From Wikipedia, the free encyclopedia
Крит (грчки: Κρήτη) е една од тринаесетте периферии на Грција. Исто така е најголем од грчките острови со површина од 8.336 км2 (3,219 mi²) и е петти најголем остров во Средоземјеито.
Крит е место со значајна древна историја и е популарна туристичко одредиште; во неговите знаменитости спаѓаат минојските наоѓалишта на Кносос и Фестос, класичниото наоѓалиште Гортис, венецискиот замок во Ретимно, и кањонот Самарја, како и многу други природни месности, споменици и плажи. Крит бил центарот на минојската цивилизација (околу 2600–1400 п.н.е.), најстарата форма на грчка и европска цивилизација. Со векови бил познат под своето италијанско име Кандиа (италијански: Candia), од средовековното име на главниот град Ираклион, Хандакс (грчки: Χάνδαξ или Χάνδακας што значи „шанец“). На класичен латински се нарекувал Крета (латински: Creta), а на турски Кандије или Гирит (турски: Kandiye или Girit).
Крит Κρήτη | |
---|---|
Ираклион. | |
Географија | |
Координати: | |
Вкупно острови: | 25 |
Површина:[1] | 8.336 км² |
Највисока точка: | Псилоритис (2.456 m) |
Управување | |
Грција | |
Периферија: | Крит |
Префектура: | Ираклион Ласити Ретимно Хања |
Главен град: | Ираклион |
Статистики | |
Население: | 623,666 (од 2005) |
Густина: | 75 жит/км² |
Пошт. бр.: | 72x xx, 70x xx, 71x xx, 73x xx, 740 55, 74x xx |
Повик. бр.: | 284 x0, 2810, 289x0, 282x0, 28310, 283x0 |
Код на регистарски таблички: | AN, HK, HP, XN, PE |
Портал | |
www.crete-region.gr |
Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје, со население од 650.000 (2005). Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 км2, со брегова линија од 1046 км ; на север излегува на Критското Море (грчки: Κρητικό Πέλαγος); на југ на Либиското Море (грчки: Λιβυκό Πέλαγος); на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.
Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини. Тие се:
На овие планини се простираат плодни висорамнини, како Ласити, Омалос и Нида; пештери, како Диктеон и Идеон; и кањони како познатиот кањон на Самарја. Заштитената област на кањонот Самарја е дом на кри-кри, додека пак критските планини и кањони се прибежишта за загрозениот грабливец Ламергајер (Gypaetus barbatus).
На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.
Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.
Економијата на Крит, која воглавно се засновала на земјоделство, започнала да се променува во текот на 1970-тите. Иако земјоделството е најнагласено, благодарение на климата и релјефот на островот, постои пад во производството и забележителна експанзија во угостителството (воглавно поврзано со туризмот). Сите три сектори на критската економија (земјоделство, обработка-пакување, угостителство), се директно поврзани и меѓусебно зависни. Островот има приход по глава на жител близу 100% од грчкиот просек, додека пак невработеноста е приближно 4%, половина од просекот на државата. Како и во другите региони на Грција, производството на маслинки е многу важно производство; мало количество на цитрони сѐ уште се одгледува на островот.
Островот има три значајни аеродроми: аеродромот Никос Казанѕакис во Ираклион, аеродромот Даскалојанис во Хања и еден помал во Ситиа. Првите два опслужуваат меѓународни одредишта и се главните портали кон островот за патници.
Крит е една од најпопуларните одредишта во Грција; петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром), додека пак чартер патувањата до Ираклион лани беа 20% од сите чартер летови во Грција. Сѐ на сѐ, повеќе од два милиони туристи го посетиле Крит лани и овој пораст во туризмот се одразува на бројот на легла во хотелите, кој се покачил за 53% во периодот од 1986 to 1991, кога во остатокот од Грција се покачил за само 25%. Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.
Главните градови на Крит се:
Островот Крит е периферија на Грција, која се состои од четири префектури (грчки: νομοί):
Во рамките на аматерското радио се смета за посебен „ентитет“ со ИТУ претставка SV9.
Повеќе за Crete на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.