Здењек Штибар (чешки: Zdeněk Štybar; р. 11 декември 1985 ) — чешки професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.[1] Се натпреварувал како велокрос велосипедист, а од 2011 ја продолжил својата кариера во друмскиот велосипедизам, но сепак продолжил да вози на некои велокрос трки.
Штибар на Е3 Харелбеке 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Здењек Штибар | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Штиби | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 11 декември 1985 Плана, Чехословачка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,83 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 68 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Судал Квик-Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | Велокрос и друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2011 2011– | Теленет-Фидеа Квик Степ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 8 ноември 2020 |
Кариера
По последователните втори места во 2008 и 2009, Штибар победил на Светското велокрос првенство на домашен терен. Во 2011 го освоил Светското првенство по вторпат. Во 2012 остварил победа во друмскиот велосипедизам преку етапа на Четири дена Динкерк. Во 2013, Штибар стигнал шести на Париз-Рубе. Бил во можност за победа, додека бил дел од водечкото трио со Сеп Ванмарке и Фабијан Канчелара, кога удрил во гледач, што го забавило во однос на останатите. Се обидел да се врати до двајцата напред, но без никаков успех.[2] Во август истата година, Штибар ја освоил трката Енеко Тур – дел од Светската турнеја на UCI – освојувајќи две етапи на самата трка.[3] Подоцна истиот месец, Штибар ја освоил седмата етапа на Вуелта а Еспања 2013 победувајќи го светскиот првак Филип Жилбер.[4]
Во 2014 година, Штибар го освоил Светското велокрос првенство по третпат во жестока борба со бранителот на титулата Свен Нис.[5]
На Енеко Тур 2014, Штибар ги почувствувал челичните прегради на четвртата етапа близу целта и морал да оди во болница.[6] Ги скршил и ги изгубил неговите предни заби во падот.[7] По неговото враќање се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз дека истите опасни прегради биле користени на Гран при Квебек.[8] Негова прва победа по неговото враќање била Бинше-Шиме-Бинше, каде нападнал на два километри до целта на мало искачување со калдрма откако тргнал по колегата Ники Терпстра на подножјето на искачувањето. Штибар имал време да прослави, доаѓајќи две секунди пред Џон Дегенколб и останатите спринтери.[9]
Во 2015 година, Штибар го освоил италијанскиот класик Страде Бјанке. Исто така имал одлична белгиска класична сезона. Завршил втор на Е3 Харелбеке зад Герајнт Томас.[10] На Трката околу Фландрија, неговите вештачки предни заби скршени во 2014 година му отпаднале при возењето на искачување со калдрма и морал да ги извади. Успеал да заврши на трката на деветтото место.[7] Го освоил второто место на Париз-Рубе, откако бил претекнат од Џон Дегенколб на велодромот во Рубе.[11]
Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[12] Остварил успех на шестата етапа, каде забрзал на кратката, но стрмна нагорнина на неколку стотици метри пред целта. Се одржал пред Петер Саган, поминувајќи ја целта со две секунди предност пред намалената група.[13]
Штибар завршил втор на Страде Бјанке 2016 откако бил претекнат од бегалецот Фабијан Канчелара на целта во Сиена. Следната недела ја освоил втората етапа на Тирено-Адријатико 2016 по доцен соло-напад, за да го преземе водството на трката.[14] Завршил седми на крајот на трката.
Штибар завршил втор зад Грег ван Авермат на Париз-Рубе 2017, во спринтерската петочлена завршница на велодромот во Рубе.[15]
Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[16] Во 2019 година повторно завршил меѓу првите десет на Париз-Рубе, негов шести пласман меѓу првите десет на трката.
Достигнувања
Велокрос
- 2002
- 1. Национални јуниорски велокрос првенства
- 2005
- 1. Национални велокрос првенства под 23 години
- 1. Светски велокрос првенства под 23 години
- 2006
- 1. Национални велокрос првенства под 23 години
- 1. Светски велокрос првенства под 23 години
- 1. ГП Шимано
- 1. Хардервејк
- 1. Ардоије
- 1. Велокрос Рудерворде
- 1. Велокрос Тревизо (под 23 години)
- 1. Велокрос Одерцо
- 2007
- 1. Велокрос Луни
- 1. Велокрос П’лзењ
- 1. Велокрос Калмтут
- 1. Велокрос Одерцо
- 1. Велокрос Подборжани
- 2. Велокрос Рудерворде
- 2. Болекескрос
- 3. Суперпрестиж Дигем
- 2008
- 1. Национални велокрос првенства
- 1. Суперпрестиж Дигем
- 1. Азенкрос
- 2. Вламсе Ардбајенкрос
- 2. ГП Румур
- 2009
- 1. Национални велокрос првенства
- 1. Дуненкрос Коксејде
- 1. Циклокрос Игоре
- 1. Болекескрос
- 1. ГП ван Хаселт
- 2. ГП Свен Нис
- 2. Вламсе Ардбајенкрос
- 2. Суперпрестиж Дигем
- 3. Велокрос Рудерворде
- 3. Велокрос Гавере
- 3. Велокрос Намур
- 3. ГП Румур
- 3. Азенкрос
- 2010
- 1. Светско велокрос првенство
- 1. Краен пласман Светски куп UCI
- 1. Национално велокрос првенство
- 1. Краен пласман Суперпрестиж
- 1. Велокрос ГП Лил Метропол
- 1. Циклофил Егл
- 1. Велокрос П’лзењ
- 1. Велокрос Рудерворде
- 1. Велокрос Намур
- 1. Велокрос Зонховен (октомври)
- 2. ГП Свен Нис
- 2. Краватенкрос
- 2. Слутингспрејс Остмале
- 2. Велокрос Зонховен (февруари)
- 2. Велокрос Ворселар
- 2. ГП ван Хаселт
- 2. Азенкрос
- 3. Суперпрестиж Дигем
- 2011
- 1. Светско велокрос првенство
- 1. Национално велокрос првенство
- 1. Болекескрос
- 2. ГП Свен Нис
- 2. Краватенкрос
- 2. Слутингспрејс Остмале
- 2. Супер Трофеј Крос Ронсе
- 2. ГП ван Хаселт
- 2. Азенкрос
- 3. Велокрос Гавер
- 3. Велокрос Копенберг
- 2012
- 1. Национално велокрос првенство
- 1. Велокрос Љевин
- 1. Нордзекрос
- 2. Краватенкрос
- 2. Слутингспрејс Остмале
- 2. Азенкрос
- 3. Суперпрестиж Дигем
- 2013
- 1. Национално велокрос првенство
- 1. Верслујс Велокрос Бредене
- 2. ГП Свен Нис
- 3. ГП Ерик де Влеминк
- 2014
- 1. Светско велокрос првенство
друмски
- 2006
- 1. Етапа 6 Волта Сиклиста Интернасионал а Љеида
- 1. Етапа 3 Тур де Пиринеи
- 2012
- 1. Етапа 3 Трка околу Полска
- 2. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 4
- 2013
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 6. Париз-Рубе
- 2014
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Етапа 2 Енеко Тур
- 1. Бинше-Шиме-Бинше
- 3. Национално хронометарско првенство
- 5. Париз-Рубе
- 7. Милано-Санремо
- 10. Класика де Сан Себастијан
- 2015
- 1. Страде Бјанке
- 1. Етапа 6 Тур де Франс
- 2. Е3 Харелбеке
- 2. Париз-Рубе
- 3. Вуелта а Мурсија
- 3. Краен пласман Велосипедска трка Чешка
- 5. Краен пласман Трка околу Британија
- 7. Омлоп Хет Ниусблад
- 9. Трка околу Фландрија
- 2016
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Страде Бјанке
- 2. Бинше-Шиме-Бинше
- 3. Трофео Поленка-Порт де Андрат
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 2
- 7. Краен пласман Енеко Тур
- 8. Трка околу Фландрија
- 8. Џиро дел Пиемонте
- 2017
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Париз-Рубе
- 4. Страде Бјанке
- 9. Курне-Брисел-Курне
- 2018
- 1. Бодовен пласман БинкБенк Тур
- 6. Класик Бретања
- 6. ГП Квебек
- 6. Дварс дор Вландерен
- 7. Страде Бјанке
- 8. Гент-Вевелгем
- 9. Париз-Рубе
- 9. Е3 Харелбеке
- 10. Трка околу Фландрија
- 2019
- 1. Е3 БинкБенк Класик
- 1. Омлоп Хет Ниусблад
- 4. Страде Бјанке
- 6. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5
- 8. Париз-Рубе
- 2020
- 1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан
- 2. Национално друмско првенство
- 6. Страде Бјанке
Распоред на резултатите на класиците
Монумент | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 66 | 7 | 56 | 142 | — | — | 67 | 19 |
Трка околу Фландрија | — | 36 | 18 | 9 | 8 | 67 | 10 | 36 | |
Париз-Рубе | — | 6 | 5 | 2 | 110 | 2 | 9 | 8 | НСО |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | СО | — | — | — | — | — |
Класична трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
Омлоп Хет Ниусблад | — | 92 | 29 | 7 | — | 14 | 20 | 1 | 36 |
Страде Бјанке | — | — | — | 1 | 2 | 4 | 7 | 4 | 6 |
Е3 Харелбеке | — | 40 | 19 | 2 | — | 53 | 9 | 1 | НСО |
Гент-Вевелгем | — | 57 | 20 | 38 | — | 52 | 8 | 35 | |
Класика де Сан Себастијан | 45 | — | 10 | 38 | 28 | 26 | — | — | НСО |
Париз-Тур | 10 | — | — | — | 71 | 71 | — | — |
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не настапил
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.