белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Том Бонен (холандски: Tom Boonen; р. 15 октомври 1980 ) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2002-2017 година.[1]
Бонен на Омлоп Хет Ниусблад 2015 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Том Бонен | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Томеке Торнадо Том Бом ван Бален | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 15 октомври 1980 Мол, Белгија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,92 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 82 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | возач за класици Спринтер | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2002 2003–2017 | Дискавери Канал Квик Степ-Давитамон | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Бонен победил на Светското друмско првенство во 2005 година и се сметал за специјалист за еднодневни трки со силен краен спринт. Победил четири пати на Париз-Рубе и трипати на Трката околу Фландрија, помеѓу многуте други престижни победи, како и пет пати на Е3 Харелбеке. Има освоено 6 етапи на Тур де Франс и четири пати го освоил генералниот пласман на Трката околу Катар.
Воедно, неговата личност и изглед, заедно со неговиот успех, го направиле главна спортска ѕвезда во Белгија во средина на 2000-тите, но ја изгубил популарноста, откако бил двапати позитивен на тестирањето за кокаин.[2]
На почетокот од 2002 година, Бонен возел за екипата Дискавери Канал, завршувајќи трет на Париз-Рубе по раното бегство. Сонародникот белгискиот возач Јохан Музеув излегол на чело на трката за соло победа, а екипниот водач Џорџ Хинкапи доживеал несреќа во лизгав дел на трката, оставајќи го Бонен да воза за себе. Резултатот на Бонен во трката го принудил Музеув - неговиот херој од детството - јавно да објави дека Бонен е неговиот природен наследник.[3]
Меѓутоа, Бонен бил целосно среќен во УС Постал, тврдејќи дека не добив доволно шанси да вози за себе. Затоа кон крајот на годината објавил дека ја напушта екипата, и покрај тоа што имал договор и се придружил на Квик Степ-Давитамон на почетокот на 2003.[4] Меѓутоа, сезоната 2003 не поминала добро за Бонен, кој постигнувал слаби резултати, поради замор и повредата на коленото. Во оваа сезона Музеув бил неоспорен екипен водач на пролетните класици.
Сезоната 2004 Бонен ја подигнал формата и го освоил Е3 Харелбеке, класичната трка Гент-Вевелгем и Гроте Шелдепрајс. Исто така, освоил две етапи на Тур де Франс, вклучувајќи ја и престижната последна етапа во Париз, како што постигнал и Музеув во 1990.
2005 била годината во која Бонен цврсто се докажал себеси како натпреварувач на светската сцена. Победувајќи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе, Е3 Харелбеке и завршувајќи втор на Омлоп Хет Волк (зад екипниот колега Ник Нијенс), ставил печат на пролетните класици со калдрма. Исто така, Бонен станал првиот велосипедист во историјата да победи на Трката околу Фландрија, Париз-Рубе и Светското велосипедско првенство во иста сезона.
Во неговата победа на Трка околу Фландрија, Бонен бил сметан како најсилен спринтер во последната група на возачи. Меѓутоа, наместо да се чека на крајниот момент, тој нападнал неколку километри од крајот на изненадување на другите возачи во групата и останал напред за соло победи. Еден од другите возачи во групата, Ерик Декер, подоцна изјавил дека „Јас сум среќен дека сум близу до крајот на мојата кариера, бидејќи со велосипедисти како Бонен, наредните години пролетните класици ќе бидат прилично здодевни“.[5] Во неговата победа на Париз-Рубе, влегол на велодромот Рубе во водечкото трио и чекал до последниот момент пред да започне да спринта, со што ги победил Американецот Џорџ Хинкапи и Шпанецот Хуан Антонио Флеча.
На Тур де Франс, ги освоил втората и третата етапа. Во ова издание, Бонен ја носел зелената маичка по втората етапа. Меѓутоа бил принуден да се повлече од трката по етапата 11, по повеќе несреќи. Маичката ја презел Норвежанецот Тор Хушовд, кој ја држел до крајот на трката, станувајќи конечен победник. На 25 септември станал дваесет и првиот белгиски светски првак на Светското велосипедско првенство во Мадрид. Бегството од шест луѓе било достигнато од групата во која бил, пред да го престигне Алехандро Валверде. Тој е првиот Белгиец по Музеув, во 1996, да ја облече виножито-маичката. Со овие победи тој го обезбедил второто место во генералниот пласман на UCI ProTour 2005.
На крајот на годината, Бонен освоил неколку награда: Kristallen Fiets (Кристален велосипед), Вело д’Ор (Златен велосипед), Trofee voor Sportverdienste (Трофеј за спортска заслуга), белгиски спортист на годината и белгиска спортска личност на годината.
Во 2006 година, Бонен повторно имал извонреден почеток на сезоната, повторно нагласен со победата на Трка околу Фландрија, но не можел да ја одбрани титулата на Париз-Рубе една недела подоцна. Првично, на Лејф Хосте, Петер ван Петегем и Владимир Гусев им биле доделени 2., 3. и 4. место, но подоцна биле дисквалификувани од судиите на трката поради илегално возење. Со ова, светскиот првак и фаворитот пред трката Бонен дошол до второто место, зад Фабијан Канчелара.
По одличниот почеток, Бонен имал разочарувачка Трка околу Белгија. Пред почетокот на Тур де Франс 2006, тој тврдел дека се смета себеси како најсилен и најпаметен спринтер. Меѓутоа, тој не победил на етапа во првата недела, туку бил победен од неговите спринтерски соперници Роби Мекјуан и Оскар Фреир. И покрај ова, тој бил способен да ја облече жолтата маичка првпат во неговата кариера, но ја изгубил по првиот хронометар од специјалистот за хронометри Сергеј Хончар.
Бонен го напуштил Тур де Франс во текот на 15. етапа – 187 километри од Гап до Л‘Алп д‘Ез – кога не можел да се искачи на врвот Кол ду Лотаре. Според менаџерот на екипата, Бонен изгубил голема тежина во текот на трката и му требало период на одмор, кога би можел повторно да ја надополни.
Со повратената сила, на Енеко Тур Бенелукс освоил три етапи. Меѓутоа, не бил во можност да ја одбрана светската титула на Светските друмски првенства UCI, одржана на патека, која била помалку рамна отколку во Мадрид 2005 и ја изгубил титулата од неговиот екипен колега од Квик Степ-Инерџетик Паоло Бетини, завршувајќи деветти.
Во сезоната 2007, Бонен повторно доживеал одличен почеток со освојување пет етапи на Трката околу Катар и завршувајќи втор во генералниот пласман по неговиот екипен колега Вилфрид Кретскенс. Подоцна освоил неколку фламански трки, како што се Курне-Брисел-Курне и Е3 Харелбеке, но не успеал да победи на ниеден класик. Неговиот најдобар резултат во таа насока бил третото место на Милано-Санремо, што придонело за разочарувачка пролетна сезона.
Следно, Бонен зел учество на Тур де Франс. Во отсуство на главниот соперник Алесандро Петаки и по раната повреда на Роби Мекјуан, тој ги остварил очекувањата со победата на две етапи (етапа 6 и 12) и освојувањето на бодовниот пласман. Бил првиот белгиски освојувач на зелената маичка од Еди Планкерт во 1988 година.
Бонен ја започнала оваа сезона со освојување четири етапи и генералниот и бодовниот пласман на Трката околу Катар. На Трката околу Фландрија, неговата прва главна цел на сезоната, покажал добра форма, но имал одбранбена улога, кога неговиот совозач Стајн Дефолдер побегнал од групата и потоа победил. Следната недела, тој ги отспринтал Фабијан Канчелара и Алесандро Балан во последните 500 метри за победа на Париз-Рубе. На 10 јуни 2008, неколку извори тврделе дека Бонен преговара со Буиг Телеком за договор, чиј спортски директор Жан-Рене Бернодо потврдил. Преместувањето во Бјуик ќе вклучело уште два-три возачи да заминат со него, меѓудругите имињата на Вилфрид Кретскенс и Кевин Хулсманс биле често споменувани.[6]
Иако на истиот ден било откриено дека Бонен бил тестиран позитивно на кокаин при проверка на 26 мај. Бидејќи ова било надвор од натпреварување и кокаинот не е сметан за дрога, која може да го подобри резултатот, Бонен не се соочил со санкции од UCI или WADA. Во текот на конференцијата за печатот следниот ден, тој понудил извинување и екипниот менаџер Патрик Лефевр изјавил дека, бидејќи ова било сметано како потешкотии од лична природа, екипата Квик Степ ја задржува довербата во него. И покрај отсуството на службени санкции, на Бонен веднаш му било забрането учество на Тур де Свис, а подоцна и на Тур де Франс.[7][8] Во февруари 2009, белгиски суд го осудил за користење кокаин, но одлучил да не се поведат кривични санкции против Бонен, велејќи дека тој бил „доволно казнает“.[9][10]
Бонен ја започнал сезоната 2009 со освојување на етапа и генералниот и бодовниот пласмана на Трката околу Катар. Исто така ја освоил Курне-Брисел-Курне по вторпат во неговата кариера. На Ronde van Vlaanderen, неговата прва главна цел на сезоната, тој покажал добра форма, но како и во 2008 презел одбранбена улога, кога неговиот колега Стајн Дефолдер избегал и ја освоил трката по вторпат. Следната недела го освоил Пари-Рубе по третпат.
На 27 април, Бонен бил тестиран позитивно на кокаин надвор од натпреварување по третпат (првиот случај, во ноември 2007, кој не бил претходно јавно објавен) и бил суспендиран од неговата екипа, Квик Степ, на 9 мај,[11] и повторно влегол во екипата на Критериум ду Дофине Либере 2009. Кратко потоа, во јуни, го освоил неговото државно првенство. По долгата правна борба му било дозволено да учествува на Тур де Франс, еден ден пред почетокот на 3 јули 2009. Наведувајќи болест се повлекол од трката на 18 јули 2009, пред петнаесеттата етапа.
Се вратил со возење на Енеко Тур, каде ја освоил третата етапа, победувајќи го Тајлер Фарар во спринт. Потоа настапил на Вуелта а Еспања со цел да се подготви за последниот дел од сезоната. Таму завршил втор на прологот зад специјалистот за хронометри Фабијан Канчелара. Доживеал пад на седмата етапа на Вуелта, 30 километарски хронометар. И покрај тоа забележал добро време, губејќи само 1'03 и завршил на крај втор зад Канчелара. Се повлекол од Вуелта на 13. етапа, сè уште патејќи од последиците на неговата несреќа на седмата етапа. Ја завршил сезоната со второ место на Париз-Тур, откако бил победен во спринтот во група од тројца, меѓу кои и неговиот сонародник и бранителот на титулата Филип Жилбер.
На почетокот на 2010, Бонен го зазел третото место на Трката околу Катар, освојувајќи две етапи, по што следела победа на етапата 5 на Трката околу Оман. Исто така победил на етапата 2 од Тирено-Адријатико, пред да заврши втор зад Оскар Фреир на првиот монумент од сезоната, Милано-Санремо. Бонен завршил втор зад Фабијан Канчелара на Е3 Харелбеке[12], резултат кој се повторил на Трката околу Фландрија. Бонен завршил петти на Париз-Рубе следната недела.
Поголемиот дел од втората половина на сезоната го пропуштил - вклучувајќи ги и Тур де Франс, белгиското и светското првенство – поради тендинитис околу неговото лево колено, што било предизвикано од падови на Трката околу Калифорнија и Тур де Свис. Се вратил со возење во октомври на Сиркут Франко-Белж и Париз-Тур.
Бонен ја започнал сезоната со прво место на првата етапа на Трката околу Катар. Ја освоил Гент-Вевелгем, со што ја зел неговата единствена голема победа на класична трка таа сезона, додека на Трката околу Фландрија завршил четврти, а Париз-Рубе го напуштил по пад. Бонен исто така доживеал несреќа на етапата 6 на Тур де Франс, но и покрај ја завршил етапата, но повредите го принудиле да се повлече на етапа 7. На Вуелта а Еспања, Бонен повторно паднал, со што го пропуштил и Светското првенство.
Бонен ја започнал сезоната 2012 добро, со победа на етапата 7 на неговата прва трка од сезоната, Тур де Сан Луис. Во февруари, го освоил генералниот пласман на Трката околу Катар, воедно освојувајќи две етапи и бодовниот пласман, а завршил втор зад Сеп Ванмарке на Омлоп Хет Ниувсблад.
Следна трка на Бонен била Париз-Ница, каде ја освоил етапата 2. Бонен ја освоил неговата прва победа на еднодневна класична трка во сезоната на Е3 Харелбеке, по што следела победа на Гент-Вевелгем два дена подоцна. Формата на Бонен го направила голем фаворит за Трката околу Фландрија и тој го добил спринтот од членовите на бегството Филипо Поцато и Алесандро Балан, победил на монументот по третпат во неговата кариера, изедначувајќи го рекордот со Акил Бујс, Фјоренцо Мањи, Ерик Леман и Јохан Музеув. Исто така, тој е првиот велосипедист, кој некогаш во иста година ги освоил фламанските трки со калдрма Е3 Харелбеке, Гент-Вевелгем, Трка околу Фландрија и Париз-Рубе во истата година. Неговата победа на Рубе била негова четврта со што го изедначил рекордот држен од Роже де Влеминк веќе 35 години. Со освојувањето на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, тој станал првата личност на која му успеало да ги освои двете трки двапати во неговата кариера.
По неверојатна серија на пролетните класици, Бонен се вратил на тркање на Трката околу Калифорнија. Ја повратил маичката на национален првак во јуни, земајќи ја трибојната маичка од Филип Жилбер.[13] Го пропуштил Тур де Франс за подобро да се подготви за олимписката друмска трка, притоа учествувајќи на пократката Трка околу Полска. Доживеал пад на првата етапа на трката и се повлекол на петтата етапа, наведувајќи болка на десната страна на неговите гради.[14] Подоцна било објавено дека имал скршено ребро,[15] но можел да се опорави до времето на одржување на Олимписките игри, каде го пропуштил успешното бегство и завршил на 28. место.[16]
Го освоил првото издание на новата дводневна етапна трка Светски пристаништен класик, освојувајќи ја првата од двете етапи со спринт пред групата. Ја заработил маичката за бодовниот пласман и го освоил генералниот пласман откако бил трет на втората етапа.[17] Една недела подоцна Бонен го освоил полукласикот Париз-Брисел.
Во јануари, Бонен поминал една година во болница поради сериозна инфекција од рана на неговиот зглоб.[18] Се вратил во февруари на Трката околу Оман, но завршил дури на 83. место во генералниот пласман.[19] Во март се повлекол од Гент-Вевелгем и Трката околу Фландрија поради падови.[20][21] Не учествувал на Париз-Рубе поради фрактура на ребро.[22] Бонен ја освоил првата трка во годината на Хесте Пејл, настан кој не е класифициран од UCI,[23] потоа бил победник на втората етапа на Тур де Валони во јули.[24]
Сезоната започнала добро за Бонен откако завршил втор зад неговиот колега Ники Терпстра и го освоил бодовниот пласман на главно рамната Трка околу Катар.[25] Негов следен подвиг бил на Курне-Брисел-Курне, каде бил дел од бегство на десет членови од кои четворица негови колеги и тројца возачи на Белкин Про Сајклинг. Бегството било успешно и Бонен бил подобар од Морено Хофланд во спринтот со мала разлика.[26] Завршил добро на Париз-Рубе и на Трката околу Фландрија, завршувајќи на десеттото и седмото место, соодветно.
На Омлоп Хет Ниувсблад 2015, Бонен го направил одлучувачкиот потег со колегите Ники Терпстра и Стејн Ванденберг, заедно со Ијан Станард (Тим Скај). На 4,5 километри пред целта, Бонен нападнал, но постепено бил достигнат од Станард. Откако возвратниот напад на Терпстра пропаднал, Бонен не можел да го следи нападот на Станард и завршил трет откако Станард го претекнал Терпстра за победа.[27] На 9 март, Бонен паднал на Париз-Ница, здобивајќи се со изместено рамо, што го отргнало од остатокот на сезоната на класици.[28] Бонен се вратил на трка кон крајот на април, на Трката околу Турција, каде неговата улога била да го води неговиот колега Марк Кевендиш. Се подготвувал во Турција за неговиот прв настап на Џиро д’Италија.[29] Го напуштил Џиро по тринаесеттата етапа за да учествува на Трката околу Белгија, каде ја освоил воведната етапа претекнувајќи го Арно Демар.[30]
Сезоната на Бонен била доведена до крај со падот на втората етапа на Трката Абу Даби во октомври, што го оставил во несвест. Се здобил со фрактура на слепоочницата од падот. Откако првично му било кажано дека ќе му требаат шест месеци за опоравување, во интервју во весник во декември, Бонен изјавил дека тренирал добро два месеци по падот без никакви проблеми. Меѓутоа, падот му нанел трајно оштетување на неговиот слух. Исто така, изјавил дека бил „100% сигурен“ дека ќе настапува во мотори по повлекувањето од велосипедизмот, со цел да настапи на 24 часа Золдер.[31]
По релативно тивката низа на резултати на повеќето класици на калдрма,[32] Бонен завршил втор на Париз-Рубе, претекнат на целта од Метју Хејман.[33] И покрај тоа што не победи, агресивниот настап на Бонен на трката бил поздравен од поранешните победници на Париз-Рубе, Бернар Ино и Жилбер Дикло Ласал, кој го опишале како „борец“ и „прекрасен“ соодветно.[34] Во јули победил на Класик Лондон-Сари во спринтерска завршница,[35] како и Велосипедскиот класик Брисел. Ја завршил сезоната со трето место на Светското друмско првенство во Катар, каде бил поразен од владејачкиот светски првак Петер Саган и од Марк Кевендиш.[36]
На почетокот на сезоната, Бонен ја освоил втората етапа на Вуелта а Сан Хуан.[37] Ова било прва професионална победа за велосипедист кој користел диск кочници.[38] Меѓутоа, подоцна се здобил со низа падови на Трката околу Оман, Омлоп Хет Ниусблад и Тирено-Адријатико.[39] На Милано-Санремо, Бонен работел како помошник за неговите колеги, помагајќи му на Жилијан Алафилип за второто место.[40] Се вратил на калдрмисаните класици на Е3 Харелбеке, каде ја започнал трката со напад на Тајенберг, стигнувајќи до осмото место.[41] Потоа следело шестото место на Гент-Вевелгем, кое го опишал како задоволувачки резултат и добар показател за формата на калдрмисаните монументи.[42]
На Трката околу Фландрија, Бонен имал интересна трка: ја предводел екипата во подножјето на Мур ван Герардсберген, каде помогнал да се направи бегство со предводникот и крајниот победник Филип Жилбер и одиграл клучна улога во оддалечување на групата. Меѓутоа, неговата надеж за висок пласман биле попречени од механички проблем на Тајенберг и ја завршил трката на 37. место.[43] Возел на Схелдепрејс, негова последна трка во Белгија, која му оддала почит на Бонен започнувајќи од неговиот роден град, Мол. Бил дел од водечкиот „воз“ за колегата Марсел Кител, кој ја однел победата.[44] На неговата последна трка, Париз-Рубе, Бонен завршил 13. откако бил дел од водечката група на 35 километри до целта, го охрабрил колегата Здењек Штибар да го следи нападот на Даниел Ос, на крајот Чехот завршил на второто место зад Грег ван Авермат.[45]
Бонен живеел во Бален, во Фламанската Област од Белгија додека не се преселил во Монако на крајот на 2005 г. Останал таму неколку години, додека не одлучил да се врати во Белгија на почетокот на 2012.[46] Во 2015 година неговата долгогодишна девојка се порадила со женски близнаци. Веста ја твитнал велејќи: „Нашето семејство се зголеми за две мали принцези. Валентина и Жаклина заедно тежат 2,4 кг. Бебињата и мајка се добри“.[47]
Во 2016 година, Бонен платил неколку милиони евра на белгиските даночни власти откако не го пријавил неговиот приход додека бил жител на Монако. Истражителите тврделе дека Бонен поголем дел од времето го поминувал во Белгија и затоа морал да плати даноци во согласност со белгиските даночни закони.[48]
Оваа табела ги покажува резултати на Том Бонен во петте велосипедски монументи и класични трки.
Монумент | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 78 | 75 | 8 | 4 | 3 | 29 | 15 | 2 | 28 | 22 | СО | — | — | 55 | 65 |
Трка околу Фландрија | 24 | 25 | 25 | 1 | 1 | 12 | 17 | 20 | 2 | 4 | 1 | СО | 7 | — | 15 | 37 |
Париз-Рубе | 3 | 24 | 9 | 1 | 2 | 6 | 1 | 1 | 5 | СО | 1 | — | 10 | — | 2 | 13 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | не настапил во кариерата | |||||||||||||||
Џиро ди Ломбардија | не настапил во кариерата | |||||||||||||||
Класична трка | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
Омлоп Хет Ниусблад | 63 | 5 | — | 2 | 13 | 3 | 85 | 10 | 59 | 35 | 2 | — | 33 | 3 | 11 | СО |
Курне-Брисел-Курне | — | — | 9 | 22 | 3 | 1 | 4 | 1 | СО | 101 | 42 | — | 1 | 29 | 69 | — |
Дварс дор Вландерен | — | 34 | 28 | 80 | 5 | 1 | 37 | 3 | 20 | 9 | — | — | 14 | — | — | — |
Е3 Харелбеке | — | 12 | 1 | 1 | 1 | 1 | 8 | 2 | 2 | — | 1 | 7 | 11 | — | 14 | 8 |
Гент-Вевелгем | 7 | 3 | 1 | 26 | 117 | 27 | 150 | 71 | СО | 1 | 1 | СО | 5 | — | 20 | 6 |
Схелдепрејс | — | — | 1 | 4 | 1 | — | 2 | 56 | 18 | 116 | 130 | СО | 84 | — | 103 | 43 |
Класик Лондон-Сари | трката не постоела | 73 | — | — | — | — | 1 | |||||||||
Бриселски велосипедски класик | — | — | 41 | — | 2 | — | — | — | — | — | 1 | — | — | 3 | 1 | |
Париз-Тур | 22 | 102 | — | — | — | — | 10 | 2 | 136 | — | — | — | — | — | 21 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.