Хабл (вселенски телескоп)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Хабл“ (англиски: Hubble Space Telescope, HST) — вселенски телескоп пренесен во орбитата со спејс-шатл во 1990 година.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Вселенскиот телескоп „Хабл“ - поглед од леталото за поправка и одржување на мисијата STS-125 | |
Општи податоци | |
---|---|
NSSDC ID | 1990-037B |
Организација | НАСА / ЕСА / STScI |
Лансиран | 24 април 1990, 08:33:51 ч. EDT[1] |
Носечка ракета | шатлот „Дискавери“ (STS-31) |
Траење на мисијата | изминале 34 години, 2 месеци и 8 дена |
Деорбитиран | ~2013–2021[2][3] |
Маса | 11.110 кг |
Вид на орбита | речиси кружна нискоземска |
Орбитална висина | 559 км |
Орбитален период | 96–97 минути (14-15 периоди дневно) |
Орбитална брзина | 7500 м/с |
Гравит. забрзување | 8,169 м/с2 |
Место | нискоземска орбита |
Вид | Ричи-Кретијенов рефлектор |
Бранова должина | оптичка, ултравиолетова, речиси-инфрацрвена |
Пречник | 2,4 м |
Површ. на прибирање | 4,5 м2[4] |
Жаришно растојание | 57,6 м |
Инструменти | |
NICMOS | инфрацрвена камера/спектрометар |
ACS | камера за оптички испитувања (делумно расипана) |
WFC3 | широаголна камера |
COS | ултравиолетов спектрограф |
STIS | оптички спектрометар/камера |
FGS | три сетилници за фино водство |
Мреж. место | hubble.nasa.gov hubblesite.org www.spacetelescope.org |
Иако не е прв вселенски телескоп, Хабл е еден од најголемите и со најразновидна намена, a е добро познат и како значајна алатка за истражување, и како благодат за популарноста на астрономијата.
ВТХ е изграден од вселенската агенција НАСА од Соединетите Американски Држави, со помош од Европската вселенска агенција, а е управуван од Научниот институт за вселсенски телескопи. Именуван е по астрономот Едвин Хабл. ВТХ е една од “Големите опсерватории“ на НАСА, заедно со Комптоновата опсерваторијата на гама-зраци ( Compton Gamma Ray Observatory), Чандровта опсерваторија на Х-зраци (Chandra X-ray Observatory) и вселенскиот телескоп Спицер (Spitzer Space Telescope).
Вселенски телескопи се предложуваа дури и во 1923 година. Хабл беше финансиран во 70-тите години на 20. век, и беше предвидено да биде лансиран во 1983 година, но проектот беше попречен од технички одложувања, проблеми со буџетот и несреќата на „Челинџер“. Кога конечно беше лансиран во 1990 година, научниците открија дека главното огледало е неправилно избрусено, што сериозно ги компромитираше способностите на телескопот. Сепак, по мисијата за сервисирање во 1993 година, предвидениот квалитет на телескопот беше постигнат. Орбитирањето на Хабл надвор од изобличувањата на Земјината атмосфера му овозможува да прави остри слики без скоро никаква светлина во позадина. На пример, хабловата сликата на ултра длабоко поле, е најдеталната слика со видлива светлина што е некогаш направена на најоддалечените објекти во универзумот. Многу од набљудувањата на Хабл доведоа до откритија во астрофизиката, како што е прецизното одредување на степенот на ширење на универзумот.
Хабл е единствениот телескоп конструиран да биде сервисиран во вселената од астронаути. Од 1993 до 2002 година беа изведени четири мисии за сервисирање, а петтата беше откажана од сигурносни причини по несреќата со спејс-шатлот Колумбија. Сепак, по жолчните јавни дискусии, раководителот на НАСА, Мајк Грифин ја одобри и последната мисија за сервисирање извршена во 2009 година. Сега се очекува телескопот да работи најмалку до 2014 година, кога треба да биде пуштен неговиот научен следбеник, вселенскиот телескоп Џејмс Веб (James Webb Space Telescope).