Татар Елевци
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Татар Елевци (познато и како Турско Елевци или само Елевци) — раселено село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Татар Елевци | |
Куќи во селото | |
Координати 41°31′42″N 20°32′49″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Горен Дебар |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08035 |
Надм. вис. | 1.160 м |
Слава | Спасовден |
Татар Елевци на општинската карта Атарот на Татар Елевци во рамките на општината | |
Татар Елевци на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) во турски документи како Татар Елевци или Татарелевци. Името потекнува од турскиот збор татар со значење „гласник“, додека зборот Елевци се поврзува дека доаѓа од дрвото евла.[2]
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото си го именуваат само како Елевци, додека Македонците од соседните села го именуваат како Град Елевци (поради близината на Дебар) или како Татар Елевци (бидејќи некогаш во него живееле Татари), за да го разликуваат од Елевци во областа Жупа. Во малиот поменик на Раичкиот манастир од 1840 година, селото се наведува како Елевци над град и како Татар Елевци. Во поменикот на Бигорскиот манастир од 1863 година, селото не е споменато под овие имиња, но по селото Рајчица е споменато село Долно Елевци, што најверојатно се однесува за Татар Елевци.[3]
Ова мало село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Дебар, на јужните огранки на планината Дешат, недалеку од самиот град Дебар, на оддалеченост од само три километри.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.160 метри.[4]
Селското подрачје се наоѓа помеѓу подрачјето на Дебар на запад, Кривци на север, Горно Косоврасти и Долно Мелничани (во Долна Река) на исток и Рајчица на југ.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ѓурѓеица, Средни Рид, Симоноски Извори, Слива, Под Вирој, Пашина Ливада, Горна Пашиница, Трајчев Камен, Елешка Пеш(т), Ристев Осој, Јаблашница, На Стол, Алко(а) Чешма, Елешка Краста, Шаткаоица, Ќерамидница, Гробишта, Рупи Водеинци, Белезен, Студенче, Големи Нивје, Вирои, Старци, Корита, Бачилиште, Орли и Зад Кула.[3]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202 од самиот град Дебар.
Селското земјиште на исток е косо, планински, додека кон запад има неколку рамни скалести пасишта. Основата му е варовничка, а има и шкрилци.[3]
Во селото е доведена вода од изворите Крштеинца, Студенчета и Глушеника, кои служат за пиење, напојување на стоката, за домашни потреби и за наводнување. Во селото има чешми Кај Црквана и Кај Чешмуле, а во долниот дел На Пив.[3]
Селото е изградена на осојна страна и е највисоко село во Дебарското Поле. Куќите се збиени, од камења, со мали дворови и тесни и кривулкави сокаци. Куќите се свртени на запад.[3]
Основано е во 1500 г. како Градец, а денес се користат имињата Татар Елевци и Град Елевци.[3]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 287 хектари, на шумите отпаѓаат 108 хектари, а на обработливото земјиште 37 хектари.[4] Населението воглавно се занимава со сточарство и земјоделство.
Главна стопанска гранка со кое се занимавало населението на Рајчица во минатото било ѕидарството.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 52 жители христијани (Македонци).[6]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Татар Елевци имало 155 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татар Елевци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 67, а во 1994 година само 13 жители, и е во фаза на раселување.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Татар Елевци живееле 10 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | 112 | 82 | 86 | 67 | 44 | 39 | 23 | 13 | 10 | 0 |
Татар Елевци е чисто македонско село.[3]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Од ова село има голем број на иселени Македонци, на многу места во Македонија, како и надвор од неа.[3]
Од ова село има иселеници на следните места: Браила (Миновци, 1 к.), Пловдив (Трајчевци, 1 к.), Дебар (Марковци, 2 к.), Скопје (Трајчевци, 1 к.; Петревци, 1 к.; Неделковци, 1 к.; Марковци, 1 к.), Косовска Митровица (Неделковци, 1 к.; Силковци, 1 к.) и Охрид (Марковци, 1 к.).
Кон крајот на XIX век, Татар Елевци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од градот Дебар, во кој влегувале и селата Рајчица и Елевци.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0554 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на средното училиште „28 Ноември“ во Дебар. Во ова избирачко место е опфатен дел од градот Дебар и населените места: Рајчица и Татар Елевци.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.