Дреновени
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Дреновени (грчки: Κρανιώνας, Кранионас, до 1926 Δρανοβαίνη, Драновени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Селото има две маала — Горно и Долно Дреновени.
Дреновени Κρανιώνας | |
---|---|
Координати: 40°37′N 21°12′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски Округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Корешта |
Надм. вис. | м | 803
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 9 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 10 километри северозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта, на 1 километар источно од истоименото село Корешта (Неос Икисмос). Селото се дели на две маала — Долно и Горно Дреновени - на грчки: Κάτω Κρανιώνας или само Κρανιώνας и Άνω Κρανιώνας. Селото се наоѓа на надморска височина од 803 метри.
Црквата во Горно Дреновени се вика „Света Петка“, а во Долно — „Свети Димитриј“. На патот кон Чрновишча северно од Горно Дреновени има параклис посветен на Света Петка, во кој според селаните се чува чудотворна икона на Света Петка. Јужно од Горното маало има мала камена црква посветена на Свети Ѓорѓи. Според селска легенда на местото на оваа црква во минатото имало голем манастир, уништен во времето на османлиското освојување. Патронот на селото во минатото бил на Ѓурѓовден.
Селото првично се наоѓало на месноста Лабана, јужно од денешното село.[3] Подоцна било преселено на местото на Горно Дреновени, додека последно било населено Долно Дреновени[4]. Лабана се наоѓа да два часа пат јужно од денешното село, на височините, одделувајќи ја Корешта од Пополе. Истражувачот на селото Лабро Королов претпоставува дека преместувањето на новата локација се одвило во текот на последниот период на османлиското освојување на регионот[5].
Се смета дека првично името на селото било Дреново, а од XVI век се нарекува Дреновени. Во отоманскиот даночен регистар од 1530 година било евидентирано како село со 49 семејства[6].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновени се состоело од 125 семејства со 125 жители муслимани и 350 Македонци[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Дреновени имало 650 жители Македонци[7][9].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреновени се води како две чисти македонски села во Костурската каза, Горно Дреновени со 68 куќи и Долно Дреновени со 45 куќи.[10]
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во Горно Дреновени биле опожарени 55 куќи од вкупно 65, а биле убиени 8 лица: Наки Г. Королов (73 г.), поп Јани (75), Глигор Петрески (73), Геле Меанчеви (65), Лазо Сотиров (45), Крсто Калчов (57), Лазо Перелка (76), Стасо Петрески (62). Во Долно Дреновени биле опожарени 26 куќи од вкупно 30 и бил убиен Нумо Гувелов на 55 години.[11][12] Според друг извор, од вкупно 110 куќи биле опожарени 101. Во текот на востанието загинале пет револуционери: Димитар Д. Каролев, Лексо Р. Лексовски, Јани Д. Фотев, Малиј Гилев и Георги Р. Перелов[13].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дреновени живееле 544 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, додека во Долно Дреновени 350 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работеле две училишта[14].
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 577 жители Македонци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 185 македонски семејства[15]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[16] На 13 август 1907 година во близина на селото се водела голема битка помеѓу четата на Пандо Кљашев и турски аскер, во која битка загинал самиот војвода и целата негова чета. Во близина на местото се наоѓа гробница на сите петнаесет загинати борци[17].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 810 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 723 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Кранионас.[18] Во текот на Првата светска војна, според 63 жители се засолниле во Бугарија. Во селото имало 15 политички убиства.[19].
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[20], по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 91 деца од селото биле протерани како деца бегалци[19]
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Во 1928 година селото броело 750 жители.[21][22], додека во 1940 година селото броело 472 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 424 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 194 жители, во 1971 година имало 132 жители, во 1981 година имало 123 жители, додека во 1991 година имало 68 жители[23]. Денеска, населението на селото е 9 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 472 | 424 | 194 | 132 | 123 | 68 | 9 | — |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.