Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Константин I (грчки: Κωνσταντῖνος Αʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων, Konstantínos Αʹ, Vasiléfs ton Ellínon; роден на 21 јули 1868 во Атина– починал на 11 јануари 1923 во Палермо) бил крал на Грција во периодот од 5 март 1919 до 30 мај 1917, како и од 6 декември 1920 до 14 септември 1922 година.
Константин I Κωνσταντῖνος Αʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων | |
---|---|
Крал на Елените | |
На престол | 18 март 1913 – 11 јуни 1917 |
Претходник | Георги I |
Наследник | Александар |
Крал на Елените | |
На престол | 19 декември 1920 – 27 септември 1922 |
Претходник | Александар |
Наследник | Георги II |
Почивалиште | 22 ноември 1936 Кралски гробишта, Атина |
Сопружник | Принцеза Софија |
Деца | Георги II Александар Принцеза Елена Павле Принцеза Ирена Принцеза Катерина |
Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
Татко | Георги I |
Мајка | Олга Константиновна |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Константин бил син на Георги I. Завршил воено училиште во Атина и политиќки науки на универзитетот во Лајпцинг, Германија. Се оженил за германската принцеза Софија, сестра на Вилхем II. Тој бил на чело на грчката армија во времето на Грчко-турската војна и Балканските војни. Во негово време, неговата земја се проширила на сметка на Македонија, зазимајќи површина од 34.356 km2, заедно со нејзиниот најголем град Солун.
На 30 мај 1917 година под притисок на сојузниците бил принуден да се откаже од престолот во корист на својот втор син Александар и со престолонаследникот Георги да ја напушти земјата. По завршувањето на Првата светска војна, во 1920 година починал кралот Александар, а Елевтериос Венизелос бил поразен на изборите. Оа довело до одржување на референдум според кој Константин I повторно станал крал на Грција.
Но поразот во војната од Турција во 1922 година, како и започнувањето на бунтот на Николаос Пластирас и Стилијанос Гонатас, довело до повторна детонација на кралот на 27 септември 1922 година, овој пат во корист на неговиот син Георги.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.