Тур Даун Андер 2011
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур Даун Андер 2011 — 13. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер. Се одржала од 18 до 23 јануари 2011 година и била прва трка во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката следувала по трката Кансер Кансил Класик, во неделата на 16 јануари, која се состоела од 30 кругови околу паркот Римил во Аделаида, со вкупна должина од 51 километар.[2]
Светска турнеја на UCI 2011, трка 1 од 27 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 18–23 јануари | ||
Етапи | 6 | ||
Растојание | 758 км | ||
Време | 17ч 54' 27" (26.302 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Гармин-Сервело) |
Втор | ![]() |
(ХТЦ-Хајроад) | |
Трет | ![]() |
(Тим Скај) | |
![]() |
Планински | ![]() |
(УниСА) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Гармин-Сервело) |
![]() |
Спринтерски | ![]() |
(ХТЦ-Хајроад) |
Екипен | Мовистар Тим | ||
← 2010 2012 → |
Трката била освоена од возачот на Гармин-Сервело Камерон Мајер, откако ја носел водечката охра маичка, која ја преземал по етапната победа на четвртата етапа.[3][4] Победничката разлика на Мајер пред второпласираниот сонародник Метју Гос (ХТЦ-Хајроад) — победник на првата етапа на трката — била само две секунди, втора најмала разлика во историјата на трката. Возачот на Тим Скај Бен Свифт — двократен етапен победник на втората и завршната етапа — го заокружил подиумот, осум секунди зад Мајер.
Во другите пласмани на трката, крајниот победник Мајер бил исто така и освојувач на црната маичка за највисоко пласиран возач под 26 години, а Гос ја зел сината маичка за највисок број на бодови освоени на средните спринтови и етапните завршници. Возачот на УниСА-Австралија Лук Робертс го освоил планинскиот пласман, а Мовистар Тим завршиле на чело на екипниот пласман.