Митино
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Митино — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Митино | |
---|---|
Координати: 41°25′N 23°15′E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 6.055 км2 (2,338 ми2) |
Надм. вис. | м | 147
Население (2015) | |
• Вкупно | 354 |
• Густина | 0,058/км2 (0,15/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2857 |
Селото се наоѓа на 6 километри североисточно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина, на десниот брег од реката Струмица. Атарот на селото зафаќа простор од 6.055 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 147 метри. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 мм. Почвите се делвијални и алувијални.
Ридот Митино на Антарктичкиот Полуостров е именуван по селото[1][2].
Митино е село со богата античка историја. Во селото се пронајдени археолошки остатоци од неолитско, бакарно, античко и средновековно време.
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1649 и 1659-1660 година под името Митиново. Според првиот дефтер, во селото живееле 14 христијански семејства[3].
Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓа на Петричката каза. Во месноста Аништата, кај селото имало голем ан, во кој престојувале трговските каравани од Струмичко и Егејско, патувајќи кон Мелник[4]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Митиново (Mitinovo) се состоело од 32 куќи, од кои 125 Македонци[5][6]
Во 1891 година, Георги Стрезов за Митино напишал:
Митин, чифлик на Вардовци од Петрич. Сместено е до десниот брег на река Струмица; од Петрич 11⁄2 час. Куќите се изградени на рид. Се одгледува ориз, бидејќи почвата е мочурлива покрај Струмица. Црква, во која се чите на бугарски. Куќи 45, Бугари.[5][7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите Македонци[5][8]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[9].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[10].
Селото било ослободено од отоманската власт во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на војната, селото било запалено при повлекувањето на грчката војска[11]. По околу една година, неговите жители се вратиле во селото. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Привремено во селото биле сместени бегалци од Егејска Македонија, кои во 1932 година се преселиле во денешното село Дрангово.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 165 | 220 | 285 | 332 | 340 | 338 | 377 | 358 | 344 | 354 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.