Поешево
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Поешево — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Поешево | |
Воздушен поглед на селото Поешево | |
Координати 41°0′57″N 21°23′30″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 196 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7000 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02095 |
Надм. вис. | 578 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Поешево на општинската карта Атарот на Поешево во рамките на општината | |
Поешево на Ризницата |
Името го добило по тоа дека на ова место мештаните од околните села го носеле добитокот да се напои со вода.[2]
Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле. Лежи југоисточно од градот Битола, на оддалеченост од шест километри.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 578 метри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој започнува од битолската населба Боримечка.
Поешево е полско село во близина на градот Битола, опколено со ниви. Најблиски села се Логоварди, Оптичари и Кравари. Во минатото, мештаните имале добра вода за пиење, која ја добивале од пет бунари.[4] Денес, во селото има изградено водовод.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Слатина Горна и Долна, Бачилиште, Црна Земја, Мустаица, Муфтиица, Блатски Ливади, Пепелашица, Бакбакари, Крив Лаг, Прличкоици, Петочна Вода, Кравашница, Калдрма, Богданица и Мездра.[4]
Селото има збиен тип, составено од Горно, Средно и Долно Маало. Маалата се состојат од групи на роднински куќи.[4]
Месноста Бачилиште, денес под ниви, се наоѓа помеѓу селата Поешево, Логоварди и Оптичари. Тоа е повисоко земјиште од останатиот дел и никогаш не се поплавува. Во народот се говорело дека на Бачилиште имало старо селиште. Таму, мештаните изорувале широки ќераминди, ѓунци за вода и камења. Таму се наоѓа и изворот Чаир.[4]
Поешево се вбројува во старите села во Битолско. Во него се зачувани два староседелски рода. По народното предание, некогаш во Битолско Поле имало само три цркви: по една во Поешево, во историското село Букри и во Лопатица.[4]
Според пописот од 1468 година во селото се регистрирани 60 христијански и едно муслиманско семејство.
Во турските пописни дефтери за Битолска нахија од 1468 година името на селото Поешево е напишано со формата Б-о-ж-д-ш-в-а, а во пописните дефтери од 1544 година е забележано како Поздешево или Поздеш.[4]
Во 1568 година во селото имало 54 христијански и 6 муслимански семејства.
Атарот на селото зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 670 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат услужни објекти, а во минатото земјоделска задруга.[3]
Населението на Поешево се занимава со земјоделство и сточарство. Успеваат сите житни и градинарски култури. Атарот е покриен со мрежа за наводнување од хидросистемот „Стрежево“.
Во турско време во селото имало чифлици, чии последни сопственици биле Неџип-ефенди, Фаид-бег, Рифан-бег, Селим-бег, Имер-бег, Осман-ага, Смаил Заваго и уште двајца други, сите битолски Турци. По 1912 година, нивната земја била купена евтино, а останатиот дел селаните го добиле со аграрната реформа. Голем дел од поешевската земја ја купиле жители на градот Битола.[4]
Во минатото, во селото постоел ан, во кој преноќувале патници со камили на патот Битола-Поешево-Оптичари-Средно Егри. На местото на анот денес се месностите Калдрма и Воденичарски Пат.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поешево живееле 210 жители, сите Македонци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Поешево (или Аккечели) се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 23 куќи.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Поешево имало 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Поешево во 1961 година броело 335, а во 1994 година 256 жители и целото е населено со македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, селото броело 272 жители. Во него живееле 266 Македонци и 6 Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 196 жители, од кои 190 Македонци, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | 208 | 234 | 266 | 335 | 323 | 389 | 331 | 256 | 272 | 196 |
Поешево е чисто македонско православно село, претежно сите родови во селото се доселенички.[4]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
Се знае за следниве иселеници: Марковци (3 к.), Петковци (1 к.) и Чалои (1 к.), живеат во Средно Егри, ’Ртовци (4 к.) и Билевци (3 к.), живеат во Чепигово кај Прилеп, Кураш (1 к.), живеат во Оптичари, Гунгуловци (3 к.), живеат во Долно Агларци. Од родот Кртноговци едно семејство се преселило во Битола. Изумрел родот Бошковци, кои дошле од селото Брод (село) кај Бач. Изумреле и неколку семејства на староседелскиот род Кртноговци.[4]
Од селото се иселиле на 150 лица во градовите Битола и Ресен, во Кравари, како и во прекуокеанските земји и Европа.[2]
На крајот од XIX век, Поешево било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на рамките на тогашната општина Новаци.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната општина Логоварди, во која покрај селото Поешево се наоѓале селата Долно Оризари, Карамани, Логоварди, Оптичари и Трн.
Во селото постои избирачкото место бр. 0136 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 210 гласачи.[17]
Во Поешево активно работи фудбалскиот клуб „Поешево“. Од 1978 година се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Битола.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.