датум From Wikipedia, the free encyclopedia
3 мај — 123-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (124-и во престапна година). Остануваат 242 денови до крајот на годината.
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
Настани:
1500 | Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија. |
1791 | Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година). |
1814 | Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло. |
1841 | Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија по потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година. |
1922 | Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз. |
1945 | Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година. |
1946 | Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна. |
1979 | Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја. |
Родени:
612 | Константин III Ираклиј — византиски цар. |
1367 | Хенри IV — крал на Англија. |
1415 | Сесилја Невил — мајка на Едвард IV. |
1469 | Николо Макијавели — италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф. |
1860 | Вито Волтера — италијански математичар и физичар. |
1892 | Џејкоб Вајнер — канадски економист. |
1917 | Киро Глигоров — македонски и југословенски политичар, прв претседател на Република Македонија. |
1920 | Киро Билбиловски — македонски филмски снимател. |
1925 | Оливера Марковиќ — југословенска и српска глумица. |
1933 | Стивен Вајнберг — американски физичар. |
1933 | Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“. |
1937 | Миле Маневски — македонски писател. |
1941 | Нона Гаприндашвили — грузиска шахистка, светска шампионка од 1962 до 1978 година. |
1948 | Авни Абдулах — македонски писател. |
1961 | Миро Гавран — хрватски писател. |
1963 | Џеф Хорнасек — американски кошаркар и тренер. |
1972 | Рената Дескоска — македонска универзитетска професорка и политичарка. |
1973 | Михаел Рајцигер — холандски фудбалер. |
1974 | Захар Пашутин — руски кошаркар. |
1984 | Ѓорѓи Ицоски — македонски биатлонец и крос-кантри скијач. |
1985 | Езекил Лавеци — аргентински фудбалер. |
1989 | Катинка Хосу — унгарска пливачка. |
1996 | Алекс Ивоби — нигериски фудбалер. |
2003 | Флоријан Вирц — холандски фудбалер. |
2004 | Александар Павловиќ — германски фудбалер. |
Починале:
1481 | Мехмед II Освојувачот — отомански султан (р. 1432). |
1758 | Бенедикт XIV — римски папа. |
1926 | Кнут Виксел — шведски економист. |
1942 | Елпида Караманди — македонски народен херој. |
1991 | Јежи Кошињски — американски писател. |
2004 | Томо Томоски — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата. |
2014 | Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
2016 | Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка. |
Празници:
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
* | Светски ден на печатот |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.