From Wikipedia, the free encyclopedia
Горна Сушица — село во Општина Свети Врач, во Пиринска Македонија, денешна југозападна Бугарија.
Горна Сушица | |
---|---|
Местоположба на Горна СушицаПиринска Македонија | |
Координати: 41°33′18″N 23°23′14″E | |
Држава | Бугарија |
Област | Благоевград |
Општина | Свети Врач |
Надм. вис. | м | 554
Население (2011) | |
• Вкупно | 27 |
Час. појас | EET |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC) |
Селото се наоѓа во Благоевградската област, на надморска височина од 554 метри. Оддалечено е 37 километри источно од општинскиот центар Свети Врач.
Според старо предание, жителите на селото потекнуваат од Неврокопско. По освојувањето на тој регион од страна на османлиска власт, дел од населението било принудено да ги напуштат своите родни краишта и да се населат во некое побезбедно место. Така успеваат да си ја зачуваат и својата христијанска вера.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 515 жители, од кои Македонци[1] и 15 Власи.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 2.240 година во Горна Сушица имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[1][3]
Во 1912 година изградена е црквата „Свети Димитриј“.[4]
Горна Сушица е мало село. Според пописот од 2011 година, во селото живееле 28 жители, запишани како Бугари.[5]
На табелата е прикажан бројот на населението во Горна Сушица за периодот 1965-2011:[6]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 545 | 685 | 720 | 415 | 192 | 120 | 80 | 58 | 27 |
Слава на селото е празникот Петровден и на тој ден традиционално се одржува голем собир.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.