село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Канатларци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Канатларци | |
Координати 41°12′37″N 21°30′11″E | |
Општина | Прилеп |
Население | 1.202 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7514 |
Шифра на КО | 20044 |
Надм. вис. | 599 м |
Слава | Голема Богородица |
Канатларци на општинската карта Атарот на Канатларци во рамките на општината | |
Канатларци на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел на Прилепското Поле, оддалелечено 23,5 километри јужно од Прилеп.
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Канатларци живееле 915 жители, од кои 840 Турци, 55 Македонци и 20 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Канатларци имало 55 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Канатларци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 142 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.650 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Канатларци живеат 972 жители и претставува голема населба.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.202 жители, од кои 79 Македонци, 2 Албанци, 973 Турци, 102 Бошњаци и 46 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 2.335 |
1953 | 2 | 1 | 2.650 | — | — | — | ... | 2 | — | 2.655 |
1961 | 575 | — | 916 | ... | ... | 6 | ... | 26 | — | 1.523 |
1971 | 551 | 1 | 450 | — | ... | 10 | ... | 19 | — | 1.031 |
1981 | 331 | 7 | 630 | — | — | 2 | ... | 71 | — | 1.041 |
1991 | 188 | 1 | 772 | — | — | 1 | ... | 64 | — | 1.026 |
1994 | 184 | — | 771 | — | — | 1 | ... | 34 | — | 990 |
2002 | 111 | 1 | 791 | — | — | — | 69 | — | — | 972 |
2021 | 79 | 2 | 973 | — | — | — | 102 | — | 46 | 1.202 |
Канатларци е македонско-турско-бошњачко-албанско село.
Во Канатларци се наоѓа основното училиште „Кирил и Методиј“ во кое се изведува настава на македонски и турски јазик.[10]
Во селото постои избирачкото место бр. 1494 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.[12]
Во 1955 и 1956 година, 50 турски семејства од селото се иселиле во Турција. Иселување во Турција имало и после 1956 година.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.