Тополчани

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Тополчаниmap

Тополчани — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

За истоимената поранешна општина, видете Општина Тополчани.
Кратки факти
Тополчани
Thumb

Поглед на селото

Thumb
Тополчани
Местоположба на Тополчани во Македонија
Тополчани на карта

Thumb

Координати 41°13′42″N 21°25′53″E
Регион Прилеп
ОпштинаПрилеп
Население310 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7512
Шифра на КО20103
Надм. вис.600 м
СлаваСпасовден
Тополчани на општинската карта
Thumb

Атарот на Тополчани во рамките на општината
Тополчани на Ризницата
Затвори

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Прилеп.

Потекло и значење на името

Според жителите, селото Тополчани најпрво се нарекувало Плочани бидејќи луѓето тука изработувале камени плочи кои ги продавале во Битола. Ова занимање постоело до 1912 година. Од старото име Плочани настанало официјалното денешно име Тополчани.[2]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот јужен дел на Прилепското Поле и во јужниот дел на територијата на Општина Прилеп, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 600 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 17 километри.[3]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од автопатот А3.

Тополчани е познато село во Прилепското Поле. Се наоѓа лево од коритото на Црна Река, покрај автопатот А3 и регионалниот пат R1101. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Ерековци и Шелеверци на исток, Клепач на југ, Новоселани и Лознани на југозапад, Тројкрсти на северозапад и Загорани и Веселчани на север. Жителите со вода за пиење се снабдуваат од селска чешма и 2-3 бунари. Во околината на селото се наоѓаат изворите Крива Врба, Петочна и Неделска Вода. Изворите лете пресушуваат, поради што мештаните оделе до други бунари во полето.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Старо Село, Царевиќ, Калдрма, Долни Јаз, Бели Камења, Мал Крст, Завој, Гајтанова Лака, Гајтаница, Долни Ливади, Стари Лозја и Барлејца.[2]

Тополчани е издолжено во насока северозапад-југоисток. Селото има збиен тип, поделено на четири маала. Низ селото води пат, кои ги дели Горно и Степаноско Маало на една, и Долно и Илиоско Маало на другата страна од патот.[2]

Историја

Thumb
Српски превод на писмото од 1907 г. кое војводата Павле Наумов им го испратил на луѓето од село Тополчани, во кое вели дека не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци.

Подрачјето на Тополчани е населено барем од неолитот, за што сведочат остатоци на населба и јами на наоѓалиштето Чука.[4]

Првиот помен за Тополчани потекнува од првата половина на XVII век. Преданието говори дека некогаш во Старо Село, околу 400 метри источно од денешната местоположба се наоѓало старото село Тополчанни со 10 до 15 куќи. Подоцна, тоа село, при турските зулуми било целосно напуштено од своите жители. Денешното село било основано од староседелското население на тогашното село пред околу 150-180 години.[2]

Денес, на местото на селиштето може да се забележат остатоци од црковен храм, гробови и темели од куќи.[2]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 13,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 860 хектари, на пасиштата отпаѓаат 394 хектари, а на шумите само 16 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него има земјоделска задруга, продавници и услужни објекти.[3]

На почетокот на XX век, во селото Тополчани постоеле три чифлици, чии сопственици биле Риза-бег, Усеин-ага, а името на третиот сопственик е заборавено. Неговиот чифлик го купил некој христијанин од Прилеп. Овој чифлик се нарекувал Вукароски. По ослободувањето од турската власт, селаните си ја купиле земјата, додека еден дел ја добиле со аграрната реформа направена за време на Кралството Југославија.[2]

Население

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 38 домаќинства со 172 жители христијани (Македонци) и 4 Роми.[5]

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948745    
1953785+5.4%
1961929+18.3%
1971857−7.8%
1981757−11.7%
ГодинаНас.±%
1991565−25.4%
1994505−10.6%
2002449−11.1%
2021310−31.0%
Затвори

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тополчани живееле 360 жители, сите Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополчани е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[7]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 440 Македонци, патријаршисти.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]

Селото во 1961 година броело 929 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 505 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Тополчани живееле 449 жители, сите Македонци.[9] Од нив 243 биле мажи, а 206 жени.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 297 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 10 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 440 745 785 929 857 757 565 505 449 310
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Тополчани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

  • Староседелци: Степановци (10 к.), Илиовци (7 к.), Трпковци (6 к.), Шиклевци (5 к.), Шуплиновци (4 к.), Китевци (2 к.), Јандревци (5 к.) и Коруновци (2 к.). Родовите Јандревци и Коруновци се деленици од родот Трпковци.
  • Доселеници: Калaмуковци (4 к.), Петанчевци (6 к.), Вузевци (3 к.), Јанчевци (3 к.), Радичовци (4 к.), Караџовци (2 к.), Станковци (2 к.), Бојковци (2 к.), Балабановци (4 к.) и Пројчевци (4 к.) доселени се однекаде; Чапкуновци (7 к.) доселени се од селото Лознани; Чагоровци (4 к.) доселени се од Чагор; Зацевци (2 к.) за нив се вели дека секаде скитале, доселени се од Лознани; Ѓоргијовци (3 к.) доселени се однекаде; Беговци (3 к.) и тие се доселени однекаде; Карабелевци (4 к.) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде; Кожуваровци (2 к.) доселени се однекаде; Козаровци (1 к.) доселени се од Горно Алинци и Роглевци (2 к.) доселени се од Битола, а пред тоа живееле во други села.[15]

Иселеништво

Општествени установи

  • Амбуланта
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

Thumb
Грб на поранешната Општина Тополчани.

Кон крајот на XIX век, Тополчани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Тополчани.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Тополчани, во која покрај селото Тополчани, се наоѓале и селата Веселчани, Загорани, Клепач, Тополчани и Тројкрсти. Селото било седиште на некогашната општина Тополчани во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Веселчани, Загорани, Тополчани, Тројкрсти и Чепигово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1500 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на работнички универзитет.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 320 гласачи.[17]

Thumb
Фреска на Св. Кирил од црквата „Вознесение Христово“ во Тополчани.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Крива Врба — населба од римско време;
  • Чука — населба и јами од неолитот и средниот век;
  • Џаферица — депо на монети од римско време; и
  • Селиште — населба од непознат период.

Цркви

Редовни настани

Слави[2]

Личности

Родени во или по потекло од Тополчани

Култура и спорт

  • ФК Тополчани

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.