Ново Лагово
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Ново Лагово — село во Општина Прилеп, во непосредна близина на градот Прилеп.
Ново Лагово | |
Поглед кон Ново Лагово | |
Координати 41°18′39″N 21°30′57″E | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 224 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7515 |
Повик. бр. | +389 48 XXXXXX |
Шифра на КО | 20074 |
Надм. вис. | 623 м |
Ново Лагово на општинската карта Атарот на Ново Лагово во рамките на општината | |
Ново Лагово на Ризницата |
Селото лежи 5 км југоисточно од Прилеп. Покрај магистралниот пат А3 (Прилеп – Битола), регионалниот пат Р1101 Прилеп - Битола, и регионалниот пат Р1107 Ново Лагово-Демир Капија. Околни населени места се: Старо Лагово (2,5 км воздушна линија) на југоисток, Волково (4,5 км воздушна линија) на Исток, Беровци (2,25 км воздушна линија) и Галичани (3 км воздушна линија) на југозапад. Во селото има 6 бунари. Ново Лагово е село од збеан тип. Има 3 прави улици во правец североисток - југозапад. Долж улиците куќите се поредени во 3 низи. Селото има сè на сè 27 домаќинства (1954 г.). Обработената земја и пасиштата околу Н. Лагово се наоѓаат на месностите викани: Дујгас, Горно Садово, Долно Садово и Поле. Оддалеченост од поголемите градови во Македонија: Скопје (77км), Битола (35км).Оддалеченост од аеродромите во Македонија: Александар Македонски (72 км) и свети Апостол Павле (66 км). Ново Лагово не излегува на железничка пруга, но и покрај тоа што не излегува на железница има поволна геостратешка позиција. Ново Лагово е поврзано со Прилеп со автобуски сообраќај. Низ селото поминува Волковска река. До реката се наоѓа црквата Света Петка, чии темели се поставени во 2001 година. Света Петка е заштитник на селото.
Ново Лагово е колонистичко село, основано во атарот на Старо Лагово во 1912 г. Основачи биле православни Срби доселени 1922 г. од Далмација. Тие години доселениците добиле утринска земја која ја разделиле и ја претвориле во ниви. Потоа колонизаторите купиле ниви и во атарот на соседното село Беровци. Ново Лагово добро напредувало. Населението ја искористило поволната сообраќајна положба и близината на Прилеп како пазари. Таму продавале земјоделски производи и млеко. До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 21 куќа, и било угледно село. напредувало најбрзо од сите околни села. За време на Втората светска војна Србите од Ново Лагово страдале од Бугарите. Непријателската полиција често го опкружувала селото, ги претресувала куќите и ги тепала селаните. Населението не смеело никаде да излези надвор од селото па дури ни во Прилеп. Годината 1946, Србите од Ново Лагово освен еден род со две домаќинства се иселиле во Војводина.
Источно од селото се наоѓа мини индустриска зона, изградена во 90-тите години на минатиот век.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[2]
Во куќите на иселените Срби, и на нивната земја, власта на НР Македонија во 1946/47 населила 25 домаќинства од областа на сливот на реката Црн Дрим, најмногу од струшка Малесија. Бројот на домаќинства изнесувал:
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 224 жители, од кои 207 Македонци, 1 Албанец, 4 Срби, 4 останати и 8 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 185 | 164 | 251 | 238 | 212 | 231 | 189 | 213 | 224 |
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Населението му припаѓа на 3 етнички заедници, но преку 93% се Македонци, а останатите се: Срби и Албанци (сите се жени, омажени за селаните, донесени од Албанија).
Во селото постои училиште во кое се изучува во комбинирани паралелелки до четврто одделение, учениците образованието го продолжуваат во Старо Лагово каде што завршуваат основно образование во ПООУ Круме Волнароски чие седиште се наоѓа во селото Тополчани. Ново Лагово се наоѓа во Пpеспанско-Пелагониската епархија на Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Црквата е започната со градба во 2001 г.
Ново Лагово се наоѓа во општина Прилеп (Пелагониски Регион). Ново Лагово практично е приградска населба на градот Прилеп затоа што се наоѓа на 5 км од центарот на Прилеп, а само на 1 км од излезот на Прилеп. Регистарски таблички кои се користат во Ново Лагово се: PP-999-ZZ / PP-9999-ZZ. Поштенски код за селото е 7515 (MK-7515). Повикувачкиот број за Ново Лагово е ист со Прилеп 048 (од странство се бира со +389 48 XXXXХХ,притоа код за Македонија е 389, за Прилеп 048). Со селото управува месната заедница Ново Лагово.
Во селото постои избирачкото место бр. 1435 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 164 гласачи.[9]
Селото е важна точка во Општина Прилеп бидејќи низ него поминуваат еден магистрален пат и 3 регионални патишта.
Спортскиот тим на Ново Лагово се викал ФК Караорман.
Иселеничките семејства биле: Вујасиновиќ (1куќа), Каролија (5 куќи), Масникоса (2 куќи), Милановиќ (2 куќи), Бунчиќ (2 куќи), Угричиќ (1куќа), Кутлача (1 куќа), Гриќ (1 куќа), и Рашиќ (1 куќа), по потекло од село Ивошевци во Бенковац, Задарска Жупанија, Хрватска. Р'нчиќ (1к.), Деспиниќ (1к .) и Урукало (1к.) кои се по потекло од Врлик кај Книн, Шибеничка Жупанија, Хрватска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.