![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5b/Eris_and_dysnomia2.jpg/640px-Eris_and_dysnomia2.jpg&w=640&q=50)
Ерида (џуџеста планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерида (136199 Ерида, симбол: )[16] — најмасивната и втора по големина џуџеста планета[а 7] во Сончевиот Систем. Станува збор за деветтото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.[а 7] Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км.[8] Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина.[17] Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.[10][18]
![]() | |||||||||
Откривање | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Откривач |
| ||||||||
Откриено | 5 јануари 2005 година[2][а 1] | ||||||||
Ознаки | |||||||||
ЦМП-ознака | 136199 Ерида | ||||||||
Изговор | [а 2] | ||||||||
Наречена по | Ерида | ||||||||
2003 UB313[5] | |||||||||
| |||||||||
Орбитални особености[5] | |||||||||
Епоха 9 декември 2014 (ЈД 2.457.000,5) | |||||||||
Афел |
| ||||||||
Перихел |
| ||||||||
| |||||||||
Занесеност | 0,44068 | ||||||||
| |||||||||
Просечна орбитална брзина | 3,4338 км/с | ||||||||
204,16 ° | |||||||||
Наклон | 44,0445 ° | ||||||||
35,9531 ° | |||||||||
150,977 ° | |||||||||
Познати сателити | Дисномија | ||||||||
Физички особености | |||||||||
Среден полупречник | 1.163 ± 6 км[8][9] | ||||||||
(1,70 ± 0,02)⋅107 км2[а 3] | |||||||||
Зафатнина | (6,59 ± 0,10)⋅109 км3[а 3] | ||||||||
Маса |
| ||||||||
Средна густина | 2,52 ± 0,07 г/см3[а 4] | ||||||||
0,82 ± 0,02 м/с2 0,083 ± 0,002 g[а 5] | |||||||||
4.364±0.01 км/с[а 5] | |||||||||
Ѕвезден вртежен период | 25,9 ± 0,5 ч[11] | ||||||||
Албедо | 0,96+0,09 −0,04[8] | ||||||||
| |||||||||
Спектрален тип | B−V=0,78, V−R=0,45[12] | ||||||||
18,7[13] | |||||||||
−1,17+0,06 −0,11 [а 6] | |||||||||
40 милиарксек[15] |
Ерида била откриена во 2005 година од страна на екипата во Паломарската опсерваторија, под водство на Мајк Браун, и нејзиното откривање било потврдено подоцна истата година. Станува збор за заднептунско тело со големо занесување познати како припадници на Расеаниот Диск. Има една позната месечина, Дисномија. Од 2014 година е на растојание од 96,4 ае од Сонцето,[13] приближно околу трипати подалеку од Плутон. Со исклучокот на некои комети, Ерида и Дисномија се моментално вторите најдалечно познати природни тела во Сончевиот Систем (по откривањето на V774104 во ноември 2015 година, тело на растојание од 103 ае.[19]).[20][а 8]
Бидејќи Ерида одпрвин изгледала поголема од Плутон, НАСА првично ја опишала како десеттата планета во Сончевиот Систем. Ова, како и шансите за откривање на други тела со слична големина, предизвикале Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) за првпат да го дефинира поимот планета. Па така според дефиницијата на МАС донесена на 24 август 2006 година, Ерида е „џуџеста планета“, заедно со телата како што се Плутон, Церера, Хаумеја и Макемаке,[23] со што се намалил бројот на 8 познати планети во Сонечвиот систем, истиот број пред откривањето на Плутон во 1930 година. Набљудувањата на ѕвездените прикривања на Ерида во 2010 година дале резултат дека пречникот изнесува 2326±12 км, сличен на Плутон.[24][25] Откако вселенското летало Нови Хоризонти го измери пречникот на Плутон во јули 2015 година и истиот изнесувал 2372±4 км. па се утврдило дека Ерида има малку помал пречник од Плутон.[26]