Старо Лагово
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Старо Лагово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Старо Лагово | |
Координати 41°17′40″N 21°32′8″E | |
Општина | Прилеп |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 20100 |
Старо Лагово на општинската карта Атарот на Старо Лагово во рамките на општината | |
Старо Лагово на Ризницата |
Селото лежи 7 километи јужно од Прилеп. Негови соседни населби се: Ново Лагово, Волково, Чумово и Беровци. Во селото има 3 извора кои на лето пресушуваат. Во дворовите на куќите има бунари. Старо Лагово — село од збиен тип. Селото е мало и не се дели на маала. Потезите во околу селото се нарекуваат: Бел Камен, Каменица, Боздо, Чекут, Подово, Гладница, Арапица, Слива, Ѓупски Маала и Дујгас.
До 1912 година селото се нарекувало Лагово. Истата година на 2,5 километри е основана колонистичка населба населена со Срби од Далмација - Ново Лагово. Од тогаш селото се вика Старо Лагово. Старо Лагово било читлукајбијско село. Жителите биле момоци во читлуците. Поради тоа во селото нема стари родови. За време на Турците во Старо Лагово ниедна христијанска куќа земја немала. Во 1912 година затекнати се 5 читлуци: Сулејманов, Фајков, Мединче, Тарагоски и Селим-Чосески. Сопствениците живееле во Прилеп. Турчинот Мединче во 1909 година изградил убава триспратна кула која постои и денес. Денес е манастир на Православната Охридска Архиепископија. Постојниот параклис и манастир и е посветен на Успение на Пресвета Богородица. После 1912 година селаните си откупиле поголем дел од земјата. Само Заревци од Прилеп (со потекло од Зрзе) со аграрната реформа добиле околу 30 хектари земја. Таа земја им е одземена во 1949 година. Старо Лагово нема црква до 2002 година. Селските гробишта се источно од селото. Селска слава е вториот и третиот ден од Велигден.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старо Лагово живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[4]
Во 1954 година има 14 стално населени куќи. Четири семејства преку лето живеат таму, а на зима во Прилеп. Бројот на домаќинства низ годините изнесувал:
Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 27 Македонци и 3 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 96 | 95 | 205 | 161 | 93 | 74 | 47 | 49 | 17 | 30 |
Старо Лагово е македонско село.
Во Старо Лагово ги има следните родови:
Во селото постои избирачкото место бр. 1431 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.