Боротино
село во Општина Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Боротино — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Боротино | |
Поглед на селото | |
Координати 41°17′21″N 21°24′3″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Кривогаштани |
Област | Прилепско Поле |
Население | 265 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7525 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20008 |
Надм. вис. | 590 м |
Слава | Света Марина |
Боротино на општинската карта Атарот на Боротино во рамките на општината | |
Боротино на Ризницата |
Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Боротин во XV век (1468 г.). Името доаѓа од личното име Борота или Боротин.[2]
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на Општина Кривогаштани. Селото е сместено главно во средишниот дел меѓу двата пата од Прилеп за Битола и од Прилеп за Крушево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 21 километар,[3] додека од општинското средиште Кривогаштани е оддалечено 10 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 2339, кој ја поврзува Пелагонија со Железник.
Селото се наоѓа на левата страна од реката Блато. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Кадино Село на исток, Загорани на југ, Пашино Рувци и Обршани на запад и Врбјани на север. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Околу селото нема извори.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Боротинска Рудина, Ластојца, Преко Блато, Аљојца, Голема Нива, Рамаданица и Петков Вир.[4]
Главниот пат со правец исток-запад го дели селото на два дела: северен кој се нарекува Горно Маало и јужен, Долно Маало.[4]
Источно од селото се наоѓа месноста Рудина, каде мештаните откопувале големи ќупови.[4]
Поради близината на реката Блато и подрачјата погодни за поплавување, селото било силно погодено при поплавите во 1937 година, кога било срушено.[4]
Атарот зафаќа простор од 9,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 807,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 35,6 хектари, а на шумите отпаѓаат само 3,3 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
До 1912 година, целото село било чифчијско и единствено две куќи од родот Ѓорѓиовци имале своја земја. Последните сопственици на чифлиците биле од Прилеп (Зуљам-оџа, Камбер-ага, Алабак, Афуз, Аџи Илија, Илија и Милан). Последните тројца биле Македонци, кои ги купиле чифлиците пред 1912 година. Од 1912 година, селаните започнале да ја купуваат земјата од сопствениците на чифлиците. По Првата и Втората светска војна, некои селани добиле државна земја со аграрните реформи.[4]
По Втората светска војна, државниот комбинат „Славеј“ во поранешното село Александрово и претпријатие со седиште во Воѓани зазеле голем дел од атарот на селото.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства 175 жители мажи.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Боротино живееле 280 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боротино имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боротино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 352 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 264 жители и тоа преминало во мало село, населено со македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Боротино живееле 277 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 265 жители, од кои 264 Македонци и 1 лице без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 120 | 303 | 351 | 352 | 353 | 336 | 270 | 264 | 277 | 265 |
Боротино е македонско село.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:
Се знае за следните иселеници од ова село. Родот Бозовци иселени се во Загорани, Крбалевци иселени се во Врбјани, Лисковци иселени се во Поешево, Мисирковци иселени се во Мало Коњари, Шестаковци и Кромидовци иселени се во Ерековци.[4]
Во XIX век, Боротино било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Мало Коњари, во која покрај селото Боротино, се наоѓале и селата Врбјани, Големо Коњари, Кадино Село, Мало Коњари, Мирче Ацев и Славеј. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Боротино, во која се наоѓале селата Боротино, Обршани и Пашино Рувци.
Во селото постои избирачкото место бр. 1517 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 224 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[18]
Фудбалскиот клуб „Боротино“ успешно се натпреварува во Општинската лига на Прилеп.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.