Волта а Каталуња 2017
издание 2017 на велосипедската трка Волта а Каталуња / From Wikipedia, the free encyclopedia
Волта а Каталуња 2017 (позната и како Трка околу Каталонија 2017) — 97. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 20 и 26 март како деветти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 97. Волта а Каталуња | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 2.UWT | ||
Етапи | 7 | ||
Датуми | 20 – 26 март | ||
Растојание | 1.113,2 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Калеља | ||
Одредиште | Барселона | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 199 | ||
Возачи на крај | 107 | ||
Просечна брзина | 43,733 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
Планински | ![]() ![]() | ||
Спринтерски | ![]() ![]() | ||
Младински | ![]() ![]() | ||
Екипен | ![]() ![]() | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација ![]() |
Трката била освоена по вторпат од возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде, кој – како сите негови колеги добил едноминутна казна на екипниот хронометар на трката – освоил три етапи, планинскиот пласман, како и крајниот генерален пласман.[3] Валверде завршил над една минута пред најблискиот соперник; Алберто Контадор завршил втор за Трек-Сегафредо, 63 секунда зад Валверде.[3] Подиумот бил заокружен од колегата на Валверде Марк Солер – освојувајќи го и пласманот за млад возач – дополнителни 13 секунди зад Контадор.[3] Во другите пласмани, резултатите на Валверде и Солер биле доволно добри за Мовистар Тим да го освои екипниот пласман,[3] додека возачот на Канондејл-Драпак, Пјер Ролан го освоил пласманот за средни спринтови.[3]