Класичен арапски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класичен арапски или курански арапски јазик — облик на арапскиот јазик кој го наоѓаме во Куранот како и мноштво пишани дела од умајадско и абасидско време (VI до IX век). Денешниот стадарден арапски е современа верзија на пишување и формално говорење (како подготвени говори и радио емисии). Овие јазици се разликуваат минимално во нивната морфологија, но синтаксата и лексиконите им се значително различни, како одраз на влијанијата на современите дијалекти.
Често се смета дека класичниот арапски јазик е мајка на сите варијанти на арапскиот јазик, но скорешните истражувања Клајв Холс (2004), велат дека другите дијалекти постоеле засебно во тоа време и дека тие може да се претходниците на денешните варијанти.
Треба да се напомене дека статијава користи макрони за разликување на долгите согласки од нивните кратки варијанти.