Светска турнеја на UCI 2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светска турнеја на UCI 2016 — осмо издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година. Турнејата ќе започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 19 јануари, а ќе заврши со екипниот хронометар на Светското првенство на 9 октомври. Шпанецот Алехандро Валверде ќе биде двократен бранител на титулата.
Осмо издание на Светска турнеја на UCI | |
![]() Лого на Светската турнеја | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 19 јануари – 1 октомври |
Места | Европа, Канада и Австралија |
Трки | 27 |
Прваци | |
Поединечен пласман | Петер Саган (Словачка) (Тинкоф) |
Екипен пласман | Мовистар Тим |
Државен пласман | Шпанија |
← 2015 2017 → |
Валверде не успеал да ја одбрани титулата, откако завршил како четврти во генералниот поединечен пласман. Титулата по првпат ја освоил словачкиот велосипедист Петер Саган за екипата Тинкоф, освојувајќи 669 бодови во текот на сезоната. Ова ги вклучувало победите на Гент-Вевелгем, Трката околу Фландрија и Гран при Квебек. Второто место му припаднало на колегата на Валверде од Мовистар Тим, Наиро Кинтана, 60 бодови зад Саган; Кинтана исто така освоил три трки во генералниот пласмна: Волта а Каталуња, Тур де Романди и завршната голема трка, Вуелта а Еспања. Третото место во поединечниот пласман го освоил Крис Фрум (Тим Скај), 45 бодови зад Кинтана и 105 бода зад Саган. Фрум освоил две победи во Франција во текот на сезоната на Светската турнеја, освојувајќи ги Критериум ди Дофине, како и Тур де Франс.
Имало и два други подпласмани. Во екипниот пласман, Мовистар Тим завршила на врвот четврта година по ред, освојувајќи 1471 бод. Второто место го освоила Тинкоф, 110 бода зад нив, додека Тим Скај завршил на третото место. Националниот пласман бил освоен од Шпанија, со бодовна предност од 29 од Колумбија, додека Велика Британија имала 400 бода помалку од Шпанија за третото место.