ЕФ Едукејшн-ИзиПост
американска велосипедска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
ЕФ Едукејшн Фирст (кратенка на екипата според UCI: EF1) — американска професионална велосипедска друмска екипа. Основана во 2003 година, екипата станала дел од Светската турнеја во 2009 година. Нејзиното седиште е во Булдер, Колорадо, но екипата има и европско седиште во Ѓирона, Каталонија, Шпанија. Slipstream Sports LLC е сопственик на екипата. Спортски директор и генерален менаџер е Џонатан Вотерс, поранешен возач. Канондејл, американско-канадски производител на велосипеди, е спонзор на дел од името на екипата. Гармин, американско-швајцарски компанија за ГПС, е исто така делумен спонзор.
![]() | |
UCI код | TIA (2005–2006) TSL (2007–2008) GRM (2009–2012) GRS (2012–2014) TCG (2015) CPT (2016) CDT (2016–2017) EFD (2018) EF1 (2019-денес) |
---|---|
Лоциран | САД |
Основан | 2003 (2003) |
Статус | никаков статус (2003–2004) континентална екипа (2005−2006) професионална континентална (2007–2008) Светска турнеја на UCI (2009–денес) |
Велосипеди | Абичи (2003) Лемонд (2004) Џавелин (2005–2006) Фелт (2007–2010) Сервело (2011–2014) Канондејл (2015–денес) |
Извршен директор | Џонатан Вотерс |
2003 2004–2006 2007–2008 2008 2009 2010 2011 2012 2012–2014 2015 2016 2017 2018 2019- | 5280-Субару ТИАА-ЦРЕФ Слипстрим-Чипотл Гармин-Чипотл Гармин-Слипстрим Гармин-Транзишанс Гармин-Сервело Гармин-Баракуда Гармин-Шарп Канондејл-Гармин Канондејл Канондејл-Драпак ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак ЕФ Едукејшн Фирст |
Помеѓу 2009 и 2014 година, ЕФ Едукејшн-ИзиПост завршил во рамките на најдобрите десет во четири наврати во Светската турнеја. Позначајни резултати им биле: Ватенфал Класик 2009 и Ватенфал Класик 2010 со Американецот Тајлер Фарар, Трка околу Полска 2010, Волта а Каталуња 2013, Лиеж-Бастон-Лиеж 2013 и Џиро ди Ломбардија 2014 со Ирецот Даниел Мартин, Тур Даун Андер 2011 со Австралиецот Камерон Мајер, Париз-Рубе 2011 со Белгиецот Јохан Вансумерен, Џиро д’Италија 2012 со Канаѓанецот Рајдер Хесједал и Критериум ду Дофине 2014 со Американецот Ендру Талански. Помеѓу 2008 и 2014 година, екипата освоиле деветнаесет етапи на големите трки — седум на Тур де Франс, шест на Џиро д’Италија и шест на Вуелта а Еспања.
Екипата е позната по нејзиниот став за антидопинг. Екипата ги проверува нивоата на крвта пред да потпише со нови возачи и поседува внатрешен систем за проверка. Ниеден возач не се покажал позитивен за време или по неговиот престој во екипата. Меѓутоа, возачите кои настапувале со забранети супстанци кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите им е дозволено да настапуваат во екипата по нивното признавање и подоцнежната забрана.