Кресненска Клисура
клисура во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
клисура во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Кресненска Клисура (бугарски: Кресненски пролом, Кресненско дефиле или Кресненска клисура) — осма клисура по течението на реката Струма, меѓу Малеш на запад и Пирин на исток. Сместена е на територијата на општините Симитли и Кресна во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Ги поврзува Симитлиската Котлина на север и Светиврачко-петричката Котлина на југ.
Кресненска Клисура | |
---|---|
Кресненски пролом | |
Реката Струма низ Кресненската Клисура | |
Надм. висина | 550 м |
Должина | 18 км север - југ |
Географија | |
Местоположба | Пирин и Малешево, Пиринска Македонија |
Координати | 41°46′05″N 23°09′18″E |
Река | Струма |
Клисурата е од епигенетско потекло и има должина од 18 км, со средна надморската височина од 222 м. На изглед е е тесна, живописна, со стрмни страни, всечена длабоко во гранити и метаморфни карпи, од кои е изграден кресненскиот планински праг меѓу Пирин и Малеш. По всечените свиоци на реката се зачувани фрагменти од високи речни тераси.
Започнува источно од селото Крупник на 279 м.н.в. и се насочува право на југ. Во околината на Кресненското Анче е приближната средина на клисурата, при што тука надморската височина на водостојот е околу 222 м. По него реката Струма прави забележителни свиоци и кај градот Кресна излегува од клисурата на 168 м.н.в. и навлегува во најсеверниот дел на Светиврачко-петричката Котлина.[1]
Во јужниот дел на клисурата, по двата брега на Струма, е сместен резерватот „Тисата“, каде е единственото збирно наоѓалиште на дива фоја во Бугарија.[2] Во климатски поглед, тука минува границата меѓу средоземната и континенталната клима, овозможувајќи огромна разновидност на животински и растителни видови, од кои добар делсе ендемски или реликтни. Много од овие видови се вклучени во Црвената книга на Бугарија и изречно споменати во европските закони и конвенции за заштита на природното наследство. Истовремено Кресненската Клисура претставува важен пат за преселба на крупни цицачи меѓу планините на Балканскиот Полуостров. Низ клисурата минува и една од главните воздушни магистрали за преселба на птиците од Европа кон Африка, наречена „Вија Аристотелис“.[3]
Бујните води на река Струма во Кресненската Клисура даваат добри услови за сплаварење.
По целата должина на клисурата од север на југ минува 23-километарска делница од првокласниот пат I-1: Видин – Монтана – Враца – Софија – Перник – Горна Џумаја – ГП „Кулата - Драготин“ (од 383,3. до 406,4. км).
Напоредно на патот целосно по левата (источна) падина минуваат и 20 км од железничката линија Софија – Горна Џумаја – Кулата, со особено впечатливи мостови над малите леви притоки на Струма и осумте тунели, кои ги пресекуваат нејзините свиоци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.