американски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајлер Фарар (англиски: Tyler Farrar; р. 2 јуни 1984 ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодото 2003-2017.[1]
Фарар на Схелдепрејс 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Тајлер Фарар | ||
Роден | 2 јуни 1984 Веначи, САД | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 74 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
2003 2004–2005 2006–2007 2008–2014 2015-2017 | Џели Бели-Карлсбад Клотинг Компани Хелт Нет-Максис Кофидис Слипстрим-Чипотл МТН Кубека | ||
Значајни победи | |||
|
Негови најголеми достигнувања ги вклучуваат победите на Сиркут Франко-Белж во 2009 и еднодневната трка Ватенфал Класик во изданијата од 2009 и 2010. На големите трки освоил шест поединечни етапи, како и учествувал во две победи во екипен хронометар.
Фарар започнал да вози на 13 години и возел за Џели Бели-Карлсбад Клотинг Компани во 2003 година, за Хелт Нет-Максис во 2004 година и за Кофидис во 2006 и 2007 година. Во април 2006 година паднал близу крајот на Сиркут де ла Сарт и ја скршил клучната коска и го пропуштил поголемиот дел од сезоната. За сезоната 2008, се префрлил во Слипстрим-Чипотл.
Има освоени етапи на Џиро д’Италија,[2] Вуелта а Еспања, Три дена Де Пане, Тур де Франс и САД Про Сајклинг Челинџ. Ја носел жолтата маичка на третата етапа на Трката околу Калифорнија 2008 по добивање на бодовите за спринт во текот на втората етапа.
Фарар е многу популарен во Фландрија, бидејќи течно го говори холандскиот јазик и живее во белгискиот град Гент. Во 2012 година бил прогласен за почесен граѓанин на Гент.[3]
Во мај 2011 година, Фарар заедно со целата екипа Леопард Трек, се повлекле од Џиро д’Италија како знак на почит за неговиот пријател и тренинг-партнер Ваутер Вајлант, кој загинал во несреќа на третата етапа од трката.[4]
На 4 јули 2011, Фарар ја освоил неговата прва етапа на Тур де Франс, Етапа 3 од Олон сир Мер до Редон, станувајќи првиот Американец кој освоил етапа на трката на 4 јули.[5]
Фарар паднал четири пати на Тур де Франс 2012,[6] вклучувајќи пад при спринтерска завршница, по кој беснеел по автобусот на екипата Аргос-Шимано, барајќи да се соочи со Том Велерс, кого го обвинил за несреќата. На САД Про Сајклинг Челинџ 2012, Фарар ја освоил својата прва победа во сезоната. На воведната етапа, Фарар изјавил дека бил изненаден дека преживеал на планинскиот терен и можел да се натпреварува во спринтот. Пристигнувајќи во Теларајд, Колорадо во група од 57 возачи, тој бил најбрзиот член на целта.[7] Повторно победил на петтата етапа на трката, посветувајќи ја победата на неговиот медисон партнер Мајк Крид, кој собирал пари за жртвите во пожарите кои се случиле во Колорадо Спрингс.[8] Поради двете победи успеал да собере доволно бодови за освојување на зелената маичка. Подоцна во сезоната, Фарар доживеал страшна несреќа во текот на првата етапа на Трката околу Британија 2012, забележувајќи силен потрес на мозокот.[9] Во октомври, на Фарар му било дозволено да почне со тренинзите од докторот на екипата, Прентис Стефен, кој изјавил: „Здравјето на спортистот е секогаш наш врвен приоритет“.[10]
Фарар има углед за предизвикувања или вмешаност во падови.[11]
По седум години со Слипстрим-Чипотл и скоро безнадежната сезона 2014, Фарар потпишал со МТН Кубека за сезоните 2015 и 2016.[12] По настапот на Гран при Монтреал 2017, Фарар го најавил своето повлекување од трките.[1]
СО = се откажал; — = не учествувал
Фарар се појавувал на воведните најави за утринската временска прогноза на ITV London. Прогнозите биле спонзорирани од Transitions Lenses, кој исто така е спонзор и на тимот на Фарар.[13][14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.