Remove ads
река во Македонија и Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Црн Дрим — река во Македонија што истекува која припаѓа на јадранскиот слив. Од 2013 година 6 мај се одбележува како „Ден на реката Црн Дрим“[1] чија цел е подигање на јавната свест за заштита на сливот на реката Дрим.
Црн Дрим | |
---|---|
Реката на македонско-албанската граница во Дебарското Поле | |
Местоположба | |
Држава | Македонија Албанија |
Општина | Охрид, Струга, Дебар |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Охридско Езеро кај Струга (или од Острово) |
• координати | 41°10′27.1″N 20°40′41.2″E |
• надм. вис. | 695 м. |
Устие | |
• место | Јадранско Море |
• координати | 42°5′52.1″N 20°24′2.9″E |
Должина | 177 км |
Особености на сливот | |
Течение | Црн Дрим→ Дрим→ Јадранско Море |
Притоки | |
• десни | Радика |
Црн Дрим извира во Свети Наум, минува низ Охридското Езеро и излегува од него кај градот Струга на надморска височина од 695 метри. Црн Дрим ја напушта Македонија во близина на градот Дебар на 476 метри надморска височина. На македонска територија Црн Дрим е долг 56 километри. Но реката има вообичаен тек само нешто помалку од една половина од таа должина и тоа од Струга па сè до селото Ташмаруништа. Напуштајќи го селото на север реката влегува во клисура и веднаш по неа формира езеро благодарение на брана висока 82 метри сместена 10 км на север на другата страна на езерото. Браната ја формира акумулацијата „Глобочица“ создадена од водите на Црн Дрим.
Веднаш после хидроелектричната централа Глобочица, водите на Црн Дрим создаваат уште едно езеро со помош на брана висока 102 м во близина на градот Дебар. Ова езеро е најбогато со вода вештачко езеро во Македонија. Езерото акумулира 520 милиони кубни метри вода. Од езерото со помош на тунели водата се спроведува во хидроелектричната централа Шпиље.
Во северниот дел на Албанија во близина на градот Кукс, Црн Дрим повторно заезерува заедно со реката Бел Дрим. По утоката на Бел Дрим во Црн Дрим, реката тече сè до вливот во Јадранското Море под едно име — Дрим.
Во овој момент водните капацитети на реката се искористени до максимум и таа претставува важен хидроенергетски потенцијал за Република Македонија. Двете хидроелектрични централи на Дрим произведуваат 580 киловат-часови електрична енергија годишно.
Во водите на Црн Дрим живеат најразлични видови на риби, како на пример крапот, кленот, јагулата, мрената и други.
Охридската јагула со милениуми мигрирала од Охридското Езеро до Саргасовото Море заради размножување. Во втората половина на XX век со изградбата на двете брани на македонскиот дел од реката Црн Дрим, и четири на албанскиот дел комплетно бил блокиран патот на јагулата. Браните се проблем и за други видови риби кои од Јадранското Море некогаш патувале до Охридското Езеро. Според светската црвена список на IUCN, европската јагула се смета за критично загрозен вид. Од 1970 година бројот на јагулите е намален за околу 90 %. Фактори што влијаат на намалувањето на популацијата на овој вид се: риболов, одредени видови на паразити (како Anguillicola crassus), изградба на хидроелектични централи кои се бариери за нивната слободна миграција и др. Затоа, при изградбата на брани и акумулации мора да се обезбедат алтернативни патишта преку кои рибите и другите животни ќе може слободно да мигрираат, а заштитата на јадровите подрачја на јагулата (и други видови миграторни риби) мора да биде ефикасна[2].
Реката Црн Дрим со својата клисура и двете вештачки езера станува се поинтересно место за рекреација не само за спортските риболовци туку и за сите оние кои сакаат да уживаат во нејзината убавина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.