Remove ads
село во Општина Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Пашино Рувци — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Пашино Рувци | |
Панорамски поглед | |
Координати 41°16′27″N 21°22′14″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Кривогаштани |
Област | Прилепско Поле |
Население | 514 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7525 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20077 |
Надм. вис. | 585 м |
Слава | Атанасовден |
Пашино Рувци на општинската карта Атарот на Пашино Рувци во рамките на општината | |
Пашино Рувци на Ризницата |
Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на територијата на Општина Кривогаштани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 585 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 21 километар. Лежи меѓу двата пата, коишто водат од Прилеп за Битола и за Крушево.[2]
Пашино Рувци е познато село во Прилепското Поле. Се наоѓа лево од коритото на Црна Река, во непосредна близина на селото Обршани. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Загорани на исток, Чепигово на југ, Бела Црква на запад и Обршани и Боротино на север. Во сите дворови на сите куќи постојат пумпи (длабоки 9 метри) и бунари (длабоки 3 до 5 метри). Пумпите биле поставени во 1941 година.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бел Камен, Голема Нива, Сама Врба, Тупчица, Ливадски Пат, Чаир, Бачилиште, Додолица, Копачина, Балталок, Могилечка Чука, Дериица, Висои, Трвчено Патче, Друм и Барутни Пат.[3]
Селото има збиен тип, поделено на повеќе маала наречени по поголемите родови.[3]
Источно од селото на оддалеченост од околу 1.500 метри се наоѓа месноста Могилечка Чука, каде што се зборува дека се наоѓало селото Могилани. Во него живеел македонскиот род Шаренпилковци, кои имале многу стока. Селото подоцна пропаднало, бидејќи било поплавувано. Дел од селаните преминале во селото Рувци. И денес на селиштето во нивите и ливадите се наоѓаат темели на црква и гробови.[3]
Пашино Рувци за првпат во пишаните извори се споменува (како Русче и Рувце) во периодот помеѓу 1650 и 1750 година. Селото било најпрвин раатско село, кога се нарекувало Рувце. Во средината на XIX век, ова село и соседното, Беранци, турската државна власт го поклонила на Али-паша од Битола, поради заслугите во војните. Од чифликот на Али-паша до 1912 година се создале шест чифлици со поделба на неговите ќерки и зетови.[3]
Старото име на селото за време на Отоманското Царство било Ашар Усу.
Атарот зафаќа простор од 8,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 686 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 81 хектар, а шумско земјиште нема.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постојат продавници и услужни објекти.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пашино Рувци живееле 450 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пашино Рувци имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пашино (Руфци) се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 23 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]
Од Пашино Рувци, коешто е населено со македонско население, се иселил значителен број од населението. Така, во 1961 година селото имало 1.018 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 659 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пашино Рувци живееле 627 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 514 жители, од кои 491 Македонец, 1 останат и 22 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 256 | 834 | 936 | 1.018 | 976 | 979 | 744 | 659 | 627 | 514 |
Пашино Рувци е македонско село, во кое најпрвин дошле родови од некогашното село Могилани, а подоцна и од други места.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село: Коруновци и Мицковци иселени се во Подино, Ујгунци иселени се во Боротино, Беланиовци иселени се во Бучин, Стојановци иселени се во селото Крапа во Порече. Од родот Гулабовци има иселеници во Прилеп.[3]
Во XIX век, Пашино Рувци било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Пашино Рувци, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Обршани, Пресил и Света. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Обршани, во која влегувале селата Боротино, Обршани и Пашино Рувци.
Во селото постои избирачкото место бр. 1516 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 525 гласачи.[15]
Во селоти работи фудбалскиот клуб ФК „Пелагонија“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.