Орехово
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Орехово или Горно Орехово — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Орехово | |
Координати 40°58′59″N 21°19′0″E | |
Општина | Битола |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02027 |
Надм. вис. | 1007 м |
Орехово на општинската карта Атарот на Орехово во рамките на општината | |
Орехово на Ризницата |
Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[5] Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската каза со 31 куќа.[6] Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 240 | 316 | 310 | 279 | 261 | 286 | 55 | 39 | 23 | 9 |
Орехово е македонско село.
Родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[15]
Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија.[13]
Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола, прекуокеанските земји и во европските земји.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.