Големо Коњари
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Големо Коњари — село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.
Големо Коњари | |
Координати 41°20′35″N 21°26′25″E | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 613 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7509 |
Шифра на КО | 20021, 20022 |
Надм. вис. | 607 м |
Големо Коњари на општинската карта Атарот на Големо Коњари во рамките на општината | |
Големо Коњари на Ризницата |
Големо Коњари се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле во западниот дел на Општина Прилеп од десна страна на патот Прилеп - Кривогаштани - Крушево. Селото е рамничарско и лежи на 607 метри надморска височина. Од Прилеп е оддалечено 9 км, а во неговата близина е блатото кое е собиралиште на многу видови птици. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на исток, Мало Коњари на југ, Врбјани на запад и Славеј, Заполжани и Мажучиште на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп-Крушево-Сладуево.
Големо Коњари има дадено многу борци за Македонија особено во Илинденско востание и Втора светска војна. Поради тоа што е во рамнината на Прилепското Поле (на мета на турските власти од Прилеп) за време на Илинденското востание борците од ова село и околните села не биле организирани во посебна чета туку биле дел од многуте чети.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Големо Коњари живееле 590 жители, од кои 550 Македонци и 40 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Големо Коњари имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Големо Коњаре се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Големо Коњари има 699 жители, сите Македонци.[6] Големо Коњари не го зафатило процесот на масовна миграција и бројот на жители не варирал во големи граници.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 613 жители, од кои 592 Македонци и 21 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 590 | 400 | 851 | 945 | 926 | 922 | 906 | 725 | 685 | 699 | 613 |
Големо Коњари е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Родовите се делат во три маала: Горно Маало, Долно Маало и Маало Албанија.[12]
Родови во Горно Маало се:
Родови во Долно Маало се:
Во маалото Албанија се родовите:
Во селото постои избирачкото место бр. 1448 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 544 гласачи.[14]
Во селото се наоѓа црквата „Св. Троица“.
Во близина на селото се наоѓа месноста Локва, кој е строг природен резерват. Тој е составен од три бари, остатоци од некогашното Пелагониско блато. Во нив живеат 50 различни видови на организми, од кои 16 се природно ретки видови. Наоѓалиштето е познато по реликтниот ендемски вид вилинско ракче (Chirocephalus pelagonicus), кое опстојува само на ова место.[15]
ФК Големо Коњари. Во минатото го носи името ФК Братство (Големо Коњари), а под тоа име во сезона 1993/94 клубот настапува во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Коњарци, Биљаровци и Кумитовци иселени се во Долно Оризари кај Битола. Барлевци иселени се во Боротино. Коњарци и Кулевци иселени се во Бело Поле. Чачаровци иселени се во Врбјани. Бутраковци иселени се во Крушеани. Коњарци иселени се во Долно Српци кај Битола. Сливовци иселени се во Заполжани. Црневци иселени се во Алинци. Стрезовци иселени се во Забрчани.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.