друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Жилбер (француски: Philippe Gilbert; р. 5 јули 1982 ) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој е најпознат по освојувањето на друмската трка на Светските друмски првенства во 2012,[4] и еден од двајцата возачи, заедно со Давиде Ребелин, кои имаат победено на трите арденски класици - Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж – во една сезона; овој потфат го постигнал во 2011.[5] Исто така, Жилбер ја завршил сезоната 2011 како конечен победник на Светската турнеја.[6]
Жилбер на Тур де Франс 2017 | |||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Филип Жилбер | ||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Вепар на Ардените[1] | ||||||||||||||||||||||||||
Роден | 5 јули 1982 Вервје, Белгија[2] | ||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,79 м[3] | ||||||||||||||||||||||||||
Маса | 69 кг[3] | ||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | ||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||
2003–2008 2009–2011 2012–2016 2017-2019 2020-2022 | FDJeux.com Сајленс-Лото Аксент.џобс-Вилемс Веранда Квик-Степ Флорс Лото-Судал | ||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||
|
Како специјалист за класици, Жилбер има освоено неколку класични велосипедски трки, вклучувајќи ги Париз-Тур (2008, 2009), Џиро ди Ломбардија (2009, 2010), Амстел Голд Рејс (2010, 2011, 2014, 2017), Флеш Валон (2011), Лиеж-Бастон-Лиеж (2011), Класика де Сан Себастијан (2011), Трка околу Фландрија (2017) и Париз-Рубе (2019). Во 2017 година, Жилбер станал трет возач зад Еди Меркс (1975) и Јан Рас (1979), кои ги освоиле Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година.
Исто така, има освоено етапи на секоја од трите големи трки; има освоено една етапа на Џиро д’Италија во 2009 и две во 2015, етапа на Тур де Франс во 2011 и седум етапи на Вуелта а Еспања, освојувајќи две во 2010 и 2012, една во 2013 и две во 2019.
Жилбер се повлекол како професионалец по трката Париз-Тур 2022.[7] Го прославил своето повлекување на Фалкенбург на Геул каде станал светски првак и освоил четири трки Амстел Голд Рејс. Бил почестен со мурал во пештерите на Кауберг.[8]
Жилбер моментално живее во Монако.[9] Со неговата поранешна жена Патриција има два сина: Алан (р. 2010)[10] и Александар (р. 2013).[11][12]
Помладиот брат на Жилбер, Жером, е исто така велосипедист.[13]
Во текот на Светското друмско првенство 2021 во Фландрија бил избран на четиригодишен мандат како претставник за друмскиот велосипедизам во Комисијата на спортистите на Меѓународниот велосипедистички сојуз, освојувајќи 66% од гласовите.[14]
Жилбер станал професионален возач во 2003 со приклучувањето во FDJeux.com по возењето како практикант за тимот од крајот на 2000. Во текот на оваа сезона тој ја освоил својата прва победа на една етапа од Тур де л’Авенир. Во 2004 тој започна со победа на една етапа на трката Тур Даун Андер, како и во пласманот за млад возач. Тој учествуваше на машката друмска трка на Летните олимписки игри 2004, каде заврши како 49-ти. Тој, исто така, победи и на Париз-Корез. Во 2005 тој освои неколку трки во Франција, кои му дозволија да победи на францускиот друмски велосипедски куп. Овие победи ги вклучуваат и Трофи де Гримпор, Тур ду Хаут-Вар и Полинорманди. Исто така, освоил и етапи на Четири дена Динкерк и Трка околу Средоземјето.
2006 стана неговата најуспешна година, кога ја освои престижната Омлоп Хет Фолк по постојано напаѓање, сè додека не се одвои сам во последните 7 километри.[15] Во текот на сезоната, победи и на ГП де Фурми и ГП де Валони, како и етапите на Дофине Либере и Енеко Тур.
На почетокот на 2007 тој отстрани лезија од рак на кожа на неговиот бут.[16] Поради ова тој мораше да го одложи почетокот на неговата сезона. Но, тоа не го спречи да се обидува себеси за време на Милано-Санремо, каде што успеал да побегне на Поџио со Рикардо Рико, пред да бидат фатени на 1.200 метри пред крајот. Тој не можеше да освои ниедна трка во сезоната, сè до Тур де Лимузин, каде што ја освои својата единствена победа во 2007 со победа на етапа. На Париз-Тур тој беше фатен на 500 метри пред целта, заедно со Карстен Крон и Филипо Поцато.
Жилбер ја започнал 2008 со освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер и вкупниот пласман, како и две етапи на Вуелта а Мајорка. Исто така, завршил и трет на Милано-Санремо, остварувајќи го неговиот прв подиум. Подоцна победил и на Хет Фолк по вторпат во неговата кариера, по соло нападот на скоро 50 километри пред крајот. Четири дена подоцна го освоил и ГП Самин. Ја завршил годината со победа на класикот Париз-Тур во завршниот спринт, каде победил помеѓу тројца сериозни конкуренти. Групата завршила само четири секунди подоцна.
Во 2009 тој се придружува на Сајленс-Лото да го води белгискиот тим во класиците, завршувајќи трет на Трка околу Фландрија и четврти на обете Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Исто така, ја освоил и својата прва етапа на Гранд Тур, победувајќи на 20-та етапа на Џиро д’Италиа[17] и освоил етапа и генералниот пласман на Стер Електротоер. Подоцна во сезоната, повторно го освоил Париз-Тур, напаѓајќи на последното искачување со Том Бонен и Борут Божич пред да ги отспринта на линијата. Недела дена подоцна, ја освоил и престижната трка Џиро ди Ломбардија по бегањето од групата со Самуел Санчес, победувајќи го него на крајот за една половина. Тоа било негова четврта последователна победа во 10 дена по победувањето на Копа Сабатини, Париз-Тур и Џиро дел Пиемонт. На крајот на сезоната, бил награден со наградата Фландриец на годината, со што бил признаен како најдобар белгиски возач на годината.[18]
Во 2010 го освојува својот прв класик во годината, Амстел Голд Рејс, во април. По агресивната трка со многу напади, тој ја освоил трката по силен напад во последните 500 метри од искачувањето пред целта, удобно победувајќи со неколку метри разлика од групата.[19] Исто така, ја освоил и неговата прва етапа на Трка околу Белгија. Жилбер ја завршил сезоната 2010 во одлична форма. Следеле две етапни победи на Вуелта а Еспања со победите на Џиро дел Пиемонт и Џиро ди Ломбардија, повторувајќи ги неговата две победи во 2009 на двете трки. Џиро ди Ломбардија ја освоил со соло напад во немилосрдни временски услови.[20]
Во 2011, Филип Жилбер ја освоил Монтепаски Страде Бјанче, трка која вклучува 70 километри по чакал. Тој, тогаш, имаше четири пати последователни победи: прво ја освои Брабант трка, потоа повторно како победник на Амстел Голд Рејс, победувајќи повторно на Кауберг. Три дена подоцна, ја освои и Флеш Валон победувајќи ги неговите конкуренти на последното искачување и конечно ја победи и Лиеж-Бастон-Лиеж, победувајќи ги браќата Шлек во спринт. Жилбер, така, стана вториот возач, по Давид Ребелин во 2004, кој успеал да победи на трите арденски класици во една година.[21] Во текот на првата половина на сезоната тој освои и етапи на Волта ао Алгарве, Тирено-Адриатико, како и генералниот пласман и етапа на обете Трка околу Белгија и Стер ЗЛМ Тур.
На крајот на јуни, победи и на белгиското национално друмско првенство.[22] Во јули на првата етапа во должина од 191,5 километри на Тур де Франс 2011, победувајќи го Кадел Еванс за три секунди, со што стана и првата личност, која ја облече жолтата маичка како вкупен водач.[23] Тој ја загуби маичката на екипниот хронометар следниот ден, но сепак ја носеше зелената маичка и точкестата маичка по втората етапа. По една недела по крајот на трката, Жилбер ја освои Класика де Сан Себастијан, и во средината на Август, ја освои и третата етапа на Енеко Тур, освојувајќи ја неговата 15. победа во годината.
Во септември Жилбер победил на Гран при Квебек и го преземал водството во Светската турнеја на UCI со предноста од 80 бода кои му ја донеле победата.[24] По овој резултат, следело третото место на подиумот на Гран при Монтреал, и покрај тоа што изјавил дека не постоел притисок по победата во Квебек. Со тој пласман, Жилбер добил дополнителни 50 бода и го зацврстил водството.[25] Се тркал и на италијанскиот класик во октомври, Џиро ди Ломбардија, освојувајќи го осмото место, откако отпаднал на последното искачување.[26] На крајот ја завршил сезоната прв во пласманот на Светската турнеја, со 718 бода, додека неговиот најблизок соперник Кедел Еванс добил 584 бода.[27] Освоил 18 трки во сезоната, повеќе од било кој друг велосипедист во професионалниот велосипедизам.[28]
Жилбер бил назначен за член на првита Комисија на спортистите на UCI во 2011 година.[29]
Во 2012, Жилбер возел за Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[30] Негови цели за неговата нова екипа биле да настапи добро на пролетните класици и да му помогне на колегата Кедел Еванс да го повтори неговиот подвиг од 2011 со освојување на Тур де Франс.[28] Ниедна од нив не се оствариле, бидејќи најдобриот резултат на еднодневните пролетни трки било третото место на Флеш Валон, каде бил поминат на последното искачување од Хоаким Родригес, кој го освоил историскио Мур де Хуј со мала разлика од 4 секунди.[31] Три дена претходно го освоил шестото место на Амстел Голд Рејс.[32] Пропуштил да ја оствари својата цел да му помогне на Кедел Еванс да дојде во жолто во Париз и неговиот најдобар пласман на етапа на Тур де Франс било четвртото место.[28] Исто така ги изгубил двете титули на белгиските национални првенства кои ги имал, друмската трка и поединечниот хронометар, завршувајќи како трет на хронометарската трка.[33]
На 26 август 2012, Жилбер конечно успеал да дојде до првата победа во сезоната со освојувањето на деветтата етапа на Вуелта а Еспања откако заминал во бегство заедно со Хоаким Родригес.[34] Подоцна ја остварил втората победа на трката, освојувајќи ја етапата деветнаесет на 7 септември.[35]
На 23 септември 2012, Жилбер ја освоил друмската трка на светското првенство и маичката виножито, пред Едвалд Боасон Хаген и Алехандро Валверде предизвикувајќи масовен налет на последното искачување на Кауберг.[36]
Во 2013 година, Жилбер се упатил на Светските првенства без ниедна победа во својата виножито-маичка, во опасност за прва сезона без победи откако станал професионалец во 2003. Заминал на Вуелта со надеж дека втора година по ред, трката ќе биде отскочна даска за неговата сезона. Откако бил тесно поразен во спринт од Здењек Штибар на седмата етапа,[37] Жилбер конечно стигнал до победа во боите на виножитото кога го достигнал и поминал Едвалд Боасон Хаген за победа на етапата 12.[38]
Во 2014, Жилбер ја повратил неговата претходна форма кога во пролетта по вторпат ја освоил Брабант Пејл и по третпат Амстел Голд Рејс.
Жилбер завршил трет на Брабантсе Пејл, неколку секунди зад колегата Бен Херманс.[39] На Амстел Голд Рејс, Жилбер не можел да ја повтори победата од 2014 година и стигнал на десеттото место на крајот, по нападот на последното искачување на трката, Кауберг.[40] Следната среда, Жилбер паднал на Флеш Валон.[41] Подоцна, учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж иако бил малку повреден и се одржал во главната група до Кот де Сен Николас, каде отпаднал и завршил на 36. место.[42] Стигнал до првата победа во сезоната на Џиро д’Италија, победувајќи ја водечката група на остра нагорнина на крајот на дванаесеттата етапа.[43] Ја повторил победата на осумнаесеттата етапа, каде учествувал во рано бегство. Откако отпаднал на последното искачување на етапата, се вратил до остатоците од бегството по спустот и ги нападнал за победа.[44]
Жилбер ја освоил својата прва победа во февруари на еднодневната трка Вуелта а Мурсија, победувајќи во спринт од четворица.[45] Во јуни повторно го освоил националното друмско првенство.
По пет сезони со БМЦ, Жилбер се приклучил на Квик-Степ Флорс за сезоната 2017.[46] Жилбер завршил втор на Дварс дор Вландерен зад колегата Ив Ламперт. Двоецот го направил одлучувачкиот потег заедно со Алексеј Луценко од екипата Астана и возачот на Орика-Скот, Лук Дарбриџ,[47] пред Ламперт да нападне на 7,5 километри пред целта и на крајот да ја освои трката со 39 секунди пред Жилбер, кој испринтал пред Луценко и Дарбриџ за второ место. Подоцна истата недела во трочлен спринт на белгиски возачи, Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) ја освоил Е3 Харелбеке пред Жилбер и возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Оливер Несен.[48] Следната седмица, Жилбер ја освоил Три дена Де Пане по нападот на Мур ван Герардсберген на воведната етапа на трката и однел победа со 17 секунди пред најблискиот соперник.[49] На крајот ја освоил трката со 38 секунди пред возачот на Трек-Сегафредо, Матијас Брендле, заедно со спринтерскиот пласман, главно поради неговиот напад од првиот ден.
Три дена подоцна, ја освоил Трката околу Фландрија со соло-бегство во последните 55 километри.[50] Жилбер станал прв возач во дваесет години кој ги освоил обете Трка околу Фландрија и Лиеж-Бастоњ-Лиеж во неговата кариера. Две недели подоцна ја освоил и Амстел Голд Рејс по четврти пат и станал само трет возач кој ги освоил Трката околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година. Другите двајца биле Јан Рас и Еди Меркс. Подоцна било соопштено дека ја освоил трката, иако последните 130 километри на трката ги возел со помали проблеми на бубрегот. Повредата барала болнички третман по трката и го отстранила од настап на Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[51]
На етапата 16 на Тур де Франс, Жилбер бил вклучен во спектакуларна несреќа при спуст, кога излетал преку ѕид, при што се здобил со исекотини и го повредил коленото. Ова се случило на истиот пат каде Фабио Казартели починал во 1995 година на Тур де Франс. Жилбер се искачил и се качил на неговиот велосипед, извозувајќи ги преостанатите 57 километри до завршницата во Бањер де Лишон, поради што ја добил наградата најборбен возач, но ја завршил трката.[52]
Во април 2019 година, Жилбер победил на Париз-Рубе во спринт пред Нилс Полит, со што стигнал до пет титули на монументите.[53] На Вуелта а Еспања 2019, Жилбер ја освоил етапата 12 до Билбао, откако ги претекнал другите од бегството, стигнувајќи до целта сам.[54] На етапата 17 во Гвадалахара, Жилбер повторно бил победоносен. На етапата на која дувале накрсни ветрови, неговиот екипа наметнала темпо и му дозволила спринтерска завршница. Просечната брзина од 50,63 км/ч ја прави најбрза друмска етапа на растојание над 200 километри на некоја голема трка.[55]
Во август 2019 година, Жилбер потпишал тригодишен договор со екипата Лото-Судал од сезоната 2020 натаму.[56]
СО = се откажал; — = не учествувал
Оваа табела ги покажува резултатите на Филип Жилбер во големите класици.
Монумент | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 14 | 6 | 32 | 21 | 3 | 23 | 9 | 3 | 87 | 32 | 13 | 55 | — | 29 | 75 | 68 | 9 | 72 | 144 | |
Трка околу Фландрија | СО | — | — | — | 25 | 15 | 3 | 3 | 9 | 75 | — | — | — | — | 1 | 3 | СО | — | — | — | |
Париз-Рубе | — | — | — | — | 52 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 15 | 1 | НСО | 29 | 30 | |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | СО | 40 | — | 38 | 16 | 92 | 4 | 3 | 1 | 16 | 7 | 8 | 36 | — | — | 31 | 58 | — | 102 | 46 | |
Џиро ди Ломбардија | — | — | 74 | — | — | — | 1 | 1 | 8 | СО | 20 | 7 | 33 | 34 | 27 | — | 54 | — | — | — | |
Класична трка | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
Омлоп Хет Ниусблад | — | НСО | 21 | 1 | 11 | 1 | 15 | 26 | 43 | 31 | — | — | 8 | СО | 13 | 5 | 8 | 8 | 5 | 40 | |
Курне-Брисел-Курне | 17 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 49 | — | 61 | — | — | — | — | — | |
Страде Бјанке | трката не постоела | — | — | — | — | 1 | 48 | — | — | — | — | — | 36 | — | 25 | — | — | ||||
Е3 Саксо Банк Класик | — | — | — | СО | — | 7 | — | — | — | СО | 48 | — | — | — | 2 | 2 | 11 | НСО | СО | — | |
Гент-Вевелгем | — | — | — | 29 | 45 | 62 | — | 3 | 36 | 39 | 42 | — | — | — | — | 17 | 22 | — | СО | — | |
Дварс дор Вландерен | — | 76 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 2 | — | СО | НСО | — | — | |
Брабантсе Пејл | — | — | — | — | СО | 2 | 9 | 5 | 1 | 12 | 2 | 1 | 3 | — | 15 | — | — | — | — | СО | |
Амстел Голд Рејс | — | 34 | — | 69 | — | 29 | 4 | 1 | 1 | 6 | 5 | 1 | 10 | 81 | 1 | 13 | 30 | НСО | — | 58 | |
Флеш Валон | — | 69 | — | 21 | 19 | — | 35 | 6 | 1 | 3 | 15 | 10 | СО | 91 | — | 24 | — | — | 70 | — | |
Класик Лондон-Сари | трката не постоела | — | — | — | 4 | 16 | — | — | — | 59 | НСО | ||||||||||
Хамбуршки класик | — | 13 | — | 31 | 80 | — | 49 | 33 | — | — | — | — | 30 | — | — | — | — | НСО | — | ||
Класика де Сан Себастијан | — | — | — | — | 84 | 89 | — | 43 | 1 | — | 27 | СО | 2 | 58 | СО | — | — | НСО | — | — | |
Гран при де Фурмје | — | 36 | 18 | 1 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | ||
Класик Бретања | — | 22 | 13 | 22 | — | — | 19 | 43 | 57 | — | — | — | 51 | — | 43 | — | — | — | — | 18 | |
Гран при Квебек | трката на постоела | — | 1 | — | — | — | 7 | — | — | — | — | НСО | — | ||||||||
Гран при Монтреал | — | 3 | — | — | — | 9 | — | — | — | — | — | ||||||||||
Бриселски велосипедски класик | — | 2 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 4 | — | |
Париз-Тур | 33 | 12 | 25 | 13 | 27 | 1 | 1 | 63 | 67 | — | — | — | — | — | — | 8 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Настан | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Хронометар | не се одржале | — | не се одржале | — | не се одржале | 17 | не се одржале | — | не се одржале | — | не се одржале | |||||||||
Друмска трка | 49 | — | 19 | 42 | — | ||||||||||||||||
Светски првенства | Друмска трка | СО | СО | 77 | 92 | 8 | 15 | 6 | 18 | 17 | 1 | 9 | 7 | 10 | — | 17 | — | СО | — | — | — |
Екипен хронометар[б 1] | не се одржал | 2 | — | — | — | — | 4 | — | не се одржал | ||||||||||||
Европски првенства | Друмска трка | не се одржале | 8 | — | — | — | — | СО | — | ||||||||||||
Национални првенства | Хронометар | — | — | — | — | 2 | 6 | — | — | 1 | 3 | 2 | 4 | — | 11 | — | — | — | — | — | — |
Друмска трка | — | — | — | 2 | 3 | 24 | 2 | 2 | 1 | 54 | 6 | 44 | — | 1 | 40 | 2 | 4 | 22 | 25 | 36 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Жилбер бил обвинет за користење кортизон од анонимен поранешен колега во Лото во текот на одличниот период за него во Лото-Белисол, што Жилбер остро го отфрлил.[66]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.