Бистрица (Битолско)
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Бистрица — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Бистрица | |
Воздушен поглед на селото Бистрица | |
Координати 40°58′44″N 21°21′54″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 734 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7221 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02007 |
Надм. вис. | 650 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Бистрица на општинската карта Атарот на Бистрица во рамките на општината | |
Бистрица на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно средиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во подножјето на Баба Планина.
Името на селото првпат е споменато во турски документи од XVI век (1568-1569 г.). Името потекнува од хидронимиското име „бистар“ или „бистра“ и означува нешто што е брзо или чисто и прозрачно.[2]
Самото име се поврзува и со бистрата планинска вода на реката што тече низ селото.[3]
Селото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола, под источната страна на планината Баба. Селото се наоѓа јужно од градот Битола, на оддалеченост од помалку од осум километри.[4] Селото е рамничарско, иако куќите се наоѓаат на просечна надморска височина од 650 метри.[4] Бистрица во долниот дел е на надморска височина од 586 метри, додека во горниот дел е 680 метри.
Низ селото поминува регионалниот пат 2333.
Селото се наоѓа во подножјето на планината Баба, покрај патот Битола-Лерин. Атарот на селото Бистрица граничи со атарите на следните села: Крстоар и Кравари од север, Оптичари од исток, Злокуќани од запад, и Олевени од југ. Бистрица поседува обилни извори на питка вода. Има преку 60 бунари, длабоки до 3 метри и шест чешми.[5]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кула, Стара Црква, Сува Река, Бендолица, Грмаѓе, Гумниња, Бела Вода, Винарски Пат, Градски Пат, Тумба, Калдрма, Бразда, Соленик, Бразда, Бучало, Средорек, Мифтарица, Ѓупки, Слатина, Средни Ливади и Кљандарка.[5]
Селото има збиен тип, издолжено во насока исток-запад. Поделено е на три маала, Долно, Средно и Горно Маало. Во Средното Маало се наоѓа задружниот дом.[5]
Селото претставува стара населба. Од сочуваните документи се забележува дека истата се среќава уште во 1468 година, во Големиот пописен турски дефтер, кога во неа живееле 90 семејства и би броела од 470-570 жители. Народното предание наведува дека некогаш на местото на денешното село постоело друго старо село. Тоа пропаднало за време на отоманскиот период. Од тој период останало само црквиште на месноста Стара Црква, околу 200 метри западно од патот, каде денес има стари гробови (остатоци од плочи) и темели од куќи.[5]
Македонското население и од Бистрица било принудено да бара заем за покривање на своите долгови кои доаѓале поради разните давачки што ги собирала османлиската власт. Давачките биле многубројни и разновидни. Задолжувањето на жителите кај приватни лица или „вакав“ продолжило и во наредните години. Долговите се плаќале со голема лихва што се одразувало на нивниот живот. Во 1640 година, поради ненавремено враќање на долгот, еден жител по име Димо бил затворен, а познатиот Бендо Али со својата чета го нападнал затворот и го ослободил. Во 1713 година веќе се споменуваат и чифлизи кај Бистрица и тоа неколку такви, сите во сопственост на муслимани, што зборува дека пропаѓањето на селаните и во ова село е евидентно.
Денешното село е основано во поново време, веројатно на крајот на XVIII век. Го основале доселени македонски родови, кои дошле да работат на чифлизите. Тие го основале денешното Долно Маало. По Првата светска војна, селото се проширило на останатите селски делови од понови доселеници.[5]
По Првата светска војна, во селото дошле многу доселеници од македонските села во Егејска Македонија.[5]
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]
Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 5,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 419,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 98,1 хектар, а на шумите само 2,1 хектар.[4]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]
Покрај овоштарството, застапени се житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бистрица живееле 245 жители, сите Македонци.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Бистрица се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 36 куќи.[8]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бистрица имало 256 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век се намалува населението, по Балканските војни во 1914 година, населбата имала 28 домаќинства со 107 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[10]
Бистрица станало имиграциско место, па затоа преминало од средно, во големо село. Во 1961 година, селото броело 734 жители, а во 1994 година 988 жители, од кои 960 биле Македонци, 21 Албанец и 5 жители Срби.[4]
Според пописот од 2002 селото брои 1.015 жители, од кои 949 Македонци, 55 Албанци, 8 Срби и 3 останати.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 734 жители, од кои 660 Македонци, 43 Албанци, 1 Влав, 6 Срби, 1 Бошњак, 3 останати и 20 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 245 | 256 | 565 | 636 | 734 | 965 | 1140 | 1122 | 988 | 1015 | 734 |
Бистрица е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, а првиот род дошол почетокот на XIX век.[5]
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Постари иселеници има во селата Канино, таму е родот Бистричеви (7 к.). Родовите Николовци (4 к.) и Калимановци, иселени се во Олевени.[5]
Иселеници после Втората светска војна има на многу места, пред сè Битола, но и во Скопје, САД, Австралија, Шведска и Германија.[3]
На крајот од XIX век, Бистрица било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Бистрица.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на рамките на тогашната општина Бистрица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Буково, во која покрај селото Бистрица се наоѓале селата Буково, Злокуќани, Кравари, Крстоар и Орехово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бистрица, во која влегувале селата Бистрица, Злокуќани, Кравари, Крстоар и Олевени.
Во селото постои избирачкото место бр. 0149 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 755 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 763 гласачи.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.