Левуново — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Левуново | |
---|---|
Читалиште „Отец Пасиј“ | |
Координати: 41°29′N 23°18′E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 14.056 км2 (5,427 ми2) |
Надм. вис. | м | 179
Население (2015) | |
• Вкупно | 698 |
• Густина | 0,050/км2 (0,13/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2817 |
Повик. бр. | 07436 |
Географија и местоположба
Селото Левуново се наоѓа на 12 километри јужно од Свети Врач, додека Петрич се наоѓа на 20 километри југозападно од селото. Меѓународниот пат Е 79 од Софија до граничниот премин Кулата минува низ селото. Селото се наоѓа на надморска висина од 179 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 14.056 км2. Западно од селото поминува реката Струма.
Соседни села се Ново Делчево и Дамјаница на север, Спатово, Хотово и Ѕивгелија на исток, Ени Чифлик и Припечене на југ.
Историја
Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Левуново е село со 40 семејства од кои 45 жители Турци и 70 жители Македонци.[1][2]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Ливуново, на З од Мелник 21⁄2 часа пат. До Струма има 1⁄2 час; до него поминува патот од мелник за Думаја. Селаните имаат доста ливади и многу лозје. Од пред некое време одгледуваат и афион. Црква „Св. Ѓорѓи“; читат мешано. Околу 60 куќи, Бугари и Турци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 598 жители, од кои 250 Турци и 348 Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученици[2][5].
во текот на Балканските војни, селото било освоено од страна на грчката армија и бил воспоставен воен штаб на Константин I[6]. По повлекувањето на грчките војници, биле запалени 60 куќи во селото.[7]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. За време на Првата светска војна, во селото се наоѓал штабот на Втората Бугарска Армија. Во летото на 1916 година, на два километри северно од селото било изградено Авионско одделение. На аеродромот се наоѓале борбени авиони.[8]
Стопанство
Селото Левуново е едно од најразвиените во регионот. Во селото постојат 16 претпријатија, во кои освен месното население работат и жители од соседните села. фирмите главно се поврзани со лозарството, кое има традиции во овој крај. Но има и конфекција, месна индустрија, храна и фирма за транспорт. Во селото невработеноста е на многу ниско ниво[9].
Население[2][10]
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 769 | 1036 | 1061 | 1314 | 1131 | 1003 | 897 | 830 | 694 | 698 |
Религија
„Свети Ѓорѓи Победоносец“
Црквата „Свети Ѓорѓи“ била изградена во 1874 година[12].
Првиот свештеник во црквата бил Васил Стојанов (1850 - 1922) од Левуново, закопан зад храмот. До неговиот гроб е гробот на друг свештеник - Стојан Николов Ташев (1883 - 1973), сирак, кој живеел во селото Спатово кога останал сам и потоа бил доведен во селото.
Црквата датира од Првата светска војна, но била запалена за време на војната. Тогаш војниците на Фердинанд I ја реставрирале во периодот 1915 - 1917 година. Исто така, црквата е вклучена во „Воените споменици на културата“.
Низ целата своја историја црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ била ограбувана 5 пати, а крадците од првиот до последниот грабеж биле заробени од полициските службеници на полициската станица „Сандански“, и потекнувале од околните села. Сите три украдени икони биле вратени. Ноќта од 21 до 22 март 2009 година (сабота према недела) црквата била ограбена уште еднаш. Иконите и верските симболи биле собрани и околу 5.000 лева. 21 ден по грабежот, жителите на селото зеле „жив оган“ кружејќи околу црквата со импровизиран крст, бидејќи крстот со кој се кружел околу црквата на велигденската прослава бил меѓу украдените предмети.
Капела „Света Троица“
Капелата била обновена во 2004 година на иницијатива на селаните. Биле собрани донации од секој што сакал да помогне и со што можел да помогне. Иконите биле донации за параклисот од жителите на селото. Секоја година на празникот на „Св. Троица“ (датумот се менува според Велигден) се спроведуваат борби и се дава курбан за здравје. Специјални гости на оваа манифестација се Армен Назарјан и Методи Пенев, кои истовремено се судии во борбите.
Капела „Св. Панталејмон“
Оваа капела се наоѓа во дворот на градоначалникот на селото - Иван Стоилов. Таа е изградена од неговиот дедо. Според легендата, бабата (негова сопруга) била болна, а дедото ја градел капелата. Таа преспила во неа една вечер и се излекувала следниот ден.
Општествени установи
- Кметство на селото Левуново
- Училиште „Свети Кирил и Методиј “- затворено во 2008 година
Секоја година, бројот на учениците запишани во училиштето се намалувал и за учебната 2006-2007 година нивниот број бил околу 50, а матурантите од 8-мо одделение за учебната 2006-2007 година биле само тројца. Наставниците биле од Свети Врач, а нивните патни трошоци биле покриени од Министерството за образование. Иако училиштето отворило компјутерска просторија (со донација), тоа било затворено во 2008 година, поради малиот број на ученици. Учебната 2007 - 2008 година била последна за училиштето. Останатите ученици од училиштето го продолжиле своето образование во најблиското основно училиште - во селото Дамјаница. Бесплатен превоз е предвиден за учениците.
Читалиштето „Отец Пасиј“. Денес во ќиталиштето се наоѓаат библиотеката и поштата на селото, која градба се наоѓа во центарот на селото. За библиотеката се грижи Маја Стоименова, а таа презема иницијатива да организира забавни програми заедно со децата од „Свети Кирил и Методиј“. Библиотеката има компјутерска просторија што е направена од донација.
Во минатото во селото постоела и кино сала, која била изгорена во 1988 година. Штетата била толку голема што нема начин истата да биде санирана.
Културни знаменитости
- Минерални извори. Во селото се наоѓаат неколку минерални извори. Температурата на водата во нив е повисока од повеќето минерални извори во Бугарија, на пример од оние во Рупите.
- Споменик „Голема Чешма“
Личности
- Родени
- Зисо Попов (Живко Попов, 1882 – 1944), македонски револуционер и кмет на селото во периодот од 1919 – 1921 г.
- Кочо Љутата (Кочо Љутов, 1836 – 1918), македонски револуционер
- Коста Љутов (1881 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[13]
- Коста Љутов (1874 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[13]
- Панајот Панајотов (1882 – 1924), македонски револуционер и комунист
- Стефан Пиперката, македонски револуционер [14]
- Поврзани
- Васил Илиев Топчиев (1900 - јули 1924), роден во Ново Кономлади. Обвинет од ВМРО дека украл оружје, по кое бил убиен во 1924 година[15]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.