Канада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Канада (анг. и фр. Canada) — федеративна држава во Северна Америка составена од 10 покраини и 3 територии. Канада е парламентарна демократија и уставна монархија на кралот Чарлс III во рамките на Комонвелтот. По површина, таа е втора земја во светот.
Канада Canada
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: A Mari Usque Ad Mare (латински) „Од море до море“ |
||||||
Химна: "О, Канада" Кралска химна: „Боже, чувај го Кралот“ |
||||||
Главен град | Отава 45°24′N 75°40′W | |||||
Најголем град | Торонто | |||||
Службен јазик | Англиски, Француски | |||||
Признаени регионални јазици | инуктитут, инуинактун, кри, чипевјански, гвичински, инувиалуктун, слејвиски, кучешкобочен | |||||
Демоним | Канаѓанец | |||||
Уредување | Парламентарна демократија и уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Мари Симон | ||||
• | Премиер | Џастин Тридо | ||||
Основање | ||||||
• | Британска одредба за Северна Америка | 1 јули 1867 | ||||
• | Вестминстерски статут | 11 декември 1931 | ||||
• | Канадска одредба | 17 април 1982 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 9,984,670 км2 (2ра) | ||||
• | Вода (%) | 8,92 (891.163 км2/344.080 mi²) | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | 33,242,000 (36та) | ||||
• | Попис 2006 | 31.612.897 | ||||
• | Густина | 3,2 жит/км2 (219та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $1.274 трилиони[1] (13та) | ||||
• | По жител | $38.200[1] (21ва) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупно | $1,406 трилиони [1] (9та) | ||||
• | По жител | $42.738 (14та) | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 31.6[2] среден · 20та[3] |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.902[4] многу висок · 8ма |
|||||
Валута | Канадски долар ($) (CAD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC−3.5 до −8) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC−2.5 до −7) | ||||
НДД | .ca | |||||
Повик. бр. | 1 |
Главен град е Отава (45.41° СГШ 75.66° ЗГД), а најголем е Торонто (43.6° СГШ 79.35° ЗГД) со 5.113.149 жители во областа на градот.[5]. Името Канада доаѓа од зборот каната на индијанците Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба. Жак Картие во 1535. год. почнал да го користи тој збор за да ја означи целата територија на Ирокезите. Подоцна, во време на британските колонии од 1841. името Канада се однесувало на две покраини: Горна Канада - околу Големите Езера и Долна Канада околу реката Сент Лоренс. Со Уставниот Акт од 1867, името Канада било прифатено како име на целата држава.
Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН , Индексот на глобализација , Квалитетот на живот , Одржливоста на животната средина Архивирано на 16 јануари 2016 г., Економските слободи Архивирано на 24 јануари 2008 г. и др. Канада е меѓу најдобрите земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.