Ерековци

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Ерековциmap

Ерековци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп, од левата страна на патот Прилеп - Битола.

Кратки факти
Ерековци
Thumb
Ерековци
Местоположба на Ерековци во Македонија
Ерековци на карта

Thumb

Координати 41°12′46″N 21°28′59″E
Општина Прилеп
Население217 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7514
Шифра на КО20037
Надм. вис.660 м
СлаваВелигден
Ерековци на општинската карта
Thumb

Атарот на Ерековци во рамките на општината
Ерековци на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Зајдисонце кај Ерековци

Ерековци е рамничарско село на надморска височна од 660 метри, недалеку од Бакарно Гумно. Се наоѓа во крајниот јужен дел од Прилепско Поле. Од градот Прилеп селото е оддалечено 22 километри. Во Ерековци работат основно училиште до IV одделение и 4 прехранбени продавници.

Историја

Пред доаѓањето на Турците селото се нарекувало Сливово,(Слива = Ерек тур.)

Стопанство

Населението се занимава исклучиво со земјоделство особено со одгледување тутун и житни култури (најмногу пченица и јачмен).

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948881    
19531.003+13.8%
1961789−21.3%
1971643−18.5%
1981684+6.4%
ГодинаНас.±%
1991561−18.0%
1994455−18.9%
2002385−15.4%
2021217−43.6%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ерековци живееле 478 жители, од кои 360 Турци, 110 Македонци и 8 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Ерековци имало 110 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ерековци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Ерековци живееле 554 жители, од кои 425 Турци и 129 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 г. во Ерековци живеат 385 жители. Од нив 382 биле Македонци, 1 Србин и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 217 жители, од кои 197 Македонци, 3 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 12 лица без податоци.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 881
1953 266 736 1 ... 1.003
1961 698 89 ... ... 1 ... 1 789
1971 624 1 16 ... 2 ... 643
1981 677 7 ... 684
1991 556 5 ... 561
1994 450 4 ... 1 455
2002 382 1 2 385
2021 197 3 1 1 3 12 217
Затвори

Родови

Ерековци е македонско село, додека во минатото во селото имало и Турци.

Турски родови во селото биле:

  • Доселеници: Гомарлар (10 к.), Сирвилер (8 к.), Љамелер (7 к.), Тиролар (6 к.), Голи Мутолар (6 к.), Палалар (7 к.), Крџелер (13 к.), Кара-Асанлар (13 к.), Амзалар (6 к.) и Ганиалар (5 к.) овие родови воглавно дошле во исто време, тоа било во втората половина на XVIII век. Во родот Палалар се знае следното родословие: Селман (жив на 72 г. во 1950-тите) Рамадан-Суљман (наречен Палалар) -Селман-Абаз.

Македонски родови:

  • Доселеници: Вршковци (12 к.) овде живееле и пред 1912 година, доселени се од селото Штавица, подалечно потекло од селото Кален во Мариово; Од 1912 до 1940 се доселиле родовите; Марковци (3 к.) доселени се од селото Лознани; Карабелевци (1 к.) доселени се од селото Новоселани; Шестаковци (2 к.) и Кромидовци (1 к.) доселени се од селото Боротино; Николевци (2 к.) доселени се од селото Вирово во Железник; Китановци (3 к.), Бошевци (2 к.) и Јошевци (2 к.) доселени се од селото Лознани; Дојчиновци (4 к.) и Наумчевци (3 к.) доселени се од селото Чепигово; Мицковци (5 к.) и Сиџимовци (1 к.) доселени се од селото Шелеверци; Стојковци (1 к.) доселени се од селото Веселчани; Годините 1955 и 1956 на имотите на иселените турски родови населени се Македонци од Караорманските села (10 к.), Струшко (10 к.), Кичевско (5 к.) и Мариово (5 к.).[10]

Општествени установи

Основно училиште Кирил и Методиј, до IV одделение. Во селото функционира и Месна Заедница, со цел подобрување на животните услови во селото.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1495 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на просторија на мз.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 252 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Село Ерековци го слави како селска слава големиот Христијански празник Велигден. По повод Христијанскиот празник Водици,традиционално секоја година селото организира собир во Црковниот Храм -Воскресение Христово-, проследено со фрлање на крст во базенот на Црквата.

Култура и спорт

Од спортот во Ерековци,постарите генерации го паметат фудбалскиот клуб Стрела. За жал тој клуб повеќе не постои.Во селото долги години опстојувало и Културно Уметничко Друштво.

Иселеништво

Во последно време селото почнува демографски да изумира. Тоа се должи на емиграцијата село-град т.е. и така малиот број на младо население во потрага за подобар живот заминуваат во Прилеп, Битола, а нечесто и во Скопје. Заради малиот број на ученици селското училиште може наскоро да биде затворено.

Од село Ерековци постојат голем број на иселеници во Австралија,САД,Германија,Швајцарија,Франција,Австрија,Србија и др.

Турското население од ова село е иселено во Турција.[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.