From Wikipedia, the free encyclopedia
Георгиос Диконимос (Γεώργιος Δικώνυμος), познат како капетан Макрис (Μακρής), е андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Диконимос е роден во 1887 година во Каликратис на островот Крит. На 13 јуни 1903 година ја минал грчко-турската граница со андартска четата во која влегле критјаните Георгиос Перос, Евтимиос Каудис, Ламбринос Вранас, Георгиос Сейменис, Горгиос Зауридис, Георгиос Стратинакис, Енатратиос Бонатос, Маноусос Катунатос и Николаос Лукакис[2], а предводена од Георгиос Цондос.
Дикоминос и останатите критјани биле меѓу првите андарти кој го помагале грчкиот патријаршиски костурски митрополит Германос Каравангелис во Костурско и Леринско.
Оваа чета по избувнувањето на Илинденското востание имале судир со четата на Македонската револуционерна организација, а подоцна учествувале во палењето на селото Косинец. Потоа сите критјани, со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис, се повлекле од Македонија.
Меѓутоа веќе во 1904 година тие се вратиле и ја продолжиле Борбата за Македонија [3].
На 25 март 1905 година четите на Георгиос Диконимос, Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Павлос Гипарис и капетан Болакас, околу 300 андарти, го нападнале селото Загоричани, во текот на нападот биле убиени околу 100 души, а селото било запалено [4].
Во 1905 година заменикво четата на Диконимос е Павле Илиев, а во 1906 година Георгиос Диконимос бил тешко ранет при судирот се аскерот. Во мај 1908 година го нападнал Вишени, во текот на нападот биоле убиени 9 жени, 4 мажи, а три други жени биле тешко ранети[5], по овој напад Диконимос ја напуштил Македонија.
Во текот на Првата балканска војна на 14 октомври 1912 година заедно со Лазар Апостоловски (Лазарос Апостолидис) учествувал во опсадата на Богатско. Со својот одред влегол и зел учество во Битката кај Сачишта [6].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.