Тонско Дабе
село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тонско Дабе (бугарски: Тонско дабе) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Тонско Дабе | |
---|---|
Координати: 41°30′N 23°8′E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Надм. вис. | м | 781
Население (2015) | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2875 |
Селото се наоѓа во планинска област, на 24 километри североисточно од Петрич, на надморска висина од 781 метри.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Понско дабе чифлик (Ponsco dibé Tchifliq) е село со 15 семејства и 52 Македонци[1][2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци[1][3]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][4].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 171 | 231 | 258 | 48 | 4 | 5 | 6 | 2 | 2 | 1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.