Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класичен арапски или курански арапски јазик — облик на арапскиот јазик кој го наоѓаме во Куранот како и мноштво пишани дела од умајадско и абасидско време (VI до IX век). Денешниот стадарден арапски е современа верзија на пишување и формално говорење (како подготвени говори и радио емисии). Овие јазици се разликуваат минимално во нивната морфологија, но синтаксата и лексиконите им се значително различни, како одраз на влијанијата на современите дијалекти.
Често се смета дека класичниот арапски јазик е мајка на сите варијанти на арапскиот јазик, но скорешните истражувања Клајв Холс (2004), велат дека другите дијалекти постоеле засебно во тоа време и дека тие може да се претходниците на денешните варијанти.
Треба да се напомене дека статијава користи макрони за разликување на долгите согласки од нивните кратки варијанти.
Класичниот арапски јазик се ширел со ширењето на Исламот, станувајќи јазикот на ученоста и верноауката како јазик на Куранот. Неговиот однос со денешните дијалекти е донекаде аналоген на врската помеѓу латинскиот и романските јазици или пак средниот и современиот кинески јазик.
Класичниот арапски е семитски јазик, и затоа дели многу сличности во коњугацијата изговорот со хебрејскиот, акадскиот, арамејскиот и амхарскиот. Неговата коњугација е слична на онаа кај библискиот хебрејски со неговата употреба на самогласки за менување на базична група на согласки. На пример, к-т-б значи пишува, и од оваа група имаме:
Арапскиот јазик има три кратки и три долги самогласки - А, И и У, секоја со различни должини. Оваа таблица го илустрира тоа:
Самогласки | Кратки | Долги | ||
---|---|---|---|---|
Високи | и /i/ | у /u/ | ӣ /iː/ | ȳ /uː/ |
Ниски | а /a/ | ā /aː/ |
Како и современиот, класичниот арапски има 28 согласни фонеми:
Видете Арапска азбука за повеќе за МФА-симболите во графава.
Согласките обично наречени „емфатични“ /tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ/ се или веларизирани [tˠ, dˠ, sˠ, ðˠ] или фарингијализирани [tˁ, dˁ, sˁ, ðˁ].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.