Волта а Каталуња 2016
издание во 2016 година на велосипедската трка Волта а Каталуња / From Wikipedia, the free encyclopedia
Волта а Каталуња 2016 — 96. издание на друмската велосипедска етапна трка Волта а Каталуња, која се одржува во Каталонија, Шпанија. Трката започнала на 21 март, а завршила во Барселона на 27 март 2016 година. Претставувала петта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 96. Волта а Каталуња | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 2.UWT | ||
Етапи | 7 | ||
Датуми | 21 – 27 март | ||
Растојание | 1.219,6 км | ||
Држава | Шпанија | ||
Поаѓалиште | Калеља | ||
Одредиште | Барселона | ||
Екипи | 24 | ||
Возачи на почеток | 191 | ||
Возачи на крај | 126 | ||
Просечна брзина | 39,548 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Наиро Кинтана (Мовистар) | ||
Второпласиран | Алберто Контадор (Тинкоф) | ||
Третопласиран | Даниел Мартин (Судал Квик-Степ) | ||
Планински | Томас де Гент (Лото-Судал) | ||
Спринтерски | Томас де Гент (Лото-Судал) | ||
Младински | Хју Карти (Каха Рурал-Сегурос РГА) | ||
Екипен | ССС Team | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Трката вклучувала седум етапи. Две од етапите имаат завршница на нагорнина, па така фаворити за трката биле сите специјалисти за искачување. Меѓу нив се вбројувале: Крис Фрум (Тим Скај), Алберто Контадор (Тинкоф) и бранителот на титулата Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер): трката била прва на која настапиле повеќемина кои се очекувале да настапат на големите трки подоцна во сезоната.
Била освоена од Колумбиецот Наиро Кинтана.