Општина Дебар

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Дебар

Општина Дебаропштина во Западна Македонија. Седиште на општината е градот Дебар. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, од кои мнозинството се Албанци и Македонци.

Кратки факти Општина Дебар, Држава ...
Општина Дебар
Општина
ThumbThumb
Thumb
ДржаваМакедонија
РегионЈугозападен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеДебар
Населени места
Управа
  ГрадоначалникХекуран Дука
Површина
  Вкупна145,67 км2 (56,24 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно15.412
  Густина110/км2 (270/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+046
Регистарски табличкиDB
Мреж. местоdibra.gov.mk
Затвори
Thumb
Карта на Општина Дебар со селските атари.
Thumb
Демографска карта на Општина Дебар со селските атари.
Thumb
Јазична карта на Општина Дебар. Мајчин јазик на населението, прикажано по населени места.

Географија

Општина Дебар се наоѓа во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓа во Дебарскиот регион и има вкупна површина од 142.67 км2. На исток граничи со Албанија, на југ со Центар Жупа и Струга, на исток со Кичево и на север со Маврово и Ростуше. Во општината се наоѓаат планината Крчин и Дебарското Езеро.

Стопанство

Главен стопанско објект во општината е ХЕЦ „Шпилје“. Градското население во општината се занимава со трговија, производство и услуги, а руралното население со сточарство, земјоделство и шумарство.

Демографија

Население

Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 19. 542 жители со густина на население од 134.15 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[2][3]

Народ Жители Удел
Македонци* 3.911 20,01%
Албанци* 11.348 58,07%
Турци* 2.684 13,73%
Роми 1.080 5,53%
Срби 22 0,11%
Бошњаци 3 0,02%
Власи 2 0,01%
останати* 492 2,52%
*Треба да се напомене дека иако во Дебар се попишани 1.415 луѓе како Турци, тоа се всушност Македонци-муслимани со оглед на тоа дека од попишаните Турци 98% за мајчин јазик се изјасниле дека им е македонскиот. Со тоа бројот на Македонци по националност во Дебар без разлика на вероисповеда е всушност 4469 или 30,69% (бројот на попишани со мајчин македонски јазик). Исто така и околните села на Дебар се во најголем дел македонски (населени со Македонци-муслимани). Дел од Македонците-муслимани се изјасниле и како Албанци. Мал број од Македонците-муслимани се изјасниле и како други.
Вероисповед Вкупно
православни 734
муслимани 17.083
католици 57
протестанти 0
останати 78
Мајчин јазик

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[4]:

Јазик Жители Удел
македонски 5.973 30,5
албански 12.051 61,6
турски 1.358 6,9
ромски 50 0,25
српски 19 0,09
босански 3 0,01
останати 88 0,45
Повеќе информации Македонци, Турци ...
Македонци Турци Срби Роми Бошњаци Албанци Власи останати / непознато
апсолутно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
релативно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
Затвори
Општина Дебар Вкупно Македонци Албанци Власи Турци Бошњаци Срби Роми останати
Баниште 90 10 80
Бомово 0
Гари 10 9 1
Горно Косоврасти 818 578 222 18
Дебар 14.561 1.054 10.768 2 1.415 2 22 1.079 219
Долно Косоврасти 813 388 4 244 197
Коњари 0
Кривци 9 9 1
Могорче 1.794 1.408 1 376 1 1 7
Осој 6 6
Отишани 530 302 46 170 12
Рајчица 131 42 72 1 16
Селокуќи 104 104
Спас 32 32
Татар Елевци 10 10
Трнаниќ 0
Хаме 135 135
Џепиште 499 105 96 276 22
Вкупно 19.542
100,00%
3.911
20,01%
11.348
58,07%
2
0,01%
2.648
13,73%
3
0,02%
22
0,11%
1.080
5,53%
492
2,52%

Иселеништво

Иселувањето на населението од Општина Дебар е процес кој се одвива подолг период. Во минатото, миграцијата била воглавно село-град или град-град, но денес е забележано големо отселување на населението во странски држави. Дебарски емигранти во Бугарија (1905/1906) издавале свои весник*.

Општествени установи

Цркви[5]
Училишта
  • ОУ „Долно Косоврасти“ - Долно Косоврасти

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[6]

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Дебар е Ружди Љата од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[7] Советот на општина Дебар е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Thumb
  ДУИ: 5 места
  СДСМ: 3 места
  АА: 3 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 2 места
  БЕСА: 2 места

Во склоп на општина Дебар е градот Дебар и следниве села: Баниште, Бомово, Гари, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Коњари, Кривци, Могорче, Осој, Отишани, Рајчица, Селокуќи, Спас, Татар Елевци, Трнаник, Хаме и Џепиште.

Личности

Култура и спорт

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.