Долно Српци
село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Српци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.
Долно Српци | |
Панорамски поглед на селото Долно Српци | |
Координати 41°10′27″N 21°21′55″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Могила |
Област | Пелагонија |
Население | 393 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7245 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02041 |
Надм. вис. | 593 м |
Слава | Тодорица |
Долно Српци на општинската карта Атарот на Долно Српци во рамките на општината | |
Долно Српци на Ризницата |
Името на селото се поврзува со неговата местоположба. Теренот наликува на заоблен лак во вид на срп, поради што селото го добило тоа име. Именувано е како Долно Српци, затоа што во Битолско постои уште едно село со слична местоположба, наречено Српци или Горно Српци.[2]
Некогаш селото се сретнува и под името Српци Паша.[3]
Ова село се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила. Сместено е на десниот брег на реката Црна Река.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Се наоѓа на патот и на железничката линија Битола-Прилеп, а од самиот град Битола е оддалечено 21 километар.[4]
Долно Српци е големо потпланинско село сместено во западниот дел на Пелагонија. Околни села се: Беранци на југ и Новоселани на север.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ќеран, Сливје, Голема Осојница, Голем Присој, Мртвица, Лески, Сигуреац, Мечоа Глава, Широка Пола, Дулишта, Бели Камења, Висока Тумба, Каракамен, Алтиица, Јанчески Ливади, Кобел, Селиште, Турски Гробишта и Ради Река.[3]
Селото е од многу збиен тип и е поделено на две маала, Горно и Долно. Одредени делови од селото добиле имиња по поголемите родови.[3]
На планинската падина, 3 километри од денешното село, се наоѓа месноста Селиште. Таму се забележуваат остатоци од куќи и едно црквиште. Мештаните кажуваат дека таму било старото село. Подоцна се симнале долу на денешната местоположба. Од тие мештани потекнуваат денешните староседелски родови.[3]
Селото под името Српци се споменува во османлиските дефтери од 1468 година, со 88 христијански семејства. Во 1568 година, се споменуваат две села со истите имиња, едното со 50, а другото со 24 христијански семесјтва.[5]
Во средината на XIX век, Српци имало 40 до 50 доселени турски и 6-7 стари македонски родови. Во тоа време избила чума меѓу Турците и малкуте преживеани заминале главно во Битола, а малкумина во Канатларци и Трновци. Во тоа време во селото постоела и џамија, која се наоѓала на денешната месност Турски Гробишта, кај училиштето во горниот дел на селото.[3]
Во селото постои црквата „Св. Теодор Тирон“, изградена во 1929 година во самото село, која е една од најголемите и најдобро изградените во областа.[3]
Во XIX век, Долно Српци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
За време на турското ропство во Долно Српци постоеле неколку турски чифлици, чии сопственици живееле во Битола.[3]
Атарот е голем и зафаќа простор од 24,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.500,4 хектари, пасиштата заземаат 789 хектари, а шумите само 18,1 хектар.[4]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Српци живееле 820 жители, сите Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Старо Српци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[7]
По Првата светска војна, селото е дел од Ивањечка општина и има вкупно 695 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]
Од селото се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото броело 1.307 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 545 жители, од кои 542 Македонци.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Долно Српци живееле 479 жители, од кои 478 Македонци и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 337 Македонци, 2 Албанци и 54 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 820 | 480 | 1.180 | 1.136 | 1.307 | 1.338 | 1.433 | 785 | 545 | 479 | 393 |
Долно Српци е македонско православно село.[3]
Родови во селото се:
Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Долно Српци, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на Општина Српци, во која влегувале селата Беранци, Вашарејца, Лознани и Српци.
Во селото постои избирачкото место бр. 0188 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 385 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 379 гласачи.[18]
Фудбалскиот клуб Пелагонија Бел Камен постои од 1952 година и моментално се натпреварува во втората општинска лига на Битола или петта македонска лига.
Се знае за следните иселени родови од селото: Шамбевци (10 к.) во Радобор; Вељановци (8 к.) во Беранци; Српчани (2 к.), живеат во Могила; Магловци (1 к.), во Црнобуки; Српчани (2 к.) во Поешево; Српчани (3 к.) во Карамани; Стојановци (3 к.) живеат во Свето Тодори и Српчани (3 к.) во Долно Оризари.[3]
Од ова село има иселено над 1.000 лица. Најголем дел од нив се имаат иселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.