Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кносос (грчки: Κνωσός, линеарно 𐀒𐀜𐀰), се изговара Ко-но-со[2]) — древен град на островот Крит, престолнина на легедарниот крал Минос и најголем културен центар за време на периодот на раните егејски цивилизации, познат по неговата поврзаност со грчкиот мит за Тезеј и минотаурот. Кносос се наоѓа на 6 километри од Ираклион, денешниот главен град на Крит и денес претставува голема туристичка знаменитост. Кносос според многумина е најстариот град во Европа..[3]
Κνωσσός | |
Карта на Крит | |
Место | Ираклион, Крит, Грција |
---|---|
Област | Северниот централен брег, 5 kм (3.1 ми) југоисточно од Ираклион |
Координати | 35°17′53″N 25°9′47″E |
Вид | Минојска палата |
Површина | Total inhabited area: 10 km2 (3.9 ми). Palace: 14,000 m2 (150,000 sq ft)[1] |
Историја | |
Изграденo | Населба околу 7000 п.н.е.; првата палата околу 1900 п.н.е |
Напуштено | Палатата напуштена доцноминојсиот период, 1380–1100 п.н.е |
Раздобје | Младо камено време до Бронзено време |
Култури | Минојска цивилизација, Микенска цивилизација |
Белешки за наоѓалиштето | |
Ископување | 1900–денес |
Археолози | Минос Калокаиринос, Артур Еванс, Дејвид Џорџ Хогарт, Данкан Мекензи, Теодор Фајф, Христијан Дол, Пјет де Јонг, Џон Дејвис Еванс |
Состојба | Реставрирана и одржувана за посета. |
Раководство | 23-ти Ефорат за праисториски и класични антиквитети |
Јавен пристап | Yes |
Портал | Грчко Министерство за култура и туризам |
Градот во континуитет бил населен 7000 години, започнувајќи со неолитски населби околу 7-от милениум п.н.е., сè додека не бил напуштен поради некоја голема катастрофа околу 1375 п.н.е. со што бил означен падот на минојската цивилизација. На Кносос доминира монументалната Минојска палата. Како и другите минојски палати, овој комплекс на згради служел како комбиниран религиозен и административен центар наместо како кралска резиденција. Најраните делови на палатата биле изградени околу 1900 година п.н.е. во област која била користена за ритуални гозби уште од неолитот. Палатата постојано се реновирала и проширувала во следните пет века до нејзиното конечно уништување околу 1350 година п.н.е.
Локалитетот првпат бил ископан од Минос Калокаиринос во 1877 година. Во 1900 година, Артур Еванс презел пообемни ископувања кои откриле поголем дел од палатата, како и многу сега познати артефакти, вклучително и Акробат на бикот, фигурини на божицата на змијата и бројни ликовни фигури. Додека Еванс често е заслужен за откривањето на Минојската цивилизација, неговата работа е контроверзна особено поради неговите неточни и неповратни реконструкции на архитектонските остатоци на местото.
Во старогрчката митологија Кносос и Крит биле овековечени во многу легенди. Според подоцнежните Грци планината Ида, која се наоѓа на Крит, било местото каде што Реја, божицата-земја, го родила Зевс. Таму тој бил хранет од природата само со мед и козјо млеко, одгледуван од нимфите и заштитуван од група на младинци од неговиот татко Крон кој сакал да го убие. Во друг мит пак се споменува како Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на Тројанската војна. Секоја деветта година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее. Тој изградил голема флота и ја воспоставил критската талесократија. За Атињаните тој бил бездушен тиранин кој ги жртвувал нивните деца на минотаурот, кои Атена требала да ги испраќа секоја година како данок. Минос во својот двор го држел познатиот митски градител Дедал кој за него ја изградил грандиозната палата и познатиот лавиринт во кој бил сместен минотаурот[4] , синот на миносовата жена Пасифаја заедно со еден бик. Откако Дедал побегнал на Сицилија, Минос решил да го бара од тамошниот крал Кокал. Во кралскиот дворец на Кокал, од страна на неговата ќерка бил убиен кралот Минос со топла вода. По смртта тој се спуштил во подземјето каде што станал судија кој им го определувал патот на душите на починатите. Овие легенди биле единственото нешто што се знаело за историјата на Крит сè до XIX век.
Крит е голем остров, од исток кон запад се простира во должина околу 260 километри, додека неговата најширока точка изнесува само 55 километри. Поголемиот дел од земјиштето е над 300 метри надморска височина, и има три планински венци со врвови над 2000 и 2500 метри височина. На тој начин комуникациите помеќу различните позиции никогаш не биле лесни и за време на бронзеното доба никогаш немало изграден систем на патишта.
Кносос бил сместен на средина во близината на северниот брег, во пространа, плодна област отсечена умерено со високите, но проодни ридови на југ и планинските венци Дикте и Ида на југоисток и југозапад.[5]
Рушевините во Кносос биле откриени во 1878 година од страна на Минос Калокеринос, грчки ловец на антиквитети. По Калокеринос неколку луѓе се обиделе да вршат ископувања на наоѓалиштето, но прв кој започнал систематски ископувања бил Артур Еванс на 16 март 1900 година до 1913, и од 1922 до 1930 година.[6][7]Еванс целосно си го посветил животот на истражувањата на ново пронајдената цивилизација која тој ја именувал како Минојска. Со голема помош на д-р Данкан Мекензи и м-р Фуфе кој бил архитект и работел во Британското школо во Атина, Еванс ангажирал голем број на физички работници кои ги вршеле ископувањата и за многу краток период откриле еден значаен дел од некоја градба која била наречена „Минојска палата“. Џон Дејвис Еванс (нема врска со Артур Еванс) презел дополнителни ископувања во јами и ровови над палатата, фокусирајќи се на неолитот.[8]
По извршените ископувања била извршена периодизација на минојската култура која била поделена на:
Хронолошките граници на секој период биле одредени според предметите од Египет и Месопотамија кои биле пронајдени во наоѓалиштето за време на ископувањата.
Големата палата била постепено градена помеѓу 1700 и 1400 п.н.е. со постепени обновувања по уништувањата. Палатата има интересен изглед, оригиналниот план не може да се препознае поради подоцнежните модификации.[9][10] Како и другите минојски палати, Кносос бил распореден околу правоаголен централен двор. Овој двор бил двапати подолг север-југ отколку исток-запад, ориентација која би ја максимизирала сончевата светлина и позиционирала важни простории кон изгрејсонцето.[11][12][13][14]
Се верува дека централниот двор се користел за ритуали и фестивали. Се верува дека еден од овие фестивали е прикажан во „Фреската на трибината“. Некои научници сугерираат дека биковите се чувале во дворецот, иако други тврдат дека поплочувањето не би било оптимално за животните или луѓето и дека ограничените пристапни точки би го држеле спектаклот премногу далеку од јавен поглед[11][12]. Околу 1300 соби биле поврзани со ходници со варирачки димензии и правци, што претставува доста различен стил од другите палати градени во исто време, во кои собите биле поврзени преку неколку главни ходници. Палатата зафаќала површина од 24.000 квадратни метри што вклучувале и театар, четири главни влеза на сите страни на светот и големи складишта[15]. Во складиштата се наоѓале големи вази наречени питоси во кои биле чувани масло, жито, исушена риба, маслинки и разни семиња. Многу од залихите биле правени во палатата која имала мелници за жито, преси за масло и вино. Под питосите имало камени дупки користени за чување на вредни предмети, како злато и сребро. Во градбата на палатата биле искористени сложени архитектонски техники како на пример: дел од ѕидовите биле високи и по пет метри.
Палатата имала барем три одвоени системи за спроведување на водата. Еден за довод на вода, еден за исфрлање на непотребната вода од дождовите и еден за канализацијата. Преку аквадукти водата била пренесувана од околните извори до палатата и центарот на градот. Градот немал скриени извори на вода како во Микена и бил релативно ранлив на напади. Санитарниот одвод водел преку затворен систем во палатата до канализацијата надвор од градот. Поради честите поројни дождови палатата морала да има и одвод за спроведување на непотребната вода.
Бидејќи палатата се наоѓала на рид и била често изложена на морски ветришта, палатата имала добар систем на воздушна вентилација. Ѕидовите на палатата биле украсени со фрески на кои се претставени игри со бикови и митолошки сцени..[16] Овие фрески биле изработени на многу софистициран начин со многу бои, и за разлика од уметноста во Средното и Новото Египетско царство, на овие фрески немало претстави со воени мотиви. Одлика на критската уметност е тоа што мажите биле претставени со руса кожа, а жените со млечно бела боја на кожата. Речиси сите претстави се на млади и возрасни луѓе со неколу досега пронајдени слики со деца и стари. На сцените се прикажани голем број на активности како: риболов, собирање на цвеќиња и спортски подвизи.
Во централниот дел на палатата се наоѓала собата во која се наоѓал претстолот или церемонијалниот комплекс во кој живееле или кралот или врховниот свештеник.
Уништувањето на Кносос во почетокот на XIV п.н.е. претставува најстар познат случај на минојска палата која била уништена во пожар и која никогаш на била обновена во истиот размер, без оглед на тоа што тоа место подоцна било користено од многу освојувачи. Останатите палати биле уништени на крајот на XIII век п.н.е., но не е возможно конкретно да се одредат ниту датумот ниту околностите под кои се случило уништувањето.
Според мислењето на археолозите и трагите на ѕидовите, пожарот на палатата во Кносос се случил некаде помеѓу декември и април бидејќи во тој дел од годината дуваат најсилно јужните ветрови. Исто така стадата овци биле истиржени, волната разделена помеѓу жените, за ткаење и жетвата на житариците во некои делови била готова што исто така укажува дека пожарот се случил во пролет. Според Еванс постои можност градот да бил уништен и во земјотрес, доколку се знае дека Крит лежи на подрачје со зголемена сеизмолошка активност. Денешната наука не е во можност да одреди дали имало земјотрес во минатото, па затоа оваа можност се остава како отворена. Против-тезите за оваа теорија се дека доколку некоја напредна цивилизација каква што била Минојската, доживее земјотрес првата непосредна реакција би била обнова[17]. Но на Кносос нема докази дека после рушењата дошло до обнова. Сигурно некои од луѓето останале да живеат во некои делови на градот, но од пронајдените плочки нема знаци дека по катастрофата пак била обновена кралската палата или административниот центар.
Кносос се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.