Вашарејца

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Вашарејцаmap

Вашарејца (понекогаш познато и како Вашарејци[2]) — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Вашарејца
Вашарејци
Thumb

Поглед на селото Вашарејца

Thumb
Вашарејца
Местоположба на Вашарејца во Македонија
Вашарејца на карта

Thumb

Координати 41°10′23″N 21°24′20″E
Регион Пелагониски
Општина Могила
ОбластПелагонија
Население116 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7245
Повик. бр.047
Шифра на КО02017
Надм. вис.584 м
СлаваЃурѓовден
Вашарејца на општинската карта
Thumb

Атарот на Вашарејца во рамките на општината
Вашарејца на Ризницата
Затвори

Потекло на името

Селото Вашарејца е некаде познато и како Вашарејци, а во турските документи од почетокот на XIX век било запишано како Акгиџели, име кое денес е воопшто непознато меѓу мештаните и околното население.

Потеклото на името Вашарејца најверојатно доаѓа од зборот вашар со значење на панаѓур, саем или општонароден собир на кој се разменувала стока, производи или имало забава. Доколку се има предвид средишната местоположба на селото веднаш крај главниот пат меѓу Битола и Прилеп на крстосницата со патот кој води кон Ивањевци, Долно Српци и другите села по долината на реката Шемница и во Демирхисарско, голема е веројатноста тука (за Ѓурѓовден) да се одржувал голем вашар или панаѓур, според кој селото го добило и своето име.

Друго објаснување е дека во минатото месноста на која сега се наоѓа селото била обрасната со дрвја. Поради дебелите сенки во летниот период мештаните од околината ја викале „раица“. Околните села им викале на жителите од оваа населба „ваша-раица“ или Вашарејца („ваш рај“).[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото Вашарејца

Ова големо село се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 584 метри. Се наоѓа непосредно на патот Прилеп-Битола, од неговата лева страна, а од самиот град Битола е оддалечено 20 километри.[3]

Вашарејца е мало село покрај железничката пруга Прилеп-Битола. Околни села се: Лознани, Долно Српци, Беранци и Могила. Жителите се снабдуваат со вода од една чешма, за која водата е спроведена од изворот Мала Ливада кој се наоѓа во атарот на селото Српци.[4] Со изградбата на селскиот крст на врвот на ридот над селото е изградена собирна каптажа и цевковод за вода.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Манастириште, Кошари, Бучо Трло, Чука, Бел Камен, Гладно Поле, Барачица, Голема и Мала Ливада, Турска Ливада, Браненица, Голема Мртвица (напуштено корито на Црна Река, секогаш полно со вода), Сулеманица и Круша, каде што некогаш биле куќите на денешното село, но поради поплави жителите се преместиле на сегашното место.[4]

Селото е од збиен тип. Одредени делови од селото добиле имиња по поголемите родови, како Житошани, Смилевци и други.[4]

Се наоѓа североисточно од градот Битола, во Пелагониската Котлина, недалеку од десната страна на течението на Црна Река. Селото е сместено во подножјето на мало возвишение, рид висок 608 метри на запад, а селските куќи широко се отвораат кон исток во рамнината на полето во Пелагонија.

Ваквата местоположба блиску до реката Црна која предизвикувала чести поплави била причина селото да биде поплавено во големата поплава во февруари 2015 година.[5]

Thumb
Панорамски поглед од влезот на селото Вашарејца

Историја

Археолошките наоди наведуваат дека во селото Вашарејца постојат наоди од римско време.[4] Сепак, имајќи ги предвид откриените остатоци од познатите древни македонски градови Стибера и Алкомена кои се наоѓаат во близина, а во кои живееле античките македонски племиња Линкестиди и Пелагонци, поверојатно е тие старини да се (античко) македонски.

Вашарејца е старо село, а тоа се гледа според присуството на старите родови: Колевци, Оџевци и Ашковци. За нив никој не може да каже од каде се дојдени.[4]

Во пишаните извори Вашарејца за првпат се споменува во опширните турски пописни дефтери од XV век, односно 1468 година каде е запишано дека имало 30 јуручки чифлици.[6]

Потоа, селото Вашарејца во пишаните извори на документи се сретнува во 1817 година под името Акгиџели. Тогаш некојси Кочо од тоа село преминал во ислам.[4]

Во селото постои црквата „Св. Ѓорѓи“, изградена над селото, започната во 1862 година. Мештаните говорат дека на 300 метри подалеку од црквата се наоѓал „латински манастир“, каде што биле пронаоѓани мермерни камења, од кои некои се пренесени кај црквата. Денес, ова место се вика Манастириште.[4]

Во XIX век, Вашарејца било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Кон крајот на турското владеење во ова село имало 7-8 чифлици. Нивни сопственици биле Турци од Битола, кои се викале Мемед-ефенди, Тефик-бег, Зија-бег, Имер-бег и Амди-паша. Тие ги поседувале дури и куќите во коишто живееле селаните.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[7]

Стопанство

Thumb
Околните полиња во Пелагонија

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 537 хектари, пасиштата заземаат 86,4 хектари, а шумите само 23,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција.[3]

Иако селото е сместено во најплодниот дел на рамнината на Пелагонија, Вашарејца важи за село со најмалку поле во целата околина, бидејќи во време на социјалистичкото уредување најголем дел од земјата била национализирана и најпрвин пренесена во сопственост на задруга, а потоа била дадена на ЗИК „Пелагонија“ која ја обработува и стопанисува сѐ до денес.[8] Поради тоа, селаните во Вашарејца се во најнезавидна економска положба, со просечни примања од 7.000 до најмногу 22.000 денари по семејство, а има и неколку домаќинства без никакви примања.[9]

Доброто наводнување и извонредно плодната почва нудат одлични услови за земјоделство. Речиси целото население на селото се занимава со земјоделство и сточарство. Од поледелството најразвиено е одгледувањето на житарици, од кои најмногу пченица, а во помал дел јачмен и пченка. Потоа во големи размери е застапено и одгледувањето на индустриски растенија, од кои најмногу тутун и сончоглед. До извесно време се одгледувало многу и шеќерна репка, која се напушта поради големината на родот кој надминува 4-5 килограми во парче со што не ги исполнува новопоставените стандарди на „Шеќераната“ во Битола (до 1 кг) и не се откупува.[9] Во помала мерка за сопствени потреби се одгледуваат градинарски производи како пиперки, домат, кромид, лук, морков и марула. Од сточарството, поради одличните услови, најзастапено е одгледувањето на крупен добиток - крави, волови и телиња, при што големо е производството на млеко кое се откупува од двете најголеми млекарници од Битола. Во значајна мерка се одгледуваат и овци, а во помала мерка и кози. За сточна храна се одгледуваат и крмни растенија како луцерка, граор итн.

Дел од населението се занимава и со други дејности како автопревоз, како и угостителски и градежни услужни занимања во градот Битола. Во селото Вашарејца работат и продавници и угостителски објекти.[3]

Население

Thumb
Крстот во село Вашарејца
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948351    
1953419+19.4%
1961502+19.8%
1971468−6.8%
1981474+1.3%
ГодинаНас.±%
1991333−29.7%
1994231−30.6%
2002202−12.6%
2021116−42.6%
Затвори

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вашарејца живееле 250 жители, сите Македонци.[10] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вашарејца имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[12]

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 502 жители, а во 1994 година 231 жител, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Вашарејца живееле 202 жители, сите Македонци.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 116 жители, од кои 114 Македонци и 2 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 160 351 419 502 468 474 333 231 202 116
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

Селото Вашарејца отсекогаш па сѐ до денес е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед.[4]

Родови во селото се следниве:

  • Најстари македонски родови, сите староседелци се: Колевци (Св. Пречиста), Оџевци (Св. Ѓорѓи „зимен“) и Ашковци (Петковден).
  • Доселени македонски родови во Вашарејца се: Житошани (Св. Пречиста) – Димовци, Пашовци, Кочовци и Ицовци, се доселиле пред 180 години од Житоше, кое е сега албанско село кај Крушево (Марко жив 60 години во 1951 – Начо – Димо – Саботко еден од доселените предци). Тие во Житоше имале „три убави чупи“. Тамошните Албанци сакале да ги грабаат, при што нивните предци убиле некои од Албанците и ноќе побегнале од селото. Имаат роднини кои живеат во други пелагониски села – Бела Црква, Ивањевци (род Аламановци) и Веселчани (род Палгомази), со кои и денес „се држат како сој“; Смилевци (Митровден) дојдени од Добрушево, каде што имаат истоимени роднини; Власковци (Петковден) по потекло се „од Дебарско“; Муртановци (Петковден) дошле од соседното село Ношпал; Чагоровци (Света Петка) дошле околу 1908 година од Чагор, сега непостоечко раселено село кај месноста Древеник во околината на Битола; Штрклевци (Св. Никола) ги нарекуваат и Наумовци. Местото на својата старина и потекло не го знаат; Свињиштани дошле после Втората светска војна „на фондовска земја“ од селото Свиништа кај Охрид. По Втората светска војна на „фондовска“ (државна) земја се доселиле уште и Базерничани и Брезовечки од демирхисарските села Базерник и Брезово.

Општествени установи

Thumb
Руинираниот објект на железничката станица „Даме Груев“ во близина на селото
  • ЖС „Даме Груев“, железничка станица на линијата Скопје-Битола
  • Месна заедница
  • Подрачно училиште „Кочо Рацин“, подрачно основно училиште до V одделение, сместено на влезот во селото од лева страна во многу оштетена состојба

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Вашарејца, се наоѓале и селата Беранци, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Српци, во која влегувале селата Беранци, Вашарејца, Лознани и Српци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 147 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 135 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[22]
  • Тумба — населба од доцноантичко време.
Цркви[23]
Верски објекти
  • Свет крст над селото

Редовни настани

  • Ѓурѓовден (6 мај) — црковна слава, на која се одржува селски панаѓур; и
  • Вашарејски средби — секоја трета недела од месецот јули се одржуваат вашарејски средби на кои присуствуваат сите жители и иселеници кои се родени и водат потекло од селото Вашарејца, а живеат во Битола, Скопје, Прилеп, како и во странство Австралија, САД, Канада и земјите во западна Европа.

Култура и спорт

Во селото Вашарејца има фудбалско игралиште.

Иселеништво

Се знае за овие иселеници од селото Вашарејца: Јосифови (2 к.) и Бараовци (1 к.), живеат во Кукуречани; Димовци (2 к.) и Ристевци (1 к.), живеат во Кравари и Вашаревци (1 к.) живеат во Бистрица. Од родот Колевци по едно семејство се иселило во Ношпал и Битола. Од родот Смилевци има иселеници во Битола и Романија. Стојан-ќаини се иселиле во Битола и Америка. Од родот Бончани едно домаќинство е иселено во градот Битола.[4]

Од ова село има иселено над 200 лица. Најголем дел од нив се имаат иселено во градовите Битола и Прилеп, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.