Крупник
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крупник — село во Општина Симитли, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Крупник | |
---|---|
Координати: 41°51′N 23°07′E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Симитли |
Површина | |
• Вкупна | 35,412 км2 (13,673 ми2) |
Надм. вис. | м | 750
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2,078 |
• Густина | 59/км2 (150/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 0748 |
Повик. бр. | 074207 |
Се наоѓа 7 километри југозападно од градот Симитли, во североисточните падини на Крупничка Планина, од западната страна по течението на реката Струма, пред да навлезе во Кресненската Клисура. Селото е сместено на 750 метри надморска височина.
Остатоци од античко време има на неколку места околу селото. Во местото Свети Георги (северозападно од селото) има доцноантичка гробница од 4 век. Таа има едно централнa и 5 странични соби. Изградена е од тули, а покриена со свод. Во местото Градиште имало доцноантичка и средновековна тврдина - се гледаат остатоци од ѕид и кула. Во XV век Крупник бил епископско седиште, а епархијата постоела и во XVI век и зафаќала широка територија речиси поклопувајќи се со границите на денешната Благоевградска област или географски - Пиринска Македонија.
Во 1577 митрополитот Јоасаф го подарил на Рилскиот манастир познатото Крупничко евангелие.[2] Крај селото се и остатоците од средновековната епископска црква Света Троица од XVI век, која е урната од Турците во XVII век и претворена во џамија, но подоцна и таа уништена. Од 1965 година црквата претставува споменик на културата.
Во XVII век селото е исламизирано, но населението го задржало својот мајчин јазик.[3][4][5] Селото се споменува во османлиските даночни регистри од 1576 година како село со 3 христијански семејства. Исто така, се споменува и во документ од 1650 година.[4]
Во 1891 година, Георги Стрезов пишува за селото:
Крупник, село во истиот правец, 1⁄2 час јужно од Симитли. Сместен во еден дол и оттука патот станува премногу тесен и стрмен како што е во Рупелската Клисура; особено лош е патот до [Крива Ливада], 1 час јужно од Кресна. Куќи 120, Помаци. Тука се сее и добар тутун; има и градини.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 725 жители, од кои 660 Македонци муслимани[5] и 65 Роми[7].
Во 1904 година во регионот се случил силен земјотрес чиј епицентар се наоѓал во близина на селото и поради тоа е познат како Крупнички земјотрес.
Според податоците на Неврокопската митрополија, во 1907 година во селото имало 54 христијани, веројатно доселеници од околните села.[4]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото останале уште 2-3 помачки семејства.[8]
Подоцна мал дел од Македонците-бегалци се населуваат во селото. Во почетокот на 1923 година Антон Поп Стоилов пишува дека, „непријателските и неудобни куќи“ во Крупник биле преполни со бегалци од Егејска и Вардарска Македонија и со доселеници од околните села. Од 179-те семејства во селото, 11 биле локални Помаци, 54 доселеници од Зарово, Солунско, 53 од Кресна, 23 од Србиново, 19 од Сушица, 7 од Падеш, 3 од Тросково, 3 од Берово, 2 од Драглишта, Разлошко, по 1 од Куманово, Горно Порој, Валовишко, Рила, Фролош.[9]
На 24 август 1925 ВМРО организира колеж на комунисти и дејци на БЗНС во местото Орловец. Убиени се Стојан Газерски, Ангел Кипров, Партени Партениев, Симеон Попов, Костадин Трендафилов, Трошан Трошанов, Краљо Цветков, Јосиф Чакалски и Петар Чакалски.
На 21 јули 1928 година тука е одржан Седмиот конгрес на ВМРО.
Главно се одгледува тутун, лозја, овошјe; овци.
Масовно населување на луѓе има во годините 1960-1979 од селата Тросково, Брестово и Сенокос, а во периодот 1975-1980 и од село Кадијца (денес Сушица)
Според пописот од 2011 година, во Крупник живееле 2.078 жители.[10]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[11]
националност | број | % |
Бугари | 1.493 | 71,8 |
Роми | 39 | 1,87 |
Турци | / | 0 |
други | 9 | 0,43 |
не се самоопределиле | 4 | 0,19 |
не одговориле | 533 | 25,6 |
Вкупно | 2.078 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Крупник за периодот 1934-2011:[10]
година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
население | 1.702 | 2.246 | 1.803 | 2.030 | 2.213 | 2.445 | 2.466 | 2.392 | 2.078 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Функционира основно училиште „Св.Кирил и Методи“.
Во селото постои група на ОМО Илинден. 2005 година тие побараа предавање на македонски јазик по медиумите, што беше одбиено.[12][13][14]
Годишен црковен собор на Арахангеловден во чест на патрона на селското храм "Свети Арахангел Михаил". Исто така секоја последна сабота на месец август се одржува младински собор (секоја година се кани позната пејачот).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.