From Wikipedia, the free encyclopedia
Комедијата е вториот основен вид драма, во кој судирот, дејствието и личностите се прикажани во смешна форма. Називот потекнува од грчкиот јазик и значи весела песна. Во комедијата се прикажува смешното во животот, а смешните појави обично се случуваат поради несообразноста меѓу тоа што е нормално, вообичаено и логично и отстапувањето од тоа. Смешни, според Аристотел, се некоја грешка, некое безобразие, кои кај никого не предизвикуваат страдања и за никого не се погубни. Личностите во комедиите сакаат да се прикажат во поинаква светлина, спротивна од вообичаеното однесување, дејствување и зборување. Тие како да се надвор од реалноста, им недостасува разумен начин на живеење. Комичните личности не се одбивни, тие се смешни. Токму поради оваа своја особина тие придонесуваат драмското дејствие да разведрува, наспроти фактот што писателот во комедијата честопати преку хуморот сака нешто да исмее.
Книжевност |
---|
Основни облици |
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Според тоа на кого, или на што, се однесува смешното во комедиите, тие се делат на неколку видови: комедија на карактери, комедија на нарави, комедија на интрига и комедија дел арте.
Во романот „Дон Кихот“, Сервантес вели дека е добра за општеството, зашто таа е огледало на постапките од човековиот живот и од нема подобро средство за прикажување на тоа какви сме и какви треба да бидеме.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.