од Доне.
Делчев веста за избувнувањето на аферата ја разбрал во Виница на пат за Ќустендил. Тој решил да се врати во Штип. Таму бил повикан од кајмакамот, но во отсуство на какви било конкретни докази бил ослободен. Подоцна Делчев бил затворен во скопскиот затвор Куршумли ан, но бил ослободен повторно поради недостатот на докази и му било препорачано да доаѓа повеќе во Штип.
Поради цврстината на Доне и навремените мерки од страна на Организацијата, не дошло до сериозни последици по макеоднското револуционерно движење. Сепак аферата го свртила вниманиетоо кон Делчев и власта разбрала дека во Штип и Битола постои заговор. Меѓутоа аферата им дала куражна сите. Доне станал синоним за истрајност на македонското население. Ѓорче Петров истакнува:
Неговата цврстината била опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, херојството на Дончо е воспеано и од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.