Благоевград (област)
управна област во Бугарија која ја опфаќа речиси сета Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
управна област во Бугарија која ја опфаќа речиси сета Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Благоевград (област) Област Благоевград | |
---|---|
Област | |
Местоположба на Благоевград (област) во Бугарија | |
Земја | Бугарија |
Гл. град | Горна Џумаја |
Општини | 14 |
Управа | |
• Управник | Бисер Михајлов |
Површина | |
• Вкупна | 6.449,5 км2 (24,902 ми2) |
Население | |
• Вкупно | 323.552 |
• Густина | 5,0/км2 (13/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. табл. | E |
Благоевградска Област — една од 28-те области во Република Бугарија. Има површина од 6.449,5 км2. Главен град на Благоевградската Област е Горна Џумаја (од 1950 г. — Благоевград).
Благоевградската област се простира речиси целосно на територијата на Пиринска Македонија.
Според пописот од 1920 г. населението броело 155.598 жители, но немало декларирани луѓе како етнички Македонци. Во декември 1946 г. во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Благоевградската област 70 % се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956 г.) на пописот на населението во Благоевградската област од вкупно 281.015 жители, како етнички Македонци се изјасниле 178.862 — или 63 % од целокупното население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[1] Според неофицијални податоци во првиот попис по падот на комунистичката власт во Бугарија, во Пиринска Македонија како етнички Македонци се попишале 10803 луѓе. Според пописот од 2001 населението на Пиринска Македонија (Благоевградска Област) брои 341.173 жители. Од нив како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306.118 или 89,7 %, 19.819 жители го признале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 - ромскиот. Според последниот подпис од 2011 година 561 души во Горноџумајско се декларирале како етнички Македонци (0,2 %).[2]
Околии | Светиврачка | Петричка | Горноџумајска | Разлошка | Неврокопска | Вкупно |
Македонци | 89,49 % | 82,64 % | 52,18 % | 45,18 % | 45,77 % | 63,64 % (178862) |
Бугари | 7,51 % | 15,15 % | 45,08 % | 39,05 % | 49,45 % | 33,33 % (93671) |
други | 3,00 % | 2,16 % | 2,71 % | 11,92 % | 4,77 % | 3,03 % |
Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за населението во Благоевградска област од пописот во 2001 година:[3]
Вкупно | Бугарска | Турска | Ромска | Македонска | Друга |
341.173 | 286.491 | 31.857 | 12.405 | 3.117 | 7.303 |
100 % | 83.97 % | 09.34 % | 03.64 % | 00.91 % | 02.14 % |
Во целост во Благоевградската област може да се одделат 6 географски целини:
Банско, Гостун, Добриништа (Добриниште), Кремен, Места, Обидим, Осеново, Филипово
Бабјак, Белица, Гарван (Златарица), Гољово (Гал’бово), Дагоново, Краиште, Кузово, Лутово (Љутово), Орцево, Палатик, Хахњово (Горно Краиште), Черешево (Черешово)
Ајдарово (Изгрев), Бело Поле, Бистрица, Бучино, Габрово, Горна Џумаја (Благоевград), Дебочица, Делвино, Делијазмино (Зелендол), Дреново (Дренково), Добрава, Еленово, Клисура, Крџево (Б’лгарчево), Лешко, Лешница (Обел), Лисија, Логодаж, Марулево, Моштанец, Падеш, Покровник, Селиште, Хасарлак (Рилци), Хрсово (Горно Хрсово), Церово
Баничан, Брезница, Буково, Даг Чифлик (Добротино), Јуч Дурук (Делчево), Корница, Л’жница, Мусомишта (Мосомиште), Неврокоп (Гоце Делчев), Нов Чифлик (Борово), Папас Чаир (Попови Ливади), Цирополе (Господинци)
Балдево, Горно Дреново, Грмен, Дабница, Дебрен, Долно Дреново, Ковачевица, Крушево, Лештен, Марчево, Ореше, Осиково, Рибново, Скребатно, Фотовишта (Огњаново), Фустане (Хвостјане)
Аврамово, Бел Камен, Бунцево, Јакоруда, Јуруково, Конарско, Иланско (Смолево), Черна Места
Влахи, Кресна, Брезница (Горна Брезница), Долна Градешница, Оштава, Сливница Стара Кресна,
Баскалци, Богородица, Боровичене, Вишна (Вишлене), Габрене, Гега, Горчево, Долене, Долна Крушица, Долна Рибница, Долно Спанчево, Драгуш, Дреново, Дреновца (Дреновица), Елешница (Беласица), Ени Чифлик (Ново Кономлади), Зојчене, Иваново, Јаворница, Јаково, Камена, Капатово, Клуч, Коларово, Крналово, Крнџилица, Кромидово, Кукурахцево, Кулата, Марикостиново, Марино Поле, Масли Чифлик (Кладенци), Мендово, Митино, Михново (Михнево), Орман (Кавракирово), Петрич, Покровник (Дрангово), Право Брдо, Првомај, Припечене (Генерал Тодоров), ’Рждак, Рибник, Робово (Волно), Самуилова Крепост, Димидово (Самуилово), Скрт, Старчево, Струмешница, Тонско Дабе, Тополница (Нова Тополница), Чурилово, Чуричени, Чучулигово, Ширбаново (Рупите)
Бања, Бачево, Годлево, Горно Драглишта (Г. Драглиште), Долно Драглишта (Д. Драглиште), Елешница, Мехомија (Разлог), Недобарско (Добарско)
Белевехчево, Белово, Бождово, В’лково, Врања, Голем Цалим, Голешово, Горна Сушица, Горни Орман (Ладарево), Горно Спанчево, Дебрене, Дере Мислим (Лозеница), Долени, Долна Сушица (Златолист), Долни Орман (Ласкарево), Ѕивгелија (Зорница), Јаново, К’рланово, Калиманци, Катунци, Кашина, Ковачево, Крстилци, Лебница, Левуново, Лески (Вихрен), Лехово, Лешница, Лилјаново, Љубовишта (Љубовиште), Љубовка, Малки Цалим, Манџово (Виногради), Мелник, Ново Делчево, Ново Хоџово, Орман Чифлик (Дамјаница), Петрово, Пиперица, Пирин, Плоски, Поленица, Рожен, Свети Врач (Сандански), Склаве, Спатово, Стожа, Струма, Сугарево, Хотово, Храсна, Хрсово, Черешница, Џигурово
Боголин, Марулево (Ваклиново), В’лкосел, Годешево, Долен, Жижево, Кочан, Крабул (Крибул), Осина, Плетена, Сатовча, Слаштен, Туховишта, Фргово
Брестово, Горно Осеново, Градево, Докатичево, Долна Сушица (Полена), Долно Осеново, Железница, Крупник, Мечкул, Полето, Ракитна, Сенокос, Симитли, Србиново (Брежани), Сухострел, Сушица, Тросково, Черниче
Абланица, Беслен, Блатска, Гајтаниново, Копривлен, Л’ки, Лески (Ново Лески), Либјахово (Илинден), Нова Ловча, Парил, Петралик (Петрелик), Садово, Теплен, Тешово, Хаџидимово
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.