Селокуќи
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебар From Wikipedia, the free encyclopedia
Селокуќи — село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.
Селокуќи | |
Поглед на издвоеното маало Таранеш, дел од селото Селокуќи | |
Координати 41°32′8″N 20°29′13″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебар |
Област | Горен Дебар |
Население | 16 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08013 |
Надм. вис. | 590 м |
Селокуќи на општинската карта Атарот на Селокуќи во рамките на општината | |
Селокуќи на Ризницата |
Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека Македонците во Дебар и околината селото го нарекувале Селокуќи или Селокуќе. Во преписот на Слепчанскиот поменик од страна на Бигорскиот манастир во 1863 година се наведува како Селокуќи. Пред крајот на XIX век се споменува под името Село Кич, како што го нарекуваат и самите мештани Албанци.[2]
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дебар, недалеку од државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено околу пет километри.[3]
Селото е всушност поделено на три издвоени маала: Шулан (или Шолан; со значење присој), Језолиј (или Језулиј; со значење осој) и Таранеш (или Торонеш). Шулан е составен од две издвоени целини на куќи: источни (малку повисоко) и западни (нешто пониско).[2]
Селото се граничи со селото Спас на север, селата Хаме и Кривци и градот Дебар на исток, селото Коњари на југ и реката Црн Дрим на запад.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Музлагица, Куманица или Команица, Зотковица, Шпела, Фуша Хамес, Кодра Мал Кукс, Кодра е Џимолас, Ара е Али Пустинас, Ара Шазаман Блата, Фуша Коњарес, Киш (некогашна црква), Љуку и Шкозас и Дрим.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202.
Земјиштето околу Селокуќи е зарамнето, а помеѓу неговите делови има долини. Земјата е растресита и плодна.[2]
Низ реката тече Банишка Река и Варошки Поток (или Бушеска Река), како и два помали потоци, кои заедно како една река се вливаат во Црн Дрим. Ги поплавуваат нивите во полето при буични поплави. Во селото има три чешми, но летно време има оскудност во изворска вода. Во селото има и неколку бунари.[2]
Шулан е сместен на почетокот на падот на висорамнината кон југ, на присојна страна, на височина од 560 метри. Језолиј се наоѓа на северната и западната средина на сртот над која се издигнува ново училиште, на осојна страна, на височина од околу 530 метри. Таранеш е по средината на друго брдо кое се издигнува над селската река и Црн Дрим, на осојна страна, на околу 510 метри. Куќите во Шулан се особено збиени, во Језолиј помалку збиени, додека во Таранеш се разредени. Сите се свртени кон падот на земјиштето.[2]
Подрачјето на Селокуќи е населено уште од неолитско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]
По кажување на мештаните и на Македонците надвор од селото, Селокуќи било основано од страна на православни Македонци, кои во него останале до 1860 година. Македонците имале своја црква на местото на денешното основно училиште во делот Језолиј, околу кое има уште траги од гробови.[2]
Не се знае каде заминале основачите на селото, православните Македонци.[2]
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 239 хектари.[3]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 56 жители муслимани (Албанци).[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селокуќи живееле 120 жители, сите Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7]
Селото е средно по големина, коешто во 1961 година имало 497 жители, од кои 485 биле Албанци, а седум жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 608 жители, а во него живеело само албанско население.[3]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Селокуќи, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Селокуќи живееле 104 жители, сите Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, од кои 16 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | — | 413 | 426 | 497 | 593 | 535 | 41 | 608[б 2] | 104 | 16 |
Селокуќи е албанско село, во кое порано имало и Македонци.[2]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Од ова село и православното и муслиманското население се селело.[2]
Од православното население се знае само за Тарашановци, кои околу 1860 година се преселиле во Баниште.
Од муслиманите иселеници има во Дебар (Машкула, 1 к.; Руца, 1 к.), Коњари (Мјештари, 1 к.), Баланци (Франга, 1 к.).
Кон крајот на XIX век, Селокуќи било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Селокуќи, во која влегувале селата Селокуќи и Спас.
Во селото постои избирачкото место бр. 0552 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.